Нови програмски содржини на Сител, сезона 2012/2013 Ништо ново - истите турски глупости како и лани. Единствено што ви вреди е емисијата на Доктор Оз и Беверли Хилс. Јас се селам на МТВ - оваа есен има да растурат со сериите!
ауууу леле АСИ ќе ја дадат со МУРАТ И ТУБА лелеее супер барем сител знае да одбере серија и ангели 4 сезона супер
Нема врска телевизијава. Се турско и индиско, а од ова новов има две три добри серии . Како што имаат пишано над мене Сител Тв посеизгледа немаат поим што е тоа игран филм(освен едни исти филмови кои ги вртат откако постои телевизијата). Инаку и јас оваа есен се селам на МТВ
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... feqy4tSEso Има интересни нови серии, повеќето се американски
Фала Богу им текна на Сител нешто друго освен турски серии да пуштат. Грев њене маме, Ангели, Борџии, Беверли Хилс а + и ЦСИ, Госип Грл, Бинг Бенг тиори на МТВ, ќе има што да се гледа есенва.
Општи прашања Дали годинава Сител ќе имаат за нова година збир од сите фејлови ко и секоја година?! Ми се гледаат реални вести,конечно!
Лилитке те молам ради здравје избриши ја сител од листата програми шо ти се појавува на далечинскиот управител образложение:ке помислиш дека живееш во бајковито-идилична земја на чудата,посебно ако латас и госпоџицата без сако водат вести така насмеани,чиниш да погледнеш низ прозор балони ке летаат во воздухот..ама не,ке те удри посурово очајно и гневно општество.. а за гафовиве сигурно ке ги има+гратис и од Саркози може да не почастат!
Г-дин Латас, човек со 28год новинарско искуство Спикер на вести од друга страна, значи читач на информации кои ги прибрал новинарот. Ете така...ако сакаш своеволно да си изјаснуваш лични мислења за општествените и политички појави и настани, имаш блог, колумна, лични дневници, твитери и слични работи кои ќе ти овозможат да се произјаснеш без да влијаеш на ударни вести на сите мали и големи мозоци кои може случајно да те слушнат додека чекаат да им почне турската серија. Цитат од неговата фан страна на фб Се прашувам, дали овие такозвани новинари навистина веруваат во тоа што го зборуваат и пишуваат, или пак себично, без совест, се грабаат за парите кои им се нудат, без да размислат за штетата која ја прават на поголемо ниво.
Tв EDO (босанската у Mк) е поим За Cител Mоже рекламите им се уште со лепа брена и изодент, што е едно 20 години стара Jа памтам од бебе, ама затоа филмовите од пред некоја година! . Cител гомна да јадат, со нивните филмчиња од пред 20 години, колку да се замачка окце, ја филмови даваме
Сител ми е ептен селска телевизија што ни на крај памет не би седнала да ја гледам. Единствено знам да ја пуштам кога сум на планина, бидејќи таму антената освен Сител фаќа само МТВ1 и МТВ2. Турски и индиски серии не гледам, а и ретко пуштаат добри играни филмови што не се постари од мене. Да не почнам да зборам за оние крајно дебилни емисии од типот на Крвта не е вода, Брачен судија, Менувам жена, па и Се или нешто ја ставам во оваа категорија. Ѕинго сам си прави програма што сака да гледа. Ова е случка за која разбрав од сигурни извори - имено, кога се емитуваше последната М2 Потрага по ѕвезда, една од емисиите ја скратиле до пола и пола од натпреварувачите кои влегле во следниот круг (и за кои требало да се гласа) не ги ни пуштиле. Седнал Ѕинго пред телевизор, не му се бендисувало тоа што го пуштиле и се јавил во Сител да ја прекинат емисијата и да му пуштат таму не знам ти што. Друга случка за која јас сум сведок - минатата сабота бев на планина, и на Сител навечер гледаме некој кинески филм со дечко ми. На сред филм пуштија реклами и оп! - после рекламите, почнува сосема друг филм. Овој претходниов што го гледавме, не го догледавме. Па се зезаме и му викам на дечко ми: Сигурно Ѕинго се јавил во Сител и почнал да урла Што е ова кинески филм хан чунг џан, пуштете ми друго! Едит: Јас не знам како заборавив да ги споменам нивните крајно објективни вести... Кога го гледам Латас како презентер, си викам: Ова се вести или Латас шоу? Прикаски си раскажува. Просто мислиш дека државава ни цвета.
Порано го гледав често, ама барем имаше што да се гледа. Сега само индиски и турси серии, едино на сабота нешто да пуштат интересно. Вејќе нема добра македонска програма, се е срање.
Најавите им се катасторфа. Од натпевар прават поезија и уметност и што ти ја знам. И она колку ме нервира сега Карадај карадај карадај карадај. Мора да има ехо, мисиш ќе се шокираат луѓето со ехото. И кога почнаа да викаат актери од Аси, од Езел, од 1001 ноќ, музика од кирач, па спомнуваа Фатмаѓул, ја збркаа баба ми, вика Каква е таа серија од 5 серии составена? Многу се театрални што мислам дека веќе ќе почнат да викаат Наскоро!!!! Она кое долго го чекавте, она кое долго го очекувавте, Реклами, реклами, реклами...... Ужасно!
Mу благодарам на бога, уште ми е нормален паметов- ТВ Сител е во редот на најмизерни тв канали што некогаш постоеле во историјата, заедно со Kанал 5 рака под рака и право во море да се удават хеххех шала на стана, ова што се пласира од страна на ТВ Сител неможе да е поразлично од следниов редослед-реприза туска серија- вести-реклами-индиска серија-турска серија реприза-реклами од типот на Zаев неможе да му се верува, едно време беше бранко бранко бранко бранко бранко бранко , заев заев заев-дневник во 16 часот-реклами-индиска серија Aрчана -реклами - Mалата невеста- реклами-се или нешто-реклами-вести и до 23 часот турски серии без престан и нормално реклами- вести-реклми-понекогаш некој филм од 1951- реприза од турски серии-реклми и истиот редослед и наредниот ден.........е сега прашањето е дали ова наликува на нешто нормално????? ми се згади кога и да пуштам тв секогаш слушам заеввввввввввв, сдсм, меѓусебни препукувања партиски презентирани од латасоидов, ивончето, славица, репризи од турко-индиски филмови, реклами, репризи се даваат дури од филмови кои веке еднаш биле емитувани- хехех демек по барање на гледачите пак реприза......на ништо не наликува освен на партиски обоена телевизија и вечна реклма на турциве и индициве. ужас невиден е ретко кој може вакво нешто да гледа, оваа телевизија едно исто пласира веќе долги години-ништо ново.
Нели порано Бекстејџ одеше на Сител,сега гладам го даваат на МТВ1....да не знае некој што е работа???
Патот за Аби бре. Ко патот за Авонли. Глупости. Убаво што ќе ги даваат и Аби и Борџии, ама синхронизирани ќе бидат?