1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Таан

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од April87, 9 ноември 2012.

  1. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Подобрето го вашето здравје, јадете Таан
    Таанот, е направен од сусам, и нуди многу здравствени придобивки, вклучувајќи здрави макронутриенти и голема разновидност на витамини и минерали.

    Калории
    Една суп. лажица таан, додава 89 калории во вашиот оброк. Иако таано може да се консумира чисто без ништо, тој обично се комбинира со мед (медотаан), или како додаток во вашите шејкови (блендана храна).

    Јаглехидрати и протеини
    Една суп. Лажица таан содржи 3,2 g на јаглехидрати и 2,6 g на протеини. Овие мали количини ја дополнуваат вашата исхрана, но не придонесуваат во голема мера за вашата дневна потреба. Потребно е дневно да се консумираат 225-325 гр јаглехидрати и 50-175 g протеини секој ден за снабдување на вашиот организам со енергија.

    Масти и масни киселини
    Една суп. лажица таан содржи 7,9 g на масти, а само 1,1 g од овие масти се заситени (лошиот тип на масти). Ограничете го внесот на масти на 20 до 35 проценти од вкупните дневни потреби. Таанот е извор на здрави масни киселини, кои содржат 60,1 mg на омега-3 масни киселини и 3,421 mg на омега-6 масни киселини. Вашиот организам не ги произведува овие масни киселини, кои се корисни за вашиот мозок и вашето срце.

    Тиамин
    Консумирајте таан за да го зголемите внесот на тиамин. Тиамин во таанот влијае на вашиот нервен систем, мускулите и варењето на храната. Може да бидете изложени на ризик од недостаток на тиамин кога ќе поминете низ откажување од алкохол, па дополнувањето на вашата исхрана со таан може превентивн ода ве варди од компликации на срцето и гастроинтестинални проблеми.

    Фосфор
    Таанот обезбедува 12 отсто од дневните потреби на фосфорот. Овој минерал од е од голема важност за силата на вашите коски и заби. Исто така, одлично го отстранува отпадот од бубрезите. Зголемувањето на вашата доза на фосфор со јадење таан е добар избор.

    Бакар
    Потребна ви е само мала количина на бакар во вашата секојдневна исхрана, а таанот може да ви помогне да ги задоволат тие потреби за исхрана. Овој минерал помага да се задржат вашите крвни садови и коските здрави. Исто така, помага при произведувањето на црвени крвни зрнца, што влијае на количината на енергија што ви е потребна за вашите секојдневни активности.

    Јас го обожавам помешан со мед, а откако дознав колку бил корисен,... мераци. :)
     
  2. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Обожавам таан,секој ден го конзумирам...со мед,но понекогаш и со шеќер,многу е убаво :) :inlove:
     
  3. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.255
    Допаѓања:
    124.735
    Јас си го јадам исмешан со мед превкусен е и доста корисен.
     
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Го јадам зимно време..сега летото не... но го мешам со мед...баба ми и дедо ми (од страната на мајка ми )се пчелари..па секогаш сум ги јадела тие работи..
     
  5. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Јас јадам ама ретко конзумирам тоа :)
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала таан.
     
  7. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Јас не сум пробала таан,но би сакала да пробам!Верувам дека ќе ми се допадне многу бидејќи јас сум по благите работи и секогаш сакам да пробам нешто ново и вкусно! :) ;) :* :inlove:
     
  8. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Обожавам таан, го мешаме со мед во тегло 50/50 и секое сабајле си јадам по некоа лажичка :)
     
  9. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Исто и јас
     
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    никогаш во животов нема веке таан да пробам
     
  11. tofi

    tofi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    13
    Сум пробала таан ама не ми се допаѓа :lol:
     
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Сум јадела таан и ми се допаѓа.
     
  13. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Не ми се допаѓа, иако нон стоп имаме во фрижидер.
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Таан + мед на црно лепче потпечено = <3
     
    На TravellerS му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Значи обожавам таан, најубав е со мед мх мх прсти да лижиш ^^ :inlove:
     
  16. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    мене танот ме спаси од бронхопнеумонија ни системи ни апчиња ни сирупи ништо не ми помагаше...само таан со мед и ореви сецкани помешано... :D
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Има обичен таан со сива боја и интегрален таан кој е со кафеава боја и нешто е поскап. И двата ги јадеме прелеани врз варена брокула или карфиол натопени во сос од соја.

    Таанот е составен дел на намазот „хумус„ (арапско потекло). Може да се употреби и како додаток во домашен намаз од кикирики - ситно мелени кикирики им се додава таан, ладно цедено масло и малку мед.

    Доколку имате алергија на сусам не би требало да се употребува, бидејќи таанот е всушност крем од мелен сусам.
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден пробав таан и никогаш повеќе. Ич не ми е вкусен.
     
  19. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Чекај каков беше вкусот???
     
  20. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Таанот помешан со мед е ист по вкус како таан алва (па оттука и името). :)
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.