Филмот излезе овој halloween и сега гледам го има и по страните за гледање филмови со превод се вика ouija кај нас познато како табла за повикување духови, хорор филм, го немам јас лично гледано, ако го имате ајде препораки чекам )) Повелете трejлер
Јас го гледав вчера. Не е многу страшен, т.е. не е воопшто. Има некои језиви сцени, другарка ми се сецкаше малку, јас не. Не е тоа тоа да те извади од памет па да неможеш да заспиеш цела вечер. Приказната е добра, мене малку крајот не ми се допадна, некако на брзинка се заврши. Актерската екипа не ми се допадна, некако многу ладни ми беа, не ги покажаа баш тие емоции што треба да се покажат при такви сцени. Да не ти откривам многу детали, зашто ако кажам нешто ќе го сфатиш цел филм одма, се на се ок е, лабав, не е нешто посебно страшен, гледај го, ќе утепаш саат ипол. Немам некој посебен впечаток за филмов, добар е за коа незнаеш што да гледаш.
Јас го изгледав, и му давам 7.5/10. Онака лесен хорор, напнат на некои делови.Интересен и непредвидлив. Добар за тепање саат и половина.
Го гледав пред неколку месеци и тогаш ми беше премногу страшен бидејќи го немав гледано The Conjuring. Интересен е, ама не е многу страшен. Овој филм го препорачувам на оние кои не сакаат многу страшни филмови.