Научив да играм минатото лето и оттогаш се заразив.Играм постојано со друштво или на интернет и морам да признаам доста се усовршив Колку од вас знаат да играат, колку добри играчи сте?
Еве еден верен играч на табла Веќе 2 години со ред немам престанато да играм. Колку игри знаеш? Јас знам 3 да играм а мислам дека вкупно се 15
И јас два прсти кревам, на додипломски стаж ми течеше за табла. Сите цимерки нон стоп игравме. Еден тон кафиња, еден тон цигари, чоколади, сокофи расфрлано и таблата насредина! И се чекавме кој ке изгуби за следен да игра. Најмногу ја игравме втората (џупската си ја викавме), и си влегувавме на среќа кој ке победи, а знам сите да ги играм. Исто и третата ми е интересна, а првата веќе досадна. Ех времиња... А во последно време ич ми нема текнато на табла, ама со кеф би изиграла.
првата е досадна, втората не ја сакам оти секогаш водам од прво и после на крајот тој што ќе фрли дупли 1 (кецој) или 2 (двојки) ме победува и се нервирам, а третата ми е најинтересна и мислам сака малку мислење, макар што кога ќе ги научиш покретите не треба мислење, само голема улога игра среќата сепак е коцка
Се јавува уште еден страсен табло играч.. Првпат се сретнав со таблата кога бев некаде 3-4 одд. кога татко ми играше со вујко ми и некогаш ми даваше да ги фрлам зарчињата за среќа..што да кажам ...жива среќна, детска радост Уште тогаш почнував да покажувам интерес, ептен ми беа занимливи зборчињата како дубеш, шеш -беш, капија... Кога завршив седмо одд. за време на летниот распуст му реков на татко ми дека сакам да ме научи да играм табла...Беше видно пријатно изненеден ...се сеќавам со колкава љубов и трпение ме учеше..прво првата, па вежбање...па втората, па пак вежбање и на крај третата. Спојлер Те сакам тато Најинтересна ми е втората-циганската, така ја викавме и да се пофалам секогаш на неа се вадев и тепаав- дупли кецови фрлав баш кога ми требаа ...и другарите нон стоп ме зезаа-ми викаа -еве ја г`злава пак ќе фрли дупли Третата не ја сакам, скоро секогаш ми се случувало уште на старт да ме фатат во куќа и до крај да не ме пуштат.. Ептен добри спомени си имаам со таблата и нејзината дружба... Се случувало да излеземе, да не ни биде интересно и да дојдеме кај мене дома и да играме табла...летно време на тераса сме играле до 4-5 ч сабајле, што се вика не разденувало, а сме немале абер да престанеме. Исто во средно, една другарка имаше мини табла со малечки пулови...игравме под клупа да не не видат професорите. Единствено мм не сака да игра со мене, многу сум го крадела А кога бевме дечко и девојка скоро секогаш го тепав и викаше -ти попуштам да не се лутиш, инаку појма немаш...како не бе..он на мене појма неам, а најдобра бев во маало Најинтересен момент...кога знаеш дека крадеш, а се правиш демек си згрешил со броење или пак демек си се збунил со претходната партија
Е сега знам што ќе правиме во парк. Ма какви Дај царе војску, ТАБЛА ќе играме! Би ја прогласила за народно богатство на Македонија. Како и шахот и жена парк. Многу си ја сакам играва, само ретко кога наоѓам друштво за играње Се јас морам да ги терам. Ги давам стално - абе, табла нешо а? А најубаво ми е во чаршија, еве сега повторно во летните месеци, си кулираш во скопската, жешка, летна ноќ, пиеш винце и маваш табла со друштвото. Топови!
И јас знам да играм по малку и тоа скоро се научив. А се научив така што ми беше досадно кога дечко ми играше на ФБ и го натерав и мене да ме научи. Го знам само тој начин од играта на Фб што е ако некој знае која е нека ме извести (дали прва,втора поима немам) јас си мислев само овој начин е Не сум многу искусна ама имам среќичка
Кревам две прстиња и јас 3те ги играм, ама се си мислев само три дека постојат а не 15, смотана сум значи
Јас ги знам само првите две, а прв пат слушам дека имало 15 Никој не ме учи третата, досадна била, долго се играла бла-бла... И јас тешко наоѓам кандидати за играње, со дечко ми само редовно играм
Јас мислам дека има 15 така имам слушнато ама не знам точно. Ана-банана таа на фб е првата игра. ама не е интересно на компјутер коцките како што сакаат се вртат друго е во зиво кога ќе ги фрлиш коцките среќата да ти се види сепак е игра на среќа (добро треба и знаење) ама среќата е на прво место
Играм табла веќе неколку години, знам да ги играм првите три. Сепак не сум некој страстен играч, ама признавам интересно е и заразно.
Ја обожавам таблата...Не се фалам ама навистина нема кој да ме победи. И сега да си признаам имам малку среќа.
Ооооооооооо табло љубов моја.... Сум учествувала во турнир на табла неколку години по ред во конкуренција со мажи, и најголем успех ми се поминувања на тројца, немам стасано до полуфинале сеуште. Знам да ги играм сите три. Махер сум. А да организираме Фемина турнир во табла? Инаку, школото ми е од дедо ми и татко ми, од кога знам за нив играат табла. И нормално, дедо ми секогаш му "попушта" на татко ми . Кој губи има право да се лути. И мм знае да игра, ама не е толку уигран како јас што сум. Се знам на памет. И на мобилниот си имам инсталирано таква игра пред спиење една партија обавезно си праам. Секоја вечер. Ко секс ми доаѓа Едит:Најјак филинг кога победив еден крупен, мускулест маж, да не речам мажиште Се потеше, се препоти од мене 1:1 беше резултатот, на крај успеав последната да му ја земам со 5:3 и така го победив со 2:1
Нема проблем за турнир, јас сум секогаш расположена. Само да се најде кандидат да ме научи да ја играм третата, сите ме откачуваат дека била долга Првата и втората ги играм стварно многу добро, победувам постари што со години играат и се одлични Јас ја немам како игра на мобилен, ама затоа на компјутер надокнадувам, како одмор ми е меѓу учење
И јас научив мунатот лето еве уште малце годишнина ќе си правиме Премногу е заразно ...имав јас дома табла и онака ми стоеше ама кога научиииввв ооо ги метам сите Ги знам првите три и барам доброволец да ме научи на другите 6 , ама првата и втората најинтересни ( ау па кога ќе ти се паднат дупли кецови во втората Love that feeling )
Првата ја знам само и се убивам од играње! Ги знаев и втората и третата ама ми се заборавени А ги има 9? Ај некој линк нека прати со инструкции да ги научам или дај напишете ги како се викаат сите па да барам инструкции сама