Здраво на сите. За сите љубители на здравата храна сакам да им соопштам дека од денес може да си нарачате ЖИВА СПИРУЛИНА. Спирулината се одгледува во Македонија на сопствени фарми според Руски стандарди со гарантиран квалитет. За повеке информации посетете го web / facebook сајтот https://www.facebook.com/pages/Fresh-Spirulina/403473586526987 или http://spirulinafresh.wix.com/spirulina. МОМЕНТАЛНО се во изработка и не ги содржат сите информации но се надевам ке ве информираат доволно за сега. За повеке информации пратете ни mail или контактирајте не на телефон.
Јас го пијам третото пакување, секогаш го мешам со свежо цеден сок од портокал, додавам блендирана јаболка,морков, цвекло и банана. Тоа ми е доручек. Имам ослабнато две кила од како почнав да ја пијам. Исто така почнав со секојдневно пешачење, 30 мин до 1 час. Почнав да користам скали во зградата наместо одење со лифт. Види го прикачениот фајл 216120 Види го прикачениот фајл 216120 Види го прикачениот фајл 216121 Види го прикачениот фајл 216120 Види го прикачениот фајл 216121 Види го прикачениот фајл 216120 Види го прикачениот фајл 216121 Моја препорака за сите вас кои сакате да ја консумирате е да ја набавувате од продавници кои содрзат исклучиво Здрава Органска Храна.Треба да пишува дека не содржи ГМО. Поради благотворноста на оваа алга се случува да биде злоупотребена од различни неовластени производители и завршува на маркетот. Инаку се одгледува во посебни специализирани услови. При изборот на спирулина, изберете ја онаа што е од органско потекло и генетски немодифицирана, за да се осигурате дека она што го внесувате е вистинската супер-хранлива состојка. Можете да ја најдете во БИОкулт, во пакување од 125гр по цена од 440ден. Информативно за спирулината: Спирулината е најздравата позната состојка, и се користи низ целиот свет поради нејзините хранливи и лековити својства. Спирулината е едноклеточна сино-зелена алга која живее во слатководни средини, вклучувајќи бари, езера и реки. Оваа микроскопска форма на живот е исклучително лесно сварлива, што овозможува сите нејзини хранливи состојки лесно да се апсорбираат во нашето тело. Сето ова резултира со едноставно неверојатен износ на концентрирана хранливост во секој нејзин грам. Спирулината е една од најдобрите состојки за детоксикација на организмот, вклучувајќи и прочистување од труење со тешки метали, жива, лекови и хемиски загадувачи. Многу честа појава кај луѓето кои што ја конзумираат е наглиот пораст на енергија и виталност. Одлична е за анемија, булимија, проблеми со варењето, подобрување на апсорпцијата на нутриенти во телото, и подобрување на имунитетот преку моќната антивирусна функција. Спирулината содржи над 65% комплетни протеини (300% повеќе од рибата, месото или живината, и е без холестерол). “Комплетен протеин“ значи дека ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини кои што му се потребни на нашето тело за да напредува. Овие протеини се поконцентрирани и посварливи од било кои протеини од животинско потекло. Таа е исто така богата со многу хлорофил, железо (околу 58 пати повеќе од спанаќот), калциум, магнезиум, калим, цинк, антиоксиданти, витамин Ц, витамин Д, витамин Е, сите Б витамини(вклучувајќи го и Б12 кој скоро никогаш не се наоѓа во растенија), бета-каротен и есенцијални масни киселини (омега 3, 6 и 9). Содржи и десетина други не-есенцијални аминокиселини, нуклеински киселини и липиди, кои играат важна улога за добрата здравствена состојба.
Дали ефектот е ист ако Спирулината ја конзумираш како таблети или во прав? и споделете искуство што мислите дека е подобро?
Ефектот е ист, зависи како можеш да ја поднесеш. Има карактеристична миризба впрочем нели е морска алга, мене лично таа миризба ме потсеќа на храна за риби хахаха Во консултации со доктор ја пијам за зајакнување на имунитет, веќе 2-3 ја конзумирам. Дека имам ослабено не, само имам зголемено 1-2кг, а пазам на исхраната се хранам колку што помжам поздаво и спортувам (е не е чудно и јас да сум искучок во врска со слабеејнето ).
Спирулината е пред се за зајакнување на имунитетот. Јас ја препорачувам спирулина пацифика од Тримекс. Препорачаната доза е 6 таблети дневно (3х2)
Зошто не пробаш со липовон. Ова е многу добар производ! За остануваат скоро исти од 4 недели јас успеав да изгубам 7 килограми. Многу добар резултат за мене!
Видов дека спирулината на Сан Себастиан е на попуст, и сакав да ја земам ама прочитав доста лоши коментари на темава за неа. Може да ми препорачате некоја друга, ама да не биде прескапа? Можеби @Biodevojka ? Да напоменам, не ми е за слабеење, туку општо за подобрување на имунитетот и изгледот на кожата.
Не се трујте, бе луѓе... Само ќе си ги дадете парите и најлошо од се, ќе си го повредите организмот. Црн дроб, бубрези, треба да ги преработат тие биокатализатори... Само водење на здрав живот, спорт, здрава исхрана, љубов, немање стрес и најбитно од се, безразлика на се - разбирање, прифаќање и сакање на самиот себе, онаков каков што си.
Драга ако не се лажам во биокосмос има една спирулина на грамажа ја продаваат во прав и во биокулт исто така имаше една сшакувана во ќеса од 250 гр. горе долу. Провери таму. Поздрав
Морам да прашам, откако почнав да пијам апчиња спирулина мислам дека градиве почнаа да ми растат . Може ли да има врска тоа?