22 ден ми е денес (еден ден ги заборавив) од Slim Line. Ослабната сум за 3 конфекциски броја.(килограми не знам колку,немам вага ) Вртоглавица не ми се десило,освен што премногу ти се суши устата и мораш нонстоп да пиеш вода. Апчињата ги пиев сабајле,ама морав прво нешто да доручкувам,заради тоа што примам и други лекарства,па да не дојде до наслабнување на крвта. Ефикасни се,ги препорачувам на оние мрзливите како мене,кои ги мрзи физички и по природен пат да ослабат . Продолжувам со апчињата уште две недели.
ke ja nadopolnam pla4ka....vsiot organizam isfrluva nekontrolirano site vitamini jaglenohidrati proteini a vie treba KONTROLIRANO da mu go obezbedite se ona sto mu e potrebno za da funkcionira normalno. i veruvajte iako dobiete napad na apetit ke izedete mnogu pomalce od ona sto ste go jadele pred da gi konsumirate kapsulite. pozdrav
бравооо само ме интересира, дали држиш строг режим на искрана т.е само насабалје јадеш и што? и дали после тоа јадеш нешто? зашто јас искрено си дозволувам малце повеќе храна а за сушење на устата не ми кажувај мн мн се суши
Значи храната не ја бирам,дали е многу масна,колку калории има и слично. Јадам што ми се јаде. На пример насабајле околу 7 само едно парче леб со маргарин,кремче или во последно време ајвар. И после цел ден не дека се изгладнувам едноставно не ми се јаде. Ама искрено се плашам да не ми биде нешто затоа попладне јадам главно јадење било што, месо,компири, не бирам. До сега е добро... Со среќа на сите...
Постојат брикети за брзо и ефикасно исфрлање на непотребните и штетни материи од организмот и се на природна база. Содржат растителни влакна....
Пробував да си ја вратам старата тежина со разни диети ама никако не успеваше затоа што сум анемична и многу ја губев енергијата и често имав несвестици.... Конзумирам исклучиво здрава храна од мои 18 год( без газирано, брзата храна незнам веќе ни каков вкус има, не конзумирам воопшто месо), но ете почнав да се поправам...за 4год. 20кг. soft gel таблетките ги пијам 16 дена и незнам колку имам ослабено во кг. но навистина се чуствувам супер. Пред да почнам да ги пијам, имав проблеми со стомакот ( секогаш ми беше надуен, имав нередовна столица, менструални болки....) , но сега веќе ги нема... Килограмите и не се важни, само сакам да си ги облечам старите фармерки Дали може некој да ми каже, колку време може континуирано да се пијат, дали треба да се прават паузи и колку време... Прашувам, и сите ми даваат различни одговори.. Поздравче до сите
Се нарачуваат од дистрибутери...Мене ми ги нарача другарка, од некоја нејзина другарка што е зачленета... види на нивната страница мислам дека има и број да се јавиш.
Alal da vi e si mislite deka se mnogu prirodni ovie tableti,jas imav uzasno iskustvo od slim line tabletite imav konstantno lupanje na srceto i uste go imam,i celo vreme me stega kaj gradite.Ispiv 36 tableti i 5 kila oslabev,ama zdravjeto ne mozam da si go vratam,kako sto si gi vrativ kilogramite.Kafe veke ne pijam,mislev deka mi e od kafeto ama zal od tabletite e.Znaci samo gi reklamirate pozitivnite efekti od apcinjata a nikoj ne saka ni da spomne za kontraindikaciite.
Колешка од факс ми кажа дека ги пиела Слим и сега три месеци има нередовна менструација, никако не може да си го среди циклусот, многу проблеми и направиле таблетите.
а извини......кој рекламира?????? ние само споделуваме искуства со нив, и фала богу, кај нас немало негативни, а ако кај тебе има, тогаш можеш да ги споделиш со нас, без да не обвинуваш дека рекламираме овде некој производ
Јас мислам дека затоа што сите организми се различни, така и дејството на slim line нормално е да биде различно кај сите, може на некој да не му е ништо на некој да му е нешто...и така....ама не е тоа реклама.....А може ли да се нарачаат директно од нивната страна и да ми ги пратат по пошта?
Oд таблети за слабеење,за жал последиците можат да се појават и подоцна,не мора одма додека ги користеш или одма кога ќе престанеш...A пак остранувањето на истите е долгорочно,и плус враќање на кг,така да ќе видеш дека си во загуба.Eм здраствени проблеми,ем вратени кг!!!Aма ете кај некои навистина нема ништо иако тоа се ептен ретки случаеви,бидејки кај повеќето од корисниците се појавуваат последици .Jас за жал иам сурово искуство од таблети,и сеуште водам борба и со кг и со подобрување на здравјето ама сега на здрав начин,малку ќе се помачиш ама барем здрав ќе си.Tаблети кои се на природна база а ти ги топаат кг а ти си јадеш е нешто што не може да ми влезе во глава и да поверувам...тоа може да биде се само здраво не!Aко не внимаваш како се храниш и не си физички активен,неможеш да намалиш од тежината на здрав начин,во тоа се уверив после добри 2 годино во кои пробав секакви диети,апчиња...и за жал само краткротраен ефект и последици врз здравјето.Kако сакате,сепак тоа си е ваше,само сакав да ви кажам да не се залажувате дека се на природна база.Tоа е апсолутна лага,само профит и ништо друго!!!
Мене денес ми е 16-ти ден откако ги пијам слимлајн и многу сум задоволна. Вчера се видов со едни другарки што одамна ги немам видено и одма приметија дека сум ослабена. Не можев да издржам веќе без да се измерам и отидов си купив вага од базаро И замислете, вагата ми покажа 63 кг! Пред да почнам да ги пијам бев некаде помеѓу 67 до 70 кг. Не ми се верува дека така брзо има ефекти, презадоволна сум, претходно и со најстрогите диети немав вакви резултати. Инаку, моето дневно мени е: за доручек овошје, ручек нормален со едно парче леб(и тоа бел леб) и за вечера или не вечерувам или пак ако ми се пријаде каснувам една јаболка, салата или пијам чај. А за викендов малку повеќе се опуштив и бев на лесковачка скара И ми се има случено два три дена од овие 16 дена да си каснам една коцка чоколадо, а и кафето често го пијам со шеќер, а два три пати пиев и нес кафе со млеко и со шеќер. Значи мене ми делуваат супер, слабеам, воопшто не сум гладна и немам никакви нус појави. И заборавив да напоменам дека менструацијата не ми беше воопшто болна, а претходно секогаш маки мачев додека ја имав. Поздрав до сите, кога ќе имам нови резултати ќе ви пишам пак! Целта ми е 55 кг.
Девојки, не ми се допаѓа тоа што користите таблети за слабеење. Колку и да пишува дека се природни, има хемија во нив. Можеби сега главна цел ви е да намалете од кг, но размислете малку дека пред се тоа не е здраво слабеење.Плус од различни искуства од пријателки, на сите им се појавиле некои си задоцнети ефекти од користењето на таблети за слабеење.На која и се појавија проблеми со бубрезите, на некоја нередовна столица и менструација,на друга и се покачи значително притисокот... Не ми е целта да ви солам памет, само ви ја кажувам реалноста каква е.... И јас си имав некои 5-10 кг вишок, но НИКОГАШ не помислив да земам таблетки. Си јадев мусли, малку вежбав и ми се врати нормалната тежина, онаа што ја сакав јас. Не сме сите родени за манекенки, јас искрено ич не си ставам на памет што си имам салце,иако од саканото ослабев само 4кг Пазете се феминки, не играјте си со сопственото здравје...
Да ви кажам, поарно да сум дебелка и здрава, отколку слаба,а болна. Не сакам да помислам да ги користам таквите таблети, бидејќи можам да си направам некои сериозни проблеми и потоа цел живот да патам. Не ги осудувам тие што ги користат, бидејќи секој има право да прави што сака со своето тело и здравје. Јас само си го кажувам моето мислење. Имам братучетка која пие едни таблети и ослабна мнооогу, ама секој организам е различен. Некои други кои ги пиеле истите таблети, подоцна имале срцеви проблеми. Затоа, девојки не правете си од здраво вересија, од играчка плачка. Мој совет!!! Поздрав