4 кг имам намалено. И многу сум среќна Идам далје. Немој да се мериш секој ден, друго е кога ќе видиш 2-3 кг оти имаш ослабнето наеднаш, а друго е 200- 300 грама
браво љубави...а жити се што јадеш?? јас ги пијам 1 месец а само 3 кг имам намалено се осеќам супер, ама килажавааа
не е за смеење ама денес изедов 100 килограми чоколадо..............и што сега со диетата а и апчињата ги заборавам жити се како можам да сум толку изветреена и неодговорна а бре МИ СЕ ЈАДЕ..
у последно време само слушам како многу им се јаде посебно на жениве во моја близина...а и ја не сум ништо подобра, како трудна се осекам. на сите ни треба еден третман у етиопија под итно
само некој да дојде кај мене на работа и да ми ја види корпата со отпадоци.....во неа ке најдеш хартии од ЦИЦА МАЦА со вкус од вишна,само се срамам да ви кажам колку хартии има одприлика.......срамота е ова бре па не дојдов од Африка ...........свесна сум ама ајде де ,,,а златно си бев на диета дури цела недела алал да ми е
хммм...ти за слатки а јас за солени грицки...само знам дека природава не е фер...имам другарка јаде ко луда, по 100 пати на ден, и тоа калорично брее, а неможе грев 2кг да се здебели. али ај, се надевам од таблеткиве ке се види некој резултат и ке си ги скратам макиве
Јадам било што без леб. Еве откако почнав , веќе 12ти ден, леб немам ставено во уста. Ни благо. Некогаш ме фаќа криза, но зимам од тие диеталните чоколада што се, како мусли, нискокалорични се. Јадам зеленчук, исклучиво свеж, бели макарони со јогурт или сирење, бејк ролс, плазма со млеко најчесто (ги содржи сите состојки што дневно треба да се примат), си јадам од ручекот што и да е, само не јадам пржено. Навидум имам голем апетит, а кога ќе почнам да јадам неможам ни пола да изедам од тоа што јадев порано. Мојот ден порано неможеше да се замисли без чоколади, ишлери, ресани и такви ствари и сега чудно ми е. Иначе со тие што комуницирам што ги пиеле или ги пијат капсулите викат дека не се губи толку на килажа колку што се губи на обем. Барем да изгубам 7-8кг за овие 36 дена ќе бидам презадоволна, овие 4кг сега се само исфрлени течности, сега ќе биде побавно губењето на килограми, ама не смеам да се разочарам, овојпат сум решена да го сменам текот на мојот живот. Ова вака веќе не иде, не се поднесувам во моја кожа А ти се познава на тебе во обем нешто дека си ослабнета, поудобна ти е облеката или нема ништо? И ти што јадеш? Оти почнува да ми здосадува тоа јадење, кога нема скара
Лелее.., не зборувај, само тоа ми се врти во глава, благо, благо и само благо, ама што да се прави, се решив веќе, а и 1850 за апчињава не сакам да ми отидат зијан само заради мојата завист од благо. Знам дека можам без него и со тоа се тешам. А, мислам дека капсуливе не влијаат никако врз гладот, дека тоа ни е до психата, барем на мене така ми делуваат. Кога имам занимација нешто, не мислам на јадење, али кога и да го видам фрижидерот одма ми се пријадува.
аххх таа храна...или нека престане да биде толку вкусна или нека престане да не дебелее инаку не јадам месо(вегетаријанец сум неколку год.). леб јадам само со ајвар хихихи (во последниов период е по популарно), благо може да се каже дека јадам многу малку, еднаш месечно неколку коцки чоколадо, ама затоа соленко си сакам повеќе, смоки, некој чипс...од пржено само пржени компирчиња(неможам да им одолеам) денес јадев само еднаш..бели макарони со кашкавал и павлака околу 200гр., ама последнава неделааааа...мислам како трудна бев. се живо бутав. вода ми се пие само навечер, а преку ден не толку. доволно малку да се напијам и доволно ми е. никогаш не сум пиела доволно вода, може и тоа ми е голема грешка. во обем ме заприметиле дека малку сум симнала, послебно во газот хахах, ама си имам едни постари фармерчиња и цел ми е тие да ги облечам. уште газот не ми влегува во нив. имам за уште една недела од таблеткиве ама незнам дали треба да правам пауза помеѓу првата и втората кутија??? сите различно кажуваат. а го пиеш ли тоа кафето?? мене ми е во план со наредната кутија и тоа да го нарачам.. МОРА ДА СЕ ОСЛАБЕЕЕЕ
Јас знам дека се пијат два месеци , па се прави пауза од две недели и пак се продолжува да се пие доколку имаш потреба и така на секои два месеци се први пауза од две недели. Кафето не го пијам, ќе видам како ќе е наредниве недели, па ако има потреба ќе го земам и него. Мора да се ослабне, крајно време е веќе!
фала многууууу за одговориве како и да е, крајот го краси делото. бтњ морам до феб. да симнам повеке, кума ке бидам на свадба, па мора да изгледам добро
Немаш гајле И така не ми се учи за утре за колоквиум. Е да , крајот го краси делото, јас планирам за Нова Година дечко ми да го натерам да побара да се запознае со мене Идеме даље, ќе се тешиме до крај
здраво девојки еве и јас ги пијам капсуливе веке 15 дена но никако да ослабам,замислете дури и се здебелив воопсто не ми е намален апетитот,јадам ко луда мислам дека имас право оленка не е до капсулите до психата е,само на јадење мислам. а и не пијам вода само сокови,ниту навецер немам зед за вода.мојата другарка од 36 капсули ослабна 12 килограми,а јас ако продолзам да ги пијам најверојатно ке се здебелам за толку
нема шанси да си се здебелила..дали ги пиеш на гладно или по појадок?? Ако ги пиеш по појадок тогаш не го сопираат баш гладот, мое искуство.
Штом јас успеав со Slim Line, а бев најголем противник за апчиња, бидејќи имам мнооогу лошо искуство со предходно конзумирани, СИТЕ ЌЕ УСПЕАТ.
Значи апчињата се 100 % сигурни еве веке 3 ден ги пијам (по едно денот) и веке сум подослабена и имам поке енергија, а скоро ништо и не јадам скрос малку преубави се, презадоволна сум пробајте и без маки ке ослабите 1 850 ден се 36 апчиња значи за 36 денови,ама се исплака позз
да дефинитивно делуваат, но се зависи од метаболизaмот... има случаеви каде што реагираат пребрзо, но и поспоро. Јас за од прилика 2 месеци ослабев 15 кила, и од понеделник почнувам со 3 доза Знам луѓе кои за ист период ослабеле 25 кила .. значи се зависи од метаболизамот