Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Таблети за слабеење

Дискусија во 'Диети' започната од sesilija, 24 април 2010.

  1. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    хахах....добро е се утешив малку. не сум била само јас со малку симнато.
    еве ја пијам 2та доза (ама правев пауза 5 дена) и имам едвај 3 кг симнато. може во обем малку(приметувам по каишот). ама како што знам, по здраво е да симнеш 3-4 кг на месец отколку 10-15. 8)
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Јас пиев СлимЛине. Испив 12капсули ослабнав 5.5кг, а од кога ги прекинав ослабена сум уште 2кг. Сега сакам да направам пауза и да видам дали ќе успеам да ја задржам тежинава барем 3-4месеци. Презадоволна сум како изгледам, преубаво се осеќам. Немам потреба веќе од слабеење , дури и ова ми дојде многу. Се надевам дека нема да продолжат да се намалуваат килограмите. Не дека би ми сметало, но навистина не обожавам тренди слаб изглед |( А нормално се надевам и дека нема да се покачат ,да ги вратам :angel:
    Апетитот сеуште ми е намален , всушност исто како што немав додека ги пиев капсулите. Потребата за вода е тука, само ми е страв како ќе биде сега без капсулите да не се појави повторно проблемот со задржани течности(мојот најголем проблем :( ).
     
    На Ma4u64ence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. leptirce

    leptirce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    55
    Здраво на сите.. ме интересира дали некој ги има пиено Slimline Acai Berry и колку килограми има изгубено. :D
     
  4. simonceee

    simonceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Zdravo.Jas gi imam pieno slim line kapsulite i mozam da kazam so sigurnost deka se najefikasni za slabeenje.Jas od dve dozi oslabev 11 kila i se cuvstvuvam odlicno.Sli line kapsulite se sozdadeni na prirodna baza i se bez stetni dejstvija po zdravjeto.Mojata krvna slika ne biva nikogas tolku dobra kako sega.Probajte nema so da zagubite.Samo edno nesto sto mozete da izgubite se visokot na kilogrami:)
     
  5. cleo

    cleo Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1

    Ги пиев 6 месеци...немаа никаков ефект кај мене..
     
  6. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    83.905
    Пол:
    Женски
    ama me utesi sega ke izleguvav da gi kupam a kolku dozi treba da se ispijaat za da imaat efekt
    [mod-kirilica:1zg9ul0w][/mod-kirilica:1zg9ul0w]
     
  7. sanjajana

    sanjajana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    здраво...! сакам да прашам дали некој од вас има користено некои производи за слабеење од БИОКЛИНИКА ама да имале ефект??? ве молам пишете ми што побрзо...
    благодарам !!!!
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас користев едни таблетки за слабеење на Биоклиника CITRAX мислам дека беа.
    Ги мешам со Астро-визија, од таму мислам дека пиев едни во облик на шумливи таблетки.
    Ефектот е НУЛА и од двете.
    Да напоменам дека јас и вежбам додека пијам било какви таблетки, внимавам на исхраната и имам доста брз метаболизам.
    Штом кај мене немаше ефект барем од 2 изгубени кг, што ли останува за другите... :^)
    Џабе фрлени пари, мојот совет е никакво купување.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.162
    Допаѓања:
    156.503
    Цитраксот ни мене не ми помогна,само ми го надразнија желудникот и остатокот ги искористив на одмор за облоги од изгореници од сонце за моја посилна,белда ем сепак понежна половина.
    Се што се порачува преку каталог факт е дека не чини,авон,орифлејм,а па не лекови,додатоци во исхрана и такви ми ти работи.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Од Цитраксот и немав некои нус-појави, ама затоа таблетките на база на јаболков оцет ме докрајчија. :x
    Ги пиев нецела недела, мислам дека желудникот ренде ми го направија. Буквално умирав од болки, полошо и од менструални болки.
    Ги прекинав нормално и си купив домашен јаболков оцет.
    100 пати подобро, ниту болки, ниту бутур.
    А ќе речеш - ист е составот.
    Е не е.
    Не е.
     
  11. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас ги пиев цитракс апчињата за слабеење, и можам комотно да ти кажам дека за џабе фрлив околу 2000 денари! Никаков ефект, ама ни едно кило не ослабев. А внимавав на исхраната. Така да, ако евентуално веќе сакаш да пиеш апчиња, земај ги тие на слимлајн сите ги фалат.
     
  12. Lady01

    Lady01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    8
    јас денес ги купив па ке видиме што ке биде :)
     
  13. Lady01

    Lady01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    8
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Искрено ви се чудам.
    Скоро секоја втора девојка пробала барем неколку различни фирми на таблети за слабеење, и тоа без никаква грижа или страв, бидејќи се знае дека повеќе можат да наштетат отколку да помогнат, ретко некои стварно да се добри, па и покрај тоа што ќе ослабат , да немаат проблем со желудник или килограмите да се вратат.
    Значи кога се работи за убавина, одите на ризик без никакво претходно испитување на организмот, ама баш ништо, а кога некоја ќе спомне дека пие таблети за контрацепција ја гледате како од марс падната, као демек "ти си луда ќе си уништиш здравје"... |( После ќе има абортуси, е ќе има кога премногу неозбилно се сфаќа работата за контрацепција. Кога веќе во 21 век таб за контрацепција се крајно усовршени и нус појавите се сведени на минимум.
    Да не навлегувам во таа тема, зборот ми беше кога се работи за убавина би се напиле и нешто штетно само колку да ослабите без да размислите што може да се случи, а кога се работи за контрацепција -"дааа, штетно е, никако апчиња" а како прво не сте ни гинеколози да тврдите такво нешто. A бременост е нешто што може да ви уништи многу работи во животот, нормално доколку е НЕСАКАНА и во рани години.
    Затоа помалку јадење, запишете се на аеробик или купите справа, или трчајте, евентуално пијте чај за празнење и така ке ослабите. :)
    Пробав и јас апчиња за слабеење порано пред 5 години отприлика, и џабе, повеќе играње со такви работи не.
     
  15. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Еве и јас да навратам на темава. Значи ги пиев Слим Лајн апчињата и од 24 апчиња успеав да намалам 7кг. толку колку што ми беше потребно. Немав и немам последици никакви. Од кога видов дека почнав пак да јадам и дека 2 кила качив,одма кажав стоп и почнав да трчам. Фала богу до сега немам проблеми
     
  16. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9


    Како прво тие што се одлучиле да пијат апчиња сигурно не е за лепе очи туку со друг начин не успеале!
    а како второ имаш докази дека некои од наведените на луѓево се штетни??? или онака си збориш од ради реда и рекла казала.. :lol:
     
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски


    Па сигурно нема од памет да си зборам. 8)
    Не успеале да ослабат, и ајде полесниот начин ќе го бираат, и воедно поштетниот!!
    Факт е дека има начин за здраво слабеење, помалку храна значи никакви диети, и малку вежбање!
    А тоа што не успеале да ослабат на ваков здрав начин, е поради тоа што не се потрудиле доволно!
    Да, имам доказ. Личен. Ослабев 18 кила со помалку јадење, јадев буквално се само во мали колични! Прво почнав со трчање, потоа собрав 100 евра, купив орбитрек на старо и вежбав секој ден по 20 минути! И ете го резултатот. 18 кила помалку, без никакви апчиња. Воедно се подобрува здравјето, спортуваш, се потиш, излегуваат штетните материи од тебе...

    Друго искуство, порано имав пиено апчиња за слабеење, и имав болки во желудникот, ете Лилит спомна за тоа што и се случило на другарка и и се појавиле влакна над усниците, значи не ќе измислува! И упорна бев и пробав и други, па немав никаков ефект, ни еден ослабен грам.
    Факт е дека кога се работи за убавина ако треба и лајна ќе изедат со извинение, значи за таква работа не им е воопшто битно здравјето, а кога се работи за контрацепција се е штетно, па дури не користат ни кондом и со некој што имаат секс за една вечер. А инфекциите?

    Друго искуство, држев и диети порано. Глупости живи. Ај што си омалаксана сите денови, значи буквално немаш енергија, може и крвта да ти ослабе, и на крај и да ослабиш, имаш загарантиран јо-јо ефект. Немав енергија за ништо, се истоштува организмот буквално, ќе ослабев 5 кила радувај се, и нормално нема цел живот да живееш само на овошје, зеленчук и месо од 50 грама, фала богу дека ќе каснеш друго. Али друже, што и да каснеш после диета, се враќа дупло.
    Така да дојде денот божји пред година и пол кога се свестив дека е доста со диети, апчиња, кој сака може да ослабе, само треба голема волја, решителност и упорност! Сигурно нема за месец да чекаш резулати!
    И немој да ме убедуваш понатака дека некоја не може да ослабе па се решила за апчиња.
    Секоја може, само работата е што едната ја мрзи да го мрдне дупот и да повежба и притоа да јаде СЕ ама помалку, туку се решила на полесниот и понеефктивниот начин, да пие апчиња.
    Поентата на претходниот пост ми беше друга, направив споредба за контрацептивни и апчиња за слабеење. За првите зборуваат дека се штетни и покрај тоа што сите гинеколози ги препорачуваат, (не завршиле за џабе факултет па овде некои си 16 годишни да ми тврдат дека се штетни, од што слушнале само си некои безвеза коментари), а апчињата за слабеење се гумени бомбони па без страв си ги конзумираат и менуваат на секое.
    Така да, мрднете дупот и патент на уста, па ќе видите како ќе ослабите и притоа организмот ќе ви се навикне на помалку јадење.
    Хел јеа 8) :rock:
     
    На UniqueCreature му/ѝ се допаѓа ова.
  18. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    девојчице, ова што го пишуваш е многу сурово...прво, и дебелината е болест и за таа болест е измислено лек. друго, не ти е ова тема за апчиња за контрацепција па на сите овде да им солиш памет колку тие не се штетни по здравјето, па инфекции, кондоми....
    и те молам, немој сите овде да ги правиш неписмени и глупави, ко божем никој не знае дека физичката активност е најдобар лек за се, само секој си прави со телото што сака и никој нема право да му суди (освен нормално ако не е некој со ментална попреченост)
    а и по кометариве ти се мери паметот само ...као ок било да пиеш чаеви за празнење за да ослабеш?????? хелоооооууууу
    и НЕ....не му е на секој така лесно да ослабе...на некои им треба и додатоци во исхраната за да го убрзаат процесот на размена на материи т.е метаболизмот. кај некои голема улога играат и гените...
    тие додатоци можат да се внесат со храна...ама некои незнаат главата кај им е од обрски а камоли да мислат " ее денес во 2 јас треба да го изедам моето парче ананас а за 40 мин да се напијам чај од кој нема да излезам од кенеф 2 дена"
    значи, јас пијам апчиња и физички сум активна по цели денови ( 30 мин на орбитрек...хах.. се пичкин дим за мојата целодневна активност)
    како што напоменав некаде тука во темава....јас сум хемичар(да ти појаснам..не средно) и сигурно повеке од тебе знам што внесувам во мене...а доколку некогаш нешто не знам, не се срамам да прашам, или да прочитам некаде за тоа...
    значи како што си кажа ти....21 век е...загреј си го "дупот" и искористи го интернетот за малку образование.
    И да појаснам...НИ ЕДНА таблета не е добра за организмот... Не е секој чај е корисен...и тн..

    ааа и да....и фала богу, после 2 месеци од апчињава, направив крвна слика, и да се пофалам....крвта никогаш не ми била подобра.
    затоа SHUT THE F*** UP и доколку сакаш да дадеш совет...научи се како се прави тоа

    И убав ден...отидов на работа..
     
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    девојки има разлика помегу пиење таблети и вежбање,како?со вежбање поздрав си,посилен,го движиш телото убаво е,а што ти прават таблетите ке се осекаш гадно,ке ти се лоши,мажот ми пиеше лани таблети и се чустваше омалаксан,немаше сила,само спиеше.и таблетите те празнат,но зашто да пиеш таблети ,кога чај може да те испразни :?: јас пијам чај,затоа што имам проблеми со стомаков,ама еднаш неделно.Tие луге што пијат таблети за слабеење се мрзливи луге,не од што немаат време,да сакаш ке најдеш време,ама има полесен начин.Jас кога ке се вратам од трчање,зависи некогаш пешачиме со керка ми в количка,се чуствувам супер,испотена,го работаш телото,и зашто да пијам таблети? а за тоа што кажа лакримоса за таблети за контрацепција потполно се сложувам,никој не рече дека сите други се заостанати,знаеме дека оваа тема е за таблети за слабеење,само правиме споредба јатрва ми пиеше таблети за слабеење,шејкови и сл.и паднавме на муабет како се заштитуваш и таа вели не како да не,после ке се здебелам,ке се расипам,не се убави вака така |( а значи таблетите за слабеење не расипуваат,а за контрацепција кој знае што ке се деси и да прашаш кој доктор,аптекар секогаш ке ни каже дека физичката активност,слабеење е секогаш подобриот и поздравиот начин на губење тежина :)
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски

    Ако беше така, немаше да има дебели луѓе... демек овие апчињава што сите ги голтаат ко бомбончиња се лек?! Како да не! Во право е Лакримоса, сите го бираат најлесниот начин за слабеење, затоа што со малку труд сакаат да добијат многу, исто така сакаат и инстант резултати. Ама како што не се дебелее човек преку ноќ, така и не се слабее преку ноќ. Точно е дека има многу фактори кои влијаат на тоа дали човек ќе биде дебел или не, ама најголемиот дел се дебели поради тоа што премногу јадат, и тоа претежно нездрава храна, и немаат никаква физичка активност под изговор дека немаат време. Море, да знаеш како лесно се наоѓа време, кога ти е здравјето во прашање! Друго оправдание ти се гените - ај добро, некому генетски му е запишано да биде дебел - ама и тоа се контролира. Ако знаеш дека си склон кон дебелеење, нема да се прејадуваш и да буташ во себе се и сешто. А оние што се дебели поради некоја болест (најчесто на хормонска база) треба прво да ја лекуваат основната болест, па кога тоа ќе се нормализира, или барем ќе се држи под контрола, може и да ослабат со здрав режим на исхрана и физичка активност.
    Кога имав проблеми со здравјето поради вишокот килограми, не посегнав по апчиња, туку почнав поздраво да се исхранувам, да јадам се', ама во мали количини, ништо не си ускратував, се движев, вежбав и секогаш наоѓав време, ако ништо друго барем половина час интензивно да пешачам. А по цел ден бев на факултет, од утро до вечер, и пак ослабев онолку колку што ми требаше за да ги надминам проблемите што ги имав тогаш. И за тоа ми требаше цела година - од конфекциски број 44 дојдов на број 40 - кој се' уште го носам. Не дека сум слабичка, напротив, имам уште вишок килограми, некои 5-6 кг вишок, ама здрава сум, што ми е најважно. А оние што пиеле апчиња - може да се залажуваат дека немаат штетни последици од нив, ама кога тогаш последиците ќе се појават.
    Никогаш не сум посегнала по апче за слабеење, од проста причина што знам дека хемичарите и фармацевтите се би ставиле во нив, само заради пари. И нив не им е гајле за несаканите ефекти што можат да се појават кај луѓето се' додека дебело заработуваат. И тоа не е случај само со апчињата за слабеење, тоа е случај со сите други синтетички лекови. И додека има овци за стрижење - ќе има и пари, и нормално дека оној што има корист ќе зборува вака како тебе.
     
    На JuLleE, Lacrimosa, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.