1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Таблети за слабеење

Дискусија во 'Диети' започната од sesilija, 24 април 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Што да кажам девојки и едните и другите имате аргументи на место.
    Кој немал вишок на килограми е лесно да соли памет и да дели правда.
    Процесот на слабеење кај секого е различен затоа што секој организам е различен. Како и карактерот.
    Во секој случај, не оправдувам никакви апчиња и хемикалии за некој кој има 5 кг вишок :^)
    Кое лицемерие е тоа, па што се 5 кг, се симнуваат за 1-2 месеци, само со контролирана исхрана.
    Кога таквите пијат апчиња, како да се потсмеваат на несреќата на оние со 30 или повеќе кг вишок.

    Од друга страна, на оние кај кои дебелината е болест, со вишок од 50 и повеќе килограми, можам да кажам дека го оправдувам земањето на таблетки, затоа што според мене, ниту една хемикалија не може да е поштетна од тој вишок на кг и болестите и компликациите кои можат да ги предизвикаат тие.
     
  2. Olenka

    Olenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    16
    Еве ја комшикава, која поради здравствени проблеми еден период пиеше многу лекарства, и тогаш ненормално се поправи. И сега глава кине со нивно намалување. И кој е крив тука?

    Или за менструални болки шо пиете? Кетопрофен, кафетин менсутрал? Ги пијам и јас иако знам колку се штетни за желудникот.

    Ги пијам слимлајн, и ослабев 9 кг од првава доза, од утре почнувам со втора доза. Со оглед на тоа што од сабајле одам на факултет, а потоа одма на работа, па до 8 вечер, мене тоа ме прави мрзелива? Знам дека физичката активност е најдобра, 5 години бев повеќе од активна, значи тренинг секој ден по 2 саати, во лето и два пати во денот, ама јас сум таков посран метаболизам и имам таква никаква конструкција, што и кога пијам вода се фаќа за мене.
    Така да остајте луѓето нека праат што сакат со своите животи, нивни се. А ако ми се случи нешто од капсуливе, ќе ве известам ;)
     
    На buce82 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    А да те прашам, што кога ќе престанеш да ги пиеш? Сега освен апчињата, немаш никаков режим на исхрана, а колку што прочитав по темава, тие го убивале апетитот само, и ништо повеќе. Значи не јадеш по цел ден, вода пиеш, чат пат ќе каснеш нешто. Може се лажам, ама имам луѓе во моја околина што ги пијат, не од тоа што им треба да ослабат, туку од бес, и ги гледам дека ништо не јадат. А кога ќе престанеш да ги пиеш, пак ќе јадеш, како што си јадела порано.
    А со режим на исхрана со редовни мали оброци без откажување од било каква храна, и редовно вежбање, телото се навикнува на тој режим, се зацврстува и не само што се чувствуваш поубаво и здраво, туку и така и ќе продолжиш да јадеш. Освен тоа, и метаболизмот се забрзува, па каков сака нека е. А самите си го правиме да ни биде бавен и мрзлив, со еден најмногу два огромни оброци дневно, и постојано седење, што е впрочем и последица на нашиов начин на живот.
    А со апчињата не е можно не е можно да се забрза метаболизмот, ниту пак некој ти гарантира дека немаат јо-јо ефект. Јас само сакам да ти укажам на фактот дека може само полошо да ти се случи од нив, не само да ги вратиш килограмите, туку и некоја болест да си навлечеш. Ама како што си рече, твој живот, твое право.
     
    На JuLleE и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  4. Olenka

    Olenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    16
    Напротив, јадам се што ќе посакам, и пица, и тост, и благо, обавезно јадам доручек и ручек. Се е до психата, кај мене на пример не го убиваат гладот, кога сум гладна - јадам, но од малку се заситувам. Е сега , кога ќе ги прекратам да ги пијам, ако не се котролирам, сигурно дека ќе се вратат килограмите, па ќе се потрудам да се држам до здрав режим на исхрана. Верувам дека сум на ризик на некои нус појави на кои никој не ми укажал и на кои никој не се пожалил од досегашните корисници. Па тоа е што е, ќе видиме понатаму.
     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Како прво по самиот ти пост се гледа кој овде е без памет, на 27 години да ми се обраќаш на јавен форум со "SHUT THE F*** UP". Мислам, крајно си безобразна и очигледно си ти таа која не знае да дебатира. 8) Ама мувата на капата нели? 8)
    Нити навредов некој како што во моментов ти го направи тоа, не ти личи за годините не за друго. 8)
    Дебелината болест? Немој да ми кажуваш дека бев болна што накачив за две години 18 кила.
    Си имав нормална тежнина, ги накачив од јадење. Сигурно некоја не е дебела од мирисање на храната.(освен некои што се генетски дебели)
    И да, може и без апчиња да се ослабе, ако го прочиташе убаво мојот претходен пост ќе видеше.
    Имаше и пред некој ден статија на форумов, неможам да ја најдам сега, некоја ослабела за 18 месеци 95 кила. Со многу вежбање и режим на исхрана, без никакви апчиња.
    И немој ти мене да ме учиш како да давам совет ако се најде ти навредена што пиеш апчиња, твоја работа, јас си кажав мое мислење дека луѓето се мрзи и секогаш го бараат најлесниот начин, наместо убаво да се испотат и да внесат режим на исхрана. Зошто ми се апчиња ако ги спроведам овие две работи?
    Ееее боже, не ќе им чини некое мислење, и одма скокаат. Ако вака се возбудуваш на мислење спротивно од твоето, што бараш тогаш на форумов? Или мислиш сите како тебе ќе им се поклонуваат на таблетите за слабеење? Annath е здравствено лице, па ете прочитај го и нејзиниот пост.
    Имај убав ден наработа и следен пат ако продолжиш со навредите можеш да добиеш бан.
     
  6. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    значи муабетот ми беше....се навредив затоа што сите не ставаш во ист кош, а не затоа што ја имам мувата на капата. не сум мрзлива, напротив, обожавам да спортувам ама морам бре да работам :(
    и сега некој ке каже..па и јас работам и наоѓам време...но, мене работата ми е цееел ден во движење и кога ке дојдам дома едвај чекам да прилегнам, зашто мислам дека цело тело ми се распаѓа...
    на повекето од нас им се случиле некои стресни ситуации, како и на мене, од кои сум се здебелила. стресот е најголемиот непријател на здравјето.
    и за храната...криво ми е затоа што влегов во овој кош на ''јадачи'' затоа што цел живот се трудам да се хранам здраво...но ете, ми се сменило нешто во мене и ми тера контра. не дека не сум била на лекар да проверам што ми е ( анемична)
    2 год мака мачам да се ослободам од килограмите...морам...ми прават гооолем проблем...
    (не дека сум 200 кг...значи кога ке ме види некој не ме доживува како дебела)
    и несакам некој да помисли дека го оправдувам конзумирањето на таблети, за било која намена, но некогаш мора да ти падне во раце тоа зло. но со малку истражување ке го изберете помалото. т.е во овој случај малку по природното :D
    на некои таблетите им се навистина помош.
    Убав ден на сите....морам да продолжам со обавези :envy: :envy:
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Кој бил таму знае како е и после...се кае што се убил од пари давање.Без срам,ако соберам се вкупно сигурно имам дадено еден одмор за така!Не дека се оправдувам,ама тешко е кога имаш здравствен проблем кој прави да ти е така и ти ако сакаш умри за јадење,вежбај...тоа е.Е откако се среди тоа,како нема да сака,има да сака!Режим на исхрана,план за вежбање и се слабее.
    Така да,какви сака нека се таблетите,ако не ги смените навиките,пак ќе биде по старо,а изговори секогаш ќе има.
     
  8. kuklicka55

    kuklicka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Jas gi koristan 3 meseci tabletite Slim-Line i sum oslabnata samo 3 kg :(
     
  9. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    лелееее јас ги пијам Slim-Line апчињата веќе еден месец и никакви резултати не гледам.... што е проблемот стварно не ми е јасно, гледам сите пишуваат дека многу слабеат, а ја неможам 3 кила да симнам...... како ги пиете? т.е. кога, сабајле ? пре? после јадење??? очигледно негде грешам :(
     
  10. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9

    ги пиев сабајле на гладно!
     
  11. delfin009

    delfin009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    здраво дали некој гио има пиено цајот инхауа и дали има ефект
     
  12. Mila92

    Mila92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    да јас го имам пиено чајот Инхуа и е навистина ефикасен во моментот кога го конзумираш,меѓутоа кога ќе престанеш да го пиеш се враќаат килограмите.Јас прекинав да го пијам бидејќи имаше некој чуден вкус и не ми се допадна ич.
     
  13. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    јас не би ви препорачувала апчинја за слабеење бидеќи немаат ефект јас би ви препорачала да одите пеш не со автомобил или автобус или....да се храните здраво да правите вежи секое утро кога ќе станите(добро е и за р'бетот) и да не јадите многу чоколада
     
  14. dzvrle

    dzvrle Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    јас морам да го споделам моето неубаво искуство од слим лине капсулите.ги пиев 3 недели,симнав мн.повеке во обем,него кила.околу 3,4 кила ослабев.не цувствував глад,вистина,наутро сувост на устата преголема и потреба по тецности имав.е сега,несоница,аритмија,мислев срцето ке ми излезе,покацен крвен притисок,и вртоглавици колку сакас.немав поим од каде дојдоа,ни на крај памет не ми текнувасе на капсулите.е,златен господ и интернет,па ги процитав и најдов истите симптоми кај девојки.како составот па и не е бас тој,туку содрзи супстанца која го остетува срцето и поради која е забранет во USA и E.U.фино лепо затоа сто се цувствував изиграна за своите пари,а богами и своето здравје,писав до ценетиот слим лине клуб.и таму некоја си сто се нарекува госпогја марија, а нема ни г од госпогја,судејки според рецникот,се дрзна да ми казе дека нејзе ама иц не и било гајле ја сто писувам,дека на суд ке ме дадела,пазете поради моето искуство,ке ми пратела кривицна пријава итн,се соцна до посоцна работа,како сто ја лици секоја директорка, претпоставувам е.знаци,тоа сто сум изиграна со негативности по моето здравје,е подлога за на суд,драги девојки и они сакаат да слусаат само фалбицки.казете ми каква професионалност е тоа и каде е тука-подготвени сме да слуснеме секакви критики.усте ме обвини дека мозеби припагам на некоја конкуренција,се глупости до глупости.морав ова јавно да го казам,затоа сто не сакам и др.да бидат изиграни,па и напагани потоа.информирајте се достаааа пред да одлуците за било кој препарат,засто тоа мозе да не коста доста од здравјето подоцна.поздрав
     
    На vaskatodi и e.peperutka им се допаѓа ова.
  15. Olenka

    Olenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    16
    Има ли начин некако да се организираме повеќемина и да реагираме против. Си прават бизниси за сметка на нешто здравје ! :@
     
    На gjina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. delfin009

    delfin009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    i jas gi piev slimot no za sreka samo pola doza i za tie 18 dena ne se custvuvav dobro srceto mi cukase kako ludo i raspolozenieto mi bese na nula a koga i prekinav apcinjata si dojdov na normala a za oslabnuvane ne simnav ni gram
    [mod-kirilica:wtn2x8i4][/mod-kirilica:wtn2x8i4]
     
  17. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Можеби некој ќе го нарече тоа бизнис, а можеби и је, меѓутоа никој не ве тера со сила да ги пиете, и да давате пари со сила да ослабнете наместо со здрава храна и ограничувања да го правите истото!

    поздрав
     
  18. gjina

    gjina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    еве јас сум прва што ќе ви се придружам за да се организираме против. Многу сум изирититана затоа што пред да ги купам Слим лине се распрашував по дострибутерите кој секој ден пустаат реклами по фб и оставаат телефонски броеви за контакт.Неколку пати ги прашав различни дистрибутери и сите ми викаа дека немаат никаков негативен ефект.Ако покачувањето на крвниот притисок, аритмија, несоница,тахикардија се сметаат за нормални појави тогаш нека им служи на чест.Ако е све до парите- тогаш се многу мизерни, колку ќе заработат? ете јас еднаш зедов испив 9 капсули и немам повеќе намера да пијам ниту да купам.И на секој што стигнав кажав дека не сум задоволна и сите мои пријателки, а ги има повеќе од 10 после мојата сугестија ги прекинаа.И нема да застанам само тука.Ко ке видам или слушнам извештај од овластена институција дека капсулите се исправни тогаш ќе прекинам да бидам јавно против Слим лине и на сите ќе им кажам дека се ок.
     
  19. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    драги феминки иако и јас сум се распрашувала за таблети за слабеење сега сваќам колку се тие штетни
    никаква хемија и магија не помага за слабеење тоа можеме да го направиме само ние

    би сакала на сите да ви препорачам многу лесен рецепт
    пробајте секое утре да испиете по една шолја зелен чај
    тој навистина помага во здравото намалување на килограмите а сабајлечки плус ќе ве расони

    искерно се надевам дека ќе сватите колку е важно здраво да ослабнете ако тоа го правите навистина за вас
     
  20. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас лично до сега не сум користела таблети за слабеење туку купував летот едни медицински чоколадца што протеруваат и бев задоволна се додека не почна желудникот да ме боли од нив најдобро и најздраво слабеење е физичката активност и конзумирање на здрава исхрана.