Едефрин таблети за слбеење Би сакала да прашам дали некој има искуство со едефрин таблетите. Слушнав дека ги топат ги топат маснотиите... Однапред благодрам
Едефрин таблети за слбеење До сега немам пиено никакви таблети ниту пак неам мачкано никакви масти ама со вежбање малце можеш да пробаш..тоа е проверено најефикасен начин..;D
Јас ги земав софт гел полошо нешто во мојот живот немам пробано главата ме пукна цело време ти е сува устата вртоглавици.Каква дрога се тие апциња страшно.
Не ги зимај бидејќи тие состојки што се слабее се извадени така да немат никаков ефект сега, едно време беа укинати зошто многу луге завршеле во болница па ги казнија и сега ги извадија тие состојки што се најбитни и сега пак ги продават али немат ефект али ти пак си пробај ако сакаш позз
Девојки значи ве послушав и не ги зедов Slimline Soft Gel . И си велам фала богу што не ги зедов. Но другарками ги зеде и ги пиеше недела дена и заврши во болница и го отежнаа дишењето и и предизвикаа проблеми на срцето (т.е. имаше некакво забрзување на ритамот на срцето). Многу ми е жал за неа а можев и јас да завршам така.
Немој од кога ги пиев мислам дека многууу потешко ми успева да ги симнам килограмите...ги имам пробано имаше некој ефект од 2-3 кг ама мислам дека организмот се пореметува после тоа што тешко оди симнувањето на кг по природен начин
Мој совет до сите...Немојте да купувате таблети за слабеење дефинитивно...и јас бев една што порано по се се лажеше...Од искуство и разговор со лекар ми даде еден прост пример...подобро гладувај ама немој да земаш таблети...зошто доаѓа до пореметување на функцијата на тироидната жлезда и хормоните (ми објаснуваше што лачеле што не). А од искутво со таблетите слим лајн софт гелот имав тахихардии, несоница, нервозна бев плус и циклусот тогаш кога ги зимав не ми беше како што треба и од тогаш искрено се уплашив и веќе таблети нема шанса да земам ...Немојте ни вие
Денес ги нарачав липовон таблетите ... Некој/а од Вас да ми каже искуство т.е како и се намалила килажата после едно испиено шишенце.Ај ве молам кажете ми. Од утре изутрина ги почнувам ...
Џабе им објаснуваш на луѓето,ќе осетат на своја кожа. Нема подобро апче за слабеење од активност и средена исхрана.
Не си го нарушувајте организмот со таблети за слабеење, зборам од сопствено искуство, пиев таблети SLIM line acai berry и тоа само 8 таблети имав испиено, но сепак целиот организам ми се наруши, почнав да чувствувам болка во градите, мензис 3 месеци не добив. Но, затоа од сето тоа извлеков поука и си ветив дека НИКОГАШ повеќе нема да користам таблети за слабеење, наместо тоа се запишав во теретана, почнав да ја пијам Саси водата, зелен чај и да конзумирам повеќе овошје и зеленчук. Кога се сака може да се ослабни и по природен пат.
Проблемот е што немам време за здрав режим на исхрана. Летово дојдов до некоја прилично здрава тежина од 67 килограми и пак се вратив на 77 после три месеци откако престанав. Башка откако почнаа обврските со факултетов немам време за балансирана исхрана и морам себе си да се подлежам на ризик. Препорачајте ми некои добри таблети од кои нема нус појави а воедно симнуваат килажа од барем 5 килограми за месец... Бар два месеци да ги пијам па да се средам...
И бидејќи ти имаш раце,нозе,но психата и мозокот ти вели дека не сакаш да се мачиш,затоа што бараш по лесен начин за да ослабнеш,кажи ми како девојкава без раце има вакво тело? http://www.ibtimes.com/barbie-thomas-ar ... otos-video Сигурно е од апчињата нели?
Сериозно!? Не мислиш дека ваљда јас сум онаа која најдобро си го познавам животот и знае колку има слободно време на располагање? Кој/а си ти уствари да расудуваш за тоа што е правилно или не? Го бирам најлесниот начин..Жими тасета, да ми простиш на израз. Никогаш не сум барала изговори за она што може да се среди на најефикасен начин колку год време и да понесе тоа нешто со себе. И ако целта ти беше да ми докажеш дека без мрднување на газот не може да се ослаби, ти благодарам на исцрпната мака што се обиде сликовито да образложиш преку сликичкава и линкот, ама имам една лоша вест за тебе - јас тоа го знам. И не, не сум од оние што 15 килограми симнуваат за неполни два месеци и покрај исцрпниот режим, пешачењето и трчањето орбитрејкот, или мислат дека магичните билки може чудо да направат од телото за 30 дена. Туку само побарав пристојни таблети кои колку толку ќе го забрзаат метаболизмот и ќе помогнат при варењето на храната. Да, за жал, тоа секогаш беше мојата последна опција бидејќи сум доволна информирана од консеквенциите, како и синдромот на тотален морон како резултат на потрошените пари во првата ѓубретара. Но, сепак за твое огромно исчудување, веќе еднаш имав искуство со таблети, и без вежбање и придржување по еден месец погоди што се случи? Бууу ослабев неверојатни 7 килограми без последици, јо-јо ефект или загрозување на здравјето. Нешто натприродно, а? Спојлер Човек да не побара совет овде... Па после се чудат зошто не се пишува на темава.
Прво не те осудив,реагирам остро на луѓето што ми велат дека немаат време да посветат 2 часа неделно од 176 часа неделно време за себе. Не знам каква ти е ситуацијата,но ќе кажам дека од мое искуство и од на луѓето(студенти) што ги вежбам наоѓаат и те како време за себе. Можеби ти малку треба да се организираш подобро,а јас што реагирам остро е затоа што за мене изговорите се милион,ти ја имаш моќта си имаш свој живот и утре ќе имаш поголеми обврски од едно вежбање. И нема апче магично што ќе те ослабе,кој те лажел искрено сака парите да ти зеде. Нема ниедно апче што го забрзува метаболимот до денес,џабе ти е не знам какви реклами нека имаат,тие се само површни и не се искрени. П.С работев 2 работи во денот и најдов 2 часа во денот да вежбам,еднаш пред работа и еднаш пред другата работа. И извини што сум толку груб и остар,но искрено за мене таквите луѓе не се сакаат себеси или не знаат како да ослабнат па мора да најдат брзо решение. И ако ослабнеш како што кажав,но нема да ти го реши долготрајно и размислувањето за тоа,ќе станеш зависна од апчињата и ќе разбереш дека се што треба е да намалиш на исхрана и да зголемиш на активност. 30 минути во денот пешачење неможеш да најдеш,не ме зезај.
Јас по читање на позитивни мислења за ЛИПОВОН таблетите ги порачав и денес ја испив 3тата таблета.Чудна работа ама ич не сум гладна.И јас како и ти имам мн.обврски а сакав да ја намалам килажата.Се надевам на добри резултати.Сум прочитала дека се губат и по 7 - 10 кг.