Јас денес почнав со БиоСлим, па се мислам после овие да земам Липовон. Има некој искуство со некои од овие апчиња да сподели? И колку се слабее за да речеме недела или месец?
Citrax Kilostop..ги има ли во аптеките на Zegin? Сакам да ги купам и да почнам да ги пијам но незнам дали ќе ми дозволи аптекарката да ги земам бидејќи сум 15 год. Има ли веза тоа со годините ?
девојки ај кажете ми кој се подобри дали овие www.bioclinica.com.mk или Липовон заинтересирана сум многу сакам да ми каже некој дали ги користил овие и дали има ефект беѕ јо јо ефект
[Има ли некој што ги користел био слим и какви се ефектите? јас ги користам една недела ама нема некои ефекти
Dali nekoj gi ima koristeno Nature Essential Glucomannan tabletite sto gi reklamira Dr. Oz? Se mislam dali da gi kupam pa ve molam ako imate iskustvo so niv pisete mi
Ефективни се како плацебо...dieti/dali-garcinia-kambodjia-topi-masnotii-kako-sto-se-reklamira-t20351/
Имали некој да ги користел овие http://www.swanson.com.mk/јаболков-оцет-200-мг-120-таблети какви резултати имаат, и нешто повеќе за нив да ми кажете.
Јас ги користев капсулите од зелка лупнав 1000 денари од Био Клиника ги земав и немаат ефект дури и навечер нема да можеш да спиеш ниту да дишеш ( секои апчиња имаат контра ефект ) а и многу мирисаат
случајно ја видов темата,и ќе ви дадам еден пример за тоа како и специјалист може да се зезне со вакви работи..Значи лекарка интернист од мојот град,се зезна со вакви или којзнае какви апчиња за слабеење..Како прво не ми беше јасно како лекар може и да помисли на капсули за слабеење,ама ајде..Значи жената наместо да слабее,качи уште цели 38 килограми на нејзе..Цели два месеци по болници ја влечеа,тотален контраефект..Како и да е,јас би ви препорачала да не си ги матите умовите со вакви работи,значи ти ако сакаш и на вселенско летало качи се,ако јадеш неконтролирано,не капсули,ништо не помага! Не сакам никој да се навреди,ама едноставно тоа е само фрлање пари,можда ќе има некој ефект ама не е здраво..Ич не е здраво! све се пореметува! не е нормално за една недела да губиш по 7 кг,по едно кило секој ден..од здрава исхрана и физичка активност,нема подобро..и еден другар така се зезна,има сега 130 кг,и никако неможе да ги симне..од капсули,препарати,оние какви не напитоци..му ја ебаа мајката..
Пријателка ми донесе апчиња 2DayDiet Pills, кои се истата основа како липовонот. Супер функционираат засега, немам воопшто глад. Пијам многу вода и чаеви. Овој вид на Апчиња за слабеење , секаде колку што прочитав не се наменети за луѓе со висок притисок, ниту за бремени жени, но неопходно е пиење многу вода за да се детоксицира организмот постојано. За една недела симнав 5кг. Има ли некој друг искуство со овие заради тоа што никаде не сретнав некој да ги спомене? Баш се смеевме со пријателката Magic Pills
Како и miss.bitch, и јас не гледам ниту една позитивна страна кај овие апчиња. Има премногу негативни страни како што се нуспојави, контраефектите, губењето на 5-7 кг. за една недела, и сепак, тоа е хемија... Да не излегувам од темата, има и многу други апчиња кои ги пиеме, но ги оправдувам бидејќи ја ублажуваат болката, а вака за ослабнување да конзумираш хемија, едно оргомно НЕ! Ваквиот начин на губење килограми е крајно нездрав, првин губење на толку многу килограми за толку краток период е шок за телото, а само една од несаканите ефекти, нели покрај слабеењето како цел, е виснатата кожа и стриите кои не можат да се вратат во нормала без вежбање... Ова се однесува до сите кои утеха бараат во апчињата за слабеењe, додека не се испотите трчајќи и вежбајќи, додека не им откажете љубов на слатките задоволства, газираните сокови, брзата храна, ципсовите и ред други работи кои сите ги знаеме, ќе се борите со килограмите...
И не само тоа,губат вода и мускули кој лесно се топат ако не внесуваш протеини и јаглехидрати. Погрешен фокус е ако вагата е целта и намалување килограми. Тоа е како да споредиш спринтер со маратонец или нормален човек. Сакаш да јадеш повеќе,земи изгради мускулна маса,на тој начин гориш повеќе дур стоиш и вежбаш. Фокусот треба да е на како изгледаш и колку телесни масти имаш,а не коллу ќе ослабнеш за една недела или месец. Бавен прогрес е подобар од никаков прогрес
Токму така, имам видено слики (кои сега не можам да ги најдам) каде беше направена споредба меѓу две девојки со еднаков број на килограми а огромна разлика во изгледот. Поточно, девојката која има мускулна маса (која се прави со многу труд) изгледаше пред се, многу поздраво, но и кожата изгделаше позатегнато, мускулите поизразени и ред други работи... Како и да е, веројатно ме разбирате што сакам да кажам.