Ги имав пиено ми рекоа ќе станам папаја или манго,на крај станав крушка и се прејадов лубеница. Не знам што згрешив,можеби се прејадував и немав добар план за исхрана и за вежбање. Многу бев мрза и сакав брзи резултати,не разбирајќи дека нема брзо решение. Можеби ако го видов видеово ќе зачував пари и ќе се советував со некој што вистински знае. https://www.youtube.com/watch?v=umnkHsQ_h04 П.С исхрана на прво место нема брзи решенија!
јас си ги купив од минхен Хербафаст и имаше 10 таблети и ептен се добри ми се изгуби апетитот и ослабнав многу
Slim Line Soft Gel Дали ги употребувал некој? Резултати? Цена? а Био Слим ? Цена? Резултати Има нешто по аптеки или?
Дали некој од вас ги има користено Артичока Форте, и доколку ги има би сакала да знам дали се постигнуваат некакви резултати ?
Секое апче функционира ако се сменат животните навики. Ако сакаш плацебо ефект слободно купи го. Дознај повеќе Вистината за топачите на мастите!: http://youtu.be/umnkHsQ_h04
Јас ги пиев Слим Лајн Софт гел и многу ми се лошеше од нив и прекинав после 9 дена. Јас би ти ги препорачала Липовон со нив имам добро искуство да не се повторувам . Поздрав
девојки,дали некоја од вас има пиено таблети од спирулина сан себастијан,не се наменети само за слабеенје.слуснав од една пријателка дека девојката сто ги пиела,намалила во килаза.по реков и вас да ве прасам,дали некоја од вас има искуство со овие таблети..позззз
Мајка ми ги користи липовон таблетите. Кога беа во старата опаковка беа одлични ги користеше пред отприлика 8 месеци и тогаш симна 7 кг.( од 2 пакетчиња) а сега почна да ги пие во новата опаковка вака како што ја гледам гледам дека немаат никакви ефекти а почна да го пие и второто пакетче и нема симнато ни килце . Така што според мене сметам дека апчињата се променети и мислам дека за џабе ке давате пари инаку се 1800 ден и се продаваат по порачка преку телефон . Бројот ке го најдеш на фејсбук само напиши Липовон Македонија. е сега сакам да прашам за овие ефтини таблети -ова е за мене дали некој ги користел Supravit L-CarnitineL-carnitine и дали се добри , само да не ме поправат друго ништо не ми е важно Спојлер Supravit L-CarnitineL-carnitine е потребен да ја ослободи енергијата од мастите. Ги транспортира масните киселини во митохондриите кои претставуваат “ложиште “ на клетката од каде енергијата е достапна за телото. Л-карнитинот се произведува во телото од амино киселините, лизин и метионин. Карактеристики: Како и да е во случај на големи енергетски потреби, потребата за Л-карнитин може да га надмине количеството што се произведува во организмот. Затоа Л-карнитинот се смета за “условно важна “ состојка и треба да се внесува дополнително. Наменет е за намалување на тежината и зголемување на физичката издржливост. Л-карнитинот ја подобрува оксидацијата на мастите( ефикасно ослободување на енергија како резултат од горењето на мастите.) и атлетското достигнување. Квалитет и безбедност на Supravit L-carnitine Л-карнитинот искористен во Supravit L-carnitine е од познатата марка L-Carnipure од шведскиот производител Lonza. Тоа е единствениот добавувач на 100% биолошки произведен L-carnipure. Благодарение на неговите квалитети, претставува единствениот во светот кој поседува GRAS ( Generally recognized as Safe) статус на FDA и единствениот кој е дозволен за употреба во храната во САД. Намена: ги претвара мастите во енергија помага во губење на тежината ја зголемува физичката издржливост на организмот за време на спортување и вежбање. Не се препознаени несакани ефекти. Препорачана дневна доза: 1-2 капсули се конзумираат со вода пред вежбање. Се препорачува да се конзумираат 2 месеци, па потоа да се направи пауза. Прикладно е за лица постари од 18 години. Да не се зголемува препорачаната доза. Жени кои се во период на бременост и доење да се консултираат со доктор пред употреба! Начин на чување: Да се чува на суво место, недостапно за мали деца и на температура до 25° С Supravit L-Carnitine претставува додаток кон храната, не е лек. Овој производ нема за цел да поставува дијагноза, лечи или да изврши превенција од било која болест. Да не се користи како замена на разноврсната исхрана. Секоја капсула содржи: L-carnitine 500 mg Magnesium stearate 5 mg И морам да искоментирам на темава НЕ СВАЌАМ ЗОШТО ТИЕ ШТО СЕ ПРОТИВ ТАБЛЕТИ ВООПШТО КОМЕНТИРААТ НА НЕА . Друштво нема потреба од вашето мислење. Според мене овде пишуваат луге кои веке пробале на поинаков начин и не им успеало па сега сакаат да пробаат на друг начин. на пр. Мајка ми има 80кг откако знам за мене цел живот е на здрава исхрана. Кога била млада имала 40 кг но после две деца стигнала до 80 и сега по никоја цена неможе да ги намали. Нејзината работа е физичка така што 8часа дневно редовно е во движење. Неможам да очекувам од неа кога ке се врати од работа да ја спрегнам да вежба тоа е лудо за жена од 60 год. па нели и треба одмор. И да ви кажам не се откажува што стварно ме фасцинира. Па затоа пробува со таблети. И затоа многу ме иритираат муабетите во стилот земи вежбај , земи јади само овошје и зеленчук и сл. значи не сте во нечие тело за да знаете кој што и како има пробано и каков начин на живот живее. Престанете со предрасуди ...не сте фер. .
Jас ги пијам спирулината веќе 4 месеци но како витамински додаток и поради тоа што се богати со жележо и нели сите придобивки кои ги рекламираат меѓу кои и слабеењето, забележувам намалување на апетитот но дека се слабее од нив не, на природна база се даваат енергија и се чуствувам убаво и цената не им е висока 600 таблети се 500 денари, а дневно се пијат по 6 таблети три пред еден оброк три пред друг значи имаш тука за 100 дена
Се извинувам што сум надвор од темата. но слабење со обична вода и малку цеден лимон дава зачудуваќи резлутати и тоа на секој организам.Значи пијте многу вода.Заменете ги соковите , кафето, со вода.Исфрлете ги благото од исхраната, и мрсното.И секако малку физичка активност ми годи на секој организам.А за таблети немам некое искуство но верувам дека се само дополнителни во секоја диета.
Не сум против користење на таблети кој се докажани и кој се ефективни. Тие се многу малку и очајните луѓе ќе купат се за да стопат вишок килограми повеќе,не разбирајќи дека такво магично апче не постои. Топење на мастите е комплексен процес,многу малку таблети делуваат да го забрзат процесот на топење масти. Има 3 категории што би ги поделил. 1.Се термогениците или забрзувачи на метаболизмот,тие функционираат со подигање на срцевиот пулс и температурата на телото со што забрзуваат 5-10 % од дневните калориски потреби. 2.Се таблети за намалување на стресот и го зголемуваат фокусот и е полесно за да се држиш на диета. Тоа се амино киселините л-тирозин и 5-HTP но дали делуваат е друга дебата. 3.Се намалувачи на апетитот и инхибитори на одреден нутриент(јаглехидрати и масти) Диеталните влакна се најдобар избор за намалување на апетитот,потоа протеините и одредени суплементи кој се рекламираат дека ќе го намалат апетитот. Сите овие работи може да ги проверите на страната www.examine.com
дали некоја има искуство со БИО СЛИМ апцинја ги купив пред еден мецеџ ама уште не сум почнала да ги користам?
Како да ослабам? ако некој знае некој ефикасни таблети за слабеење што во исто време те прочистуваат поретко да одиш у вц ?
Како да ослабам? лексилиум пробај или диезепам стварно незнам како можеш да мислиш дека таблети ќе ти завршат работа мајкеми, стани и оди во теретана и купи си овошје место чипс е тоа ќе ти врши табота а не таблети