Дали некој ги има испробано овие таблети од GREEN MASTER се? ако ги имате кажете ми дали имаат ефект и колку сте ослабеле.
http://www.medosan.mk/zelka/default...utm_content=zelka&utm_campaign=fb-bc-mk-zelka Дали некој ги има пробано овие капсули од зелка ?
А да одиш да вежбаш? Ќе се скоцкаш, ем нема да ти се спие, ем поактивна ќе си, без главоболка без се, од искуство.
значи кога пишуваме во отворена тема со наслов слабеење и таблети за слабеење , сигурно е дека не очекуваме да ни солат памет за вежбање.... дај те молам, прашав за таблетите и за тоа побарав одговор , зашто бре стално некој се наоѓа што глуми редовен свештеник како тоа треба и како тоа е правилно... ете несакам правилно да вежбам и само ме занимаа капсуливе...во ред е?
Охооооо...каков речник човечее. Браво, јас ти дадов совет што е најздраво,ама по ова што ми го возврати најубаво труј се, немој да биде после "леле ова ми е, она ми е..." да не биде не сме ти кажале. Убав ден и немој бе злато таа нервоза штети и на здравјето.
ниту сум нервозна , ниту сакав да бидам така разбрана....едноставно сакам кога во конкретна тема, на конкретен форум да добијам конкретен одговор на конкретното прашање...тоа е се.... можеби навистина немам ни 30 секунди слободно време во денот па излезот го барам со глупиве капсули и нивната ефикасност...да можам да вежбам, сигурно нема да се зачленувам тука по форуми и да прашувам вакви прашања....секој си има своја приказна , тоа е се
@Zenski Svet нема да добиеш затоа што никој не ги препорачува. Моја познаничка ги употребуваше па и направија проблем со месечните циклуси, де имаше де немаше. Ако немаш 30 секунди од денот, тогаш можеш да ја пробаш Ун диетата ќе се преполовиш. Веројатно јадеш,не остануваш гладна. Се што е на вештачка база е штетно, да на реклама изгледа примамливо, проблемот кај тебе е во храната, ако добро си ја организираш ќе губиш калории.
ете тоа го барав и тоа го сакав ти благодарам за убавиот совет .... поарно е да ме насочиш конкретно , него сите што кажуваат за вежбањето... свесни сме сите дека е нај адекватно да се вежба , но не секој може и има време...тоа е тоа фала
Женски,последните два месеца малце се поправив бев 55 кила сега сум 65Бев на диета ама уште првиот ден паднав неможам така па сакав да пробам некои таблети што навистина делуваат и што не се враќаат килограмите,па ако има некој проверено или некоја што знае нека пиши
Namesto da davate pari za gluposti podobro pocnete da vezbate i da se hranite pozdravo barem 1 mesec i to veke navika ke vi stani koga ke gi vidite rezultatite..Normalno ne e lesno ama koga se saka sve se mozi i kade kade e podobro otkolku da si go truete organizmot so apcinja od koi i samite kazvate deka ste pod stres deka imate nesonica duri i glavobolki.So zdrav nacin na zivot nema da imate nisto od toa,bas naprotiv samo ke zgolemite samodoverba vosebe i ke se cuvstvuvate mnogu podobro..Site go barame najlesniot nacin,i jas sum bila vo ovaa situacija,da beram pari za da kupam apcinja,ama na kraj tie pari gi dadov za fitnes i mi se isplati trudot..Patot kon uspehot ako bese lesen site ke bevme uspesni i srekni.Zato spotnetego malce zadnikot i bez opravduvanja deka nemate vreme.Za sve se ima vreme
Зошто секогаш има член како вас што соли памет , а тоа не се бара од него ? Групава не се вика Мотивациони мисли за топење сало или Попадика...се вика АПЧИЊА ЗА СЛАБЕЕЊЕ. Кој сака ќе си праша и ќе очекува одговор стриктно на таа тема ! Боже некогаш сте навистина досадни кога ќе почнете да приповедате како треба да се испоти газот....некои луѓе НЕМОЖАТ, НЕМААТ ВРЕМЕ ИЛИ НЕ САКААТ да вежбаат и ја бараат полесната алтернатива. Имаш проблем со тоа ?
Ги има некој користено шумливите таблети Липодиет? Како сте задоволни од нив? Ги има во аптеките мислам дека се околу 500 денари. Јас сакам само во стомакот да ослабам ама пошто таму најтешко се слабее знам дека само со вежбање нема да го постигнам посакуваниот резултат .
Sakamm da prasam dali tabletite slim line acai berry vi pomognale ? Momentalno gi koristam no ne zabelezuvam nekoja promena a 7 den mi e veke
Во последен период ни слимлајн , ниту акаито ниту биослим не делуваат.....искрено никаков ефект нема. Порано даваа неверојатни резултати, но повеќе како да го изгубиле цело дејствие. Сум зборела со повеќе ликови и сите ја имаат истата констатација... Не се делотворни ни најмалку