so dobra ishrana i trening pomaga i e eden od naj kvalitetnite suplementi. go koristam samo vo tableti. Pak da napomenam, ova e zamo suplement, znaci mora da se pazi na ishranata i ke ima rezultati posle kolku vreme pocna da ti deluva?
Тој период кога го користев многу трчав во парк, па тоа ми беше некаков репер. Не можам да прецизирам кога почна да делува, со оглед на тоа што метаболизмот ми беше ужасно бавен и ми требаше време да го "разбудам" телото, но, ако не се лажам, после 3-4 недели ги видов првите позначителни промени. Веројатно кај секој е различно.
Да. Кога користите L-Carnitine треба да сте физички активни. Впрочем, со било какви суплементи треба да се практикува и физичка активност. Јас го пиев по една супена лажица половина час пред тренинг. На самото шише има декларација и упатство. На него пишува дека се пие секој ден, но јас го пиев само деновите кога вежбав (трчање или теретана). Сакам да ве предупредам дека е многу благ, но не до степен да е гаден. Го купив од продавницата на Ultimate Nutrition во Скопје, која се наоѓа во близина на Собрание. И само уште ова - не знам колку е релевантно, ова може некои кои се поупатени да кажат дали е ОК или не. Јас во исто време го комбинирав L-Carnitine со топач на масти, Ultra Ripped, од истата фирма. Можеби нема потреба да се спојуваат двете заедно, но кај мене имаше убав резултат.
fat block,fat no more,l canetin.cla,ultra ripped se edni naj prodavani suplementi i se dosta kvalitetni gledajte samo da ne se od FA nutrition,amix,big man,all nutrition,mutant nutrition. ovie firmi izbegnuvajtegi sto bilo i da kupuvate,dali bilo vitamini,topaci,amino i slicno. koga vejke koristis eden topac nema potreba da se mesa so drug carnetinot mislam zasega e eden od naj efektivnite suplementi za topenje masti. posto e tecen apsorbaciata e podobra a ovie vo tableti mi pravat tezina na stomakot.
Ок е и јас користам L-Carnitine и топач ,пијам 10мл 30 мин пред тренинг, и ми делуваат совршено. И само со l carnitine имаше ефект, но не ваков со комбинација на топачот. Физичка активност е задолжителна оти за џабе фрлате пари. Ако не сте физички активни или ако не се придржувате до здравата исхрана, нема такво апче, течност што ќе ве ослаби..
Џабе се и овие таблети......Јас ги пиев овие,пола саат пред вежбање,од почеток се беше добро е после немаше ни еден месец завршив во болница....Проблеми со желудникот а најмногу со бубрезите...Едвај си дојдев присебе..Сега кај сите различно делува ама порано или покасно последици ќе си имаш,јас би ти препорачала да не ги земаш веќе,да си вежбаш и пазеш на исхрана,тоа е најздраво дури и јас сватив и природно ослабнав,секако и трпение мора да имаш. Не го бирајте секогаш полесниот пат за ослабнување,мора да се помачите сами некогаш
@aleksandra4444 На пакувањето на Ultra Ripped е специфично нагласено дека се строго забранети за луѓе со проблеми со бубрезите и со висок крвен притисок, ако не се лажам. Плус тоа, кога се пијат, мора да се внесува многу вода во организмот. Мене ми беше доволно едно пакување од малите, направив пауза од 3-4 месеци, па земав уште едно. Сега веќе немам потреба затоа што редовно максимум давам се' од себе во теретана. Сепак, на почетокот ми беа потребни за да не го преморувам срцето со додатната килажа на мене. Како што имам кажано во друга тема, за 10 месеци од L стигнав на S конфекциско бројче и на 51кг моментално. Би се лажела себе ако кажам дека Ultra Ripped и L-Carnitine немаат удел во тоа. Фала ти, @martin01 за информацијата да не се мешаат брендови, тоа не сум знаела досега дека има удел.
Jas nemav problemi so nisto,otkoga pocnav da gi pijam mi pocnaa problemite i doktorot mi kaza deka se od niv.
Сигурно веќе си имала постоечки проблем со бубрезите, од л-карнитинот сигурно не е. Во Македонија пола од докторите а и повеќе немаат познавање од суплементацијата и додатоците и се водат по тие старечки размилувања дека се 'хемија' и дека се штетни, па секој проблем го поврзуваат со нив. Во врска со топачите на масти, Л-карнитинот не е топач на масти, тој е пептид кој ги пренесува масните киселини меѓу цитоплазмата и митохондриската мембрана за нивна оксидација. Значи со самото тоа л-карнитинот ти ја зголемува депо енергијата за долготрајни активности во кои се трошат масти, тој не е термогена супстанца. Исхраната е најбитниот дел од се, нема ниту едно апче/игла/супстанција што ќе поможи да намалите масти во телото без правилна исхрана. Не се потпирајте на л-карнитинот, топачите на масти а и не му го препишувајте неуспехот на нив.
so pomos na l karnitinot bratmi oslabe 25kg za godina dena se razbira so ishrana ama posle brzo gi vrate Jas go koristam momentalno radi mastite na stonakot. se poti nesto nenormalno za vreme na trening. momentalno sum na dieta pa ke vidime sto ke bidne
Прочитај го постот пак брат, потењето не е последица на карнитинот. Тој не е термоген за да ја покачи телесната температура како на пр. кленбутеролот.
Од почетокот сум ги пиела , нормално без мешање брендови и строго внимание што јадам. Вагав колку јагленохидрати внесувам дневно и сеуште тоа го правам. Никогаш сум немала проблем со дебелината, едноставно фитнесот е животен стил. Никогаш не сум го третирала телото како trash can. Џабе се најефикасните вежби ко ќе си одиш ако изедиш 2 чизбургери и шише пепси. И се сложувам со swanmay потребно е многу вода .. Самото тело ти бара.
Ајде бе, стварно? Сама се лажеш, или што? Л-Карнитин ти е аминокиселина која самото тело ја синтензира преку есенцијалните амино-киселини, метионин и лизин. Карнитин се синтензира од страна на бубрезите и црниот дроб. Токму карнитин се препорачува да се користи, бидејќи со проблем на бубрезите оневозможено е негово создавање, а карнитинот е важен за нормална работа на бубрезите.
Ајде бе а ти доктор си ? Мене тоа ми го кажа,нема потреба да лажам и преувеличувам што корист ќе имам од тоа Секој организам си е различен и на секој различно делува.А сите таблети што се наменети за слабеење не се здрави,затоа кажав на природен начин да се ослабе е најефикасно и најздраво,но секој за себе си гледа и кој што сака нека си прави,јас дадов само коментар дека не е убаво да се зимат тие апчиња,кога тогаш последици се има.
до негде е прав. Но ако вејќе имаш оболени бубрези и ако си под медицинска терапиа и ако користиш карнитин,карнитинот го нуништува дејството на лекот.
Што те интересира тебе јас што сум? Никаде не заговарам јас користење на било какви апчиња за слабеење, баш наоротив заговарам: калориски дефицит и добро структуиран тежински и кардио тренинг.
Од Карнитин сигурно НЕ, од илегални препарати за слабеење сигурно ДА, доколку незнаеш да ги користиш и не ги користиш за употреба туку злоупотреба. Физиологијата на карнитин ја споменав погоре, самото тело ја произведува, а кога ќе биде надмината способноста на телото да ја синтензира, карнитинот станува есенцијален за користење, го забрзува метаболизмот на мастите со самото тоа ги складира до митохондрии, кој потоа ги оксидира за производство на АТФ. Апсурдно е да се верува дека некогаш јас или ти или некој трет би имал некакви здраствени проблеми од суплимент кој самото тело го произведува, а доколку биде таа способност надмината би се суплиментирал како би имале резултати кој ги споменав погоре. Карнитин содржи и некои видови на храна како црвено месо, свинско, сланина. Се надевам дека ме разбра. Немав намера никого ниту да навредам, ниту да омаловажувам. Поздрав