Таблетите за слабеење се тотално штетни. Балансирана исхрана, калориски дефицит, трчање, одење и резултатите ќе дојдат.
Каква е таа балансирана исхрана? колкав е тој Kcal дефицит? трчање со кој интензитет? интензитетот одредува во која зона ќе трчаме, аеробна или анаеробна, интензитетот на кардиото одредува кој енергент ќе се користи за енергија, дали ќе е гликоген од мускулите и глукоза од крвта или пак мастите ќе се оксидираат за енергија. Резултатите ќе дојдат тоа сигурно, но ако знаеш што правиш и ја познаваш физиологијата на своето тело, што кај тебе не е случај. И за крај; кое е тоа истражување кое покажало дека: ,,таблетите за слабеење се тотално штетни"?, верувам дека зборуваш за легалните препарати за слабеење кој може да се купат во продавница за суплименти. препаратите за слабеење поголем дел од нив во составот содржат; кофеин, таурин, екстракт од зелен чај, л-тирозин, Б3-нијацин... Штетна е гибаницата и пепсито кое го пиеш, со 100 гр прости шеќери во него.
Не ме интересира туку толко филозофии изнапиша што помислив дека си ама гледам дека си копирал само.И не ме цитирај веќе не планирам со некултурни луѓе да се расправам и притоа машки.Ај позз
Многу се учени,читаат од нет и ги препишуват текстовите на форумот. Исто и алпха. Пола од текстовите ги пронајдов на нет и некој се копи паст Тоа што пишува на нет можи и да не е точно. Сите таблети за слабеење прават талог од песок на бубрези пошто содржат ФГ. киселина и таја киселина можи да предизвика нус појава али не кај секого. Сите суплементи се правени во лабараторија а дали соджат хемикалии тоа никој точно незнае. Сигурно нема да пишува на паковањата дека се штетни по здравјето пошто нема никој да ги купува. Користам суплементи 6години а во спорто сум скоро 13години. Имам излезено и на надпревар а вие двата што се правите учени ставете слики да ве видиме што тело сте направиле позз до сите.
Миа, ме интересира дали практикуваш "ротирање" на суплементите? Не ми е многу познато како тоа оди, веројатно во фази - кога топиш, кога одржуваш итн. Да бидам поконкретна, дали е потребно и препорачливо да се прави пауза од некои суплементи?
Нема тема за ова па морам овде да прашам пошто најблику ми е тематиката. Некој од овде да го има користено она слин 30 што го рекламираат на тв? Функционира, што како?
Слободно оди во Ваши постигнати резултати има слики, сите мои постови тука се со точни информации и пола од текстовите што си ги нашол на интернет се лично од мене пишувани. Уствари што се спаѓа под таблети за слабеење? Л-карнитин, топачи на масти, кленбутерол ? Како ги класифицирате сите овие исто?
Па да. Кога сум во фаза на булкинг тогаш користам бцаа,креатин етил естер,глутамин и веј а кога сум на кето диета не користам суплементи пошто нема да е ефикасна диетата. Кога топам масти тогаш користам карнетин или кла таблетите. За одржување најчесто користам само бцаа и глутамин. Паузи е добро да се прават но не е морално.
За што користиш BCAA кога се одржуваш? И можи да пратиш слики да те видиме тебе кога веќе си почнал со етикетирање дека сум бил 'многу' учен од интернет?
Не верувај се што ке прочиташ на нет. Моето искуство со суплементите е стекнато со проби лично на мене итоа годинин уназад. Пред 3 месеци бев америка и таму наидов на суплементи што овде во мкд немат ни чуено. Веј буллк со вкус на кокакола кој во 30гр. прав содржи 26гр. протеин,бцаа 12:2:1 со додаток на трубулус бустер и некој други додатоци кој за прв пат ги срејќавам во моево долгогодишно искуство. Иначе топачи не постојат кој што ќе го стопат вишокот сало. Како што гледаш јссум жена а не маж
bcaa za odrzuvanje nema potreba. mada nema potreba i da zemas suplementi. namaligo volumenot na treninzite i vnesuvaj dovolno proteini i masti i toe to.
Извини грешка за полот, за што точно да не верувам за тоа што ќе го прочитам? Можи ли да ми цитираш кој дел од моите мислења погоре НЕ Е точен ? Можиш да пробуваш колку сакаш, ако кај тебе предизвикале песок во бубрезите , не значи дека кај сите ќе реагира исто. Ниту пак значи дека баш тоа ти предизвикало песок. Следам се што е ново, во контакт сум СЕКОЈДНЕВНО со лица - професионалци што користат/користеле секакви работи поврзани со спортот, воедно и доктори. Излегвањето на натпервар не е никаков репер за тоа дали ти поседуваш знаење од одредена област. Пола од дечките што излегуваат на натпревар во МК појма немаат што внесувале во телото, како реагираат и зошто секоја чест на исклучоците. Поздрав.
Топачи на масти не постојат. Тие суплементи прават оксидација на телесните масти фактички мастите се претворат во извор на енергиа.
Еве на кратко објаснето за согорувачите. Јас сум го користела конкретно овој, дава убави резултати: http://ultimatenutrition.mk/index.p...ategory_id=4&option=com_virtuemart&Itemid=168
Порано ги пиев, сега веќе немам потреба. Земав од пакувањето со 90 таблетки. Се пијат 30 минути пред јадење, двапати на ден. Најдобро е пред појадок и пред ручек, заради кофеинот. Првата недела се пие по една таблетка, за да се привикне организмот, а потоа се пијат двапати по две таблетки. Со едно шишенце јас намалив еден конфекциски број. По пауза од неколку месеци пиев повторно уште 90 таблетки и намалив уште едно бројче. Само, мора да напоменам дека мора да се пие многу вода. Исто така, внимавав што јадам и редовно вежбав. Без тоа, искрено, ништо не правите.