ne tuku sega se registrirav, ne mi davase u poleto kaj registracija da pisam koj go beli platnoto i samo sledev sto pisuvaat drugite... definitivno za bilo koja rabota, forumot e svetska rabota, imas iskustvo od luge, forum i tiktok realno za iskustvo.
Не си играј играчки со здравјето, а и чувај пари за покорисни работи. За овие апчиња имаше бројни негативни искуства и дека имале ефикасност 0, како и што е очекувано, така да не се глупирај поарно. А тие што ги продаваат и набавуваат ќе ти раскажуваат прикаски дека се најбољи, и тоа преку фејк профили, бар да се потруделе пореално да се прикажат, да те убедат ама вака се е очигледно но за жал некои од вас уште не сте освестени.. Намали на калории, смени исхрана, активирај се физички и резултатите ќе дојдат. Доста више лудувате и се палите по вакви глупости, дај освестете се аман, само профит ги занима нив, ништо друго, ветер во магла ви продаваат, зошто не разбирате.
ne e bas taka, poznavam luge sto smenile skroz ishrana 3-4 meseci zdrava hrana i minimalen efekt imale, e sega toj minimalen efekt mnogu brzo im pravi demotivacija i se otkazuvaat i se vrakaat na starite naviki. Suplementi koi pomagaat ke go zabrzaat procesot i pobrzo ke imate efekt, a so toa motivacijata ke ostane... ima ednostavni suplementi kako L Carnitine ili CLA, Omega3, vo sekoja apteka, pomagaat, a ima i pokomplicirani znam luge sto oslabele 20kg so keto dieta i takvi sto oslabele isto tolku so kompleksni proizvozi za slabeenje od tipot na animal cuts, bad ass cuts i drugi cuts sekoj treba da go sledi svoeto telo, i najvazno, ne se merete na vaga, merete se so metro. slabeenjeto znaci topenje masti, topenje salo, obemot moze da se namali do 5cm, a da ste oslabeni pola kilo na vaga.
А тие суплементи L Carnitine, CLA се топачи на масти да знам ама како ќе профунционираат без соодветна исхрана? Омега 3 за слабеење се? Не сум знаела искрено ама дај да те видам ослаби од нив само, а јади све што сакаш количински, прејадувај се, трупај се со калории. Вака така се се сведува на исхраната и штом не ти е средена, резултатот е 0. А сеа што викаш дека ги враќале килограмите, па ќе ги враќаат де, кој ни е крив шо сме лаком гз и а видиме резултат се враќаме на старите навики, пак гнетеме ко невидени, нормално ќе се здебелиме. Финтата е да можеме да изградиме поздрав однос со храната, да имаме разновидна исхрана богата со сите макро и микро нутриенти, да внимаваме на калорискиот внес и да имаме некоја физичка активност. А сево ова се постигнува и без тие суплементи, само со придржување и внимавање. И демек од тие апчињата што ги користите скроз се потиснува апетитот и штом си ја остварите целта и намалите килограми автоматски више у живот нема ни грам да вратите а? Важи.
Доколку барем малку внимаваш на исхрана и вежбаш редовно макар по пола саат во период од 3-4 месеци, тогаш не може да имаш резултати кои би те демотивирале, напротив. На крајот на краиштата, на апчињата им треба исто толку време за да делуваат, па резултатите се видливи после користење во подолг период. Мотивирајте се за здрав начин на слабеење, средете ја психата, храната и почнете да се движите, баталете апчиња и суплементи.
Колку сака нека е здрава храната, нормално дека нема да има резултати ако нема контрола колку јаде. Не зависи само дали храната е "здрава" (што е здрава храна?), Туку и колку јаде. Џабе шо секој ден јаде стек и ориз ако изел три кила (така е зборот). Што се тоа едноставни суплементи хахахаха? Сите овие што ги наброја немаат вистинска корист при губење на голема тежина. Да, на хартија карнитинот помага при согорување на мастите и сето тоа, ама е незначително ако ти имаш 20 кила за спуштање. Карнитин, цла, и слични работи ќе му помогнат на спортист кој сака максимално да намали масти пред натпревар па му треба секоја можна помош, макар некој грам. И толку е и ефектот од редовно пиење - 30 до 50 грама неделно (на хартија, бидејќи 50 грама се премалку за да може да си сигурен дека си ги изгубил). Омега три помага да се намалат мастите во крвта... Што се комплексни суплементи хахаха? Топачиве на масти шо ги наброја се термогенични топачи, што значи дека ти го забрзуваат ритамот на срцето, ја качуваат телесната температура, а повеќето го качуваат и крвниот притисок. Така да, и тие се наменети за активни личности (спортисти), шо знаат шо прават и се под надзор на доктор или тренер. Замисли на човек со 20 килограми вишок масти кој веќе има покачена телесна температура, срцебиење, па дури и притисок - да бапне термогенични топачи. Плус, конкретно за анимал катс, улогата му е да ја исцеди водата од телото. Значи не топиш сало, топиш вода. Здраво? Нездраво... Баталете суплементи, мерете храна. Суплементите ќе дојдат на ред при крај на процесот на губење тежина, не на почетокот.
Оф леле, и после се заебува здравје епа се заебува коа не читаат, не се едуцираат. Два клика ги дели до информацијата што им е потребна ама нее појако е да се експериментира, туку ај они шо ќе заебат здравје ок, нивно е шо сакаат нека си праат, нивна одговорност, што со тие што ги читаат и ќе ги заинтересира па ќе покушаат? Не размислуваат бе луѓево, страшна работа.
Грицкање меѓу оброци, многу мала физичка активност итн се "скриени" фактори кои успоруваат слабеење. Ова чисто зборам оти многу пати така има луѓе Абе јадам здраво и не слабеам, а уствари не рачунаат такви скриени калории во грицки, пијалоци, сосови или једина физичка активност во денот им е тој 1 саат теретана или вежбање дома, останатото време не се ИЧ активни. Во смисла никогаш не одат пешки некаде, не користат скали итн. А минимален ефект...епа ако очекуваат 10 кила за еден месец, ќе бидат демотивирани, јбг. Ги гуглав овие комплексните Ако не беше дезинфо, првото содржи дури 220 мг кофеин во една доза. Тоа ти е ко 3-4 кафиња одеднаш да кркнеш. И после оние јаките вежбачи неќеле кардио. Гледам зашо. Башка пишува и дека луѓе што го користеле многу се потеле, да убрза процес на слабеење Немој да ме јебеш бе. Второво со диуретици. No thanks.
Кофеинот е тој што прави срцебиење. Доволно е да де земи топач без кофеин и со добра исхрана и тренинг ќе има резултати. Моментално ги користам анимал кат и липо 6 и во двете нема кофеин. Има и со кофеин ама се претерано грди за користење. Потам исто како и предходно и сум минус 3 кг за 2 недели шо е сосема ок. Не е морално да се користат а секој суплемемт си има свое својство. Лани користев винстрол и не осетив разлика. Секој организам различно реагира на суплемент.
Поентата е дека тебе ќе ти користи суплемент, ете и винстрол си земал (андроген анаболички стероид) за да постигнеш видлива чиста мускулна маса. Повеќето тука, а и повеќето надвор не се бодибилдери и немаат потреба од стероиди и топачи на масти. Со топачи на масти нема некој магично да ослаби 20 кила, ниту пак значително побрзо ќе ги ослаби. Топач на масти на било кој организам ќе му помогне да изгуби 30-50-100 грама повеќе во неделата (во зависност од организмот) а не разлика во значителни тежини, ко кило на пример. За некој тоа е значајно. Но за некој што треба да изгуби 20 кила нема голема разлика дали ќе ги изгуби за 20 недели или за 21.
Голем дел барат топачи и јадат се и сешто,немат резултати и после еј,топачите не се ефикасни. Да,ефикасни се доколку има целосно средена исхрана. Јас шоако се земав за да се изделкам кога исхрана ми беше крш. Здравјето башка
Se iznakazavte gluposti, bravo. Namerno napisav kompleksni suplementi, zosto? Zatoa sto Animal Cuts / Bad Ass Cuts i site takvi se vo dnevni kesicki. Edna kesicka ima 5-10 kapsuli i sekoja ima svoja uloga. Edna kapsula isfrla voda, druga topi salo, treta te poti, cetvrta e za energija, 5ta e kofein. 3-4 kafinja se nisto vo sporedba sto jas primer samo 3 gi pijam na rabota i uste 2-3 doma. Kolku sto imam informacija Animal i Bad Ass se skoro isti, samo sto vtorite se poevtini. E sega jas kolku sto znam tie sto gi prodavaat moze da vi prodadat i samo za eden den, demek da probate kako ke se osekjate bez da frlate pari za celo pakovanje. VNIMAVAJTE samo da go zemete pravilniot proizvod ili zadolzitelno prasajte go prodavacot. Vaka nekako bea: CUTS - slabeenje FLEX - obnova rskavica i zglobovi PAK - oporavuvanje vitamini Planiram da i zemam na svekrva mi za koskite se zali deka ja bolat ama ja fati panika koga i kazav kolku apcinja treba da pie ako nekoj ima iskustvo neka javi, prodavacite se falat demek efektot e jak, ama neli, normalno, sakaat da prodadat. da ne ispadne ste kupile vitamini i sakate da ve topat E sega mene ako me prasate, ako zborime samo za pari, poprvo bi dala 1500 za suplement od sportska prodavnica nego za "magicen turski caj" od tipot na Diox, Trex, i sl. sto gi ima veke i po butici. Sigurno prodavackava na farmerki znae kako se slabee. iii najjako ova, ima evtin turski caj, ne e od magicnive, se vika ULTRA SLIM 200/300 den e. koleska dojde srekjna vika lele kupiv cajce ke se napraam sea manekenka a evtino vaka taka, doagja drugiot den tazna vika nema efekt nikakov i druga koleska i vika "ti si bucka edno ne ti pomaga, staj dve-tri" i ovaa ludava staila 2 u edna solja, vika 3 saati od wc ne izlegla
А која е користа од исфрлање вода или потење при слабеење, баш ме интересира? А 220 мг кофеин одеднаш не е заебанција. Суплементи од типот - витамини, протеини, пробиотици, да, океј е да земаш. Јас земав витамини и уште земам ради малце поебано здравје последниов период. Ама дека слабеење ќе присилиш, мало сутра
Се што се рекламира нон стоп не е добро, па еве дури и да се ослабне можат да се вратат дупло килограмите, и се е до организмот, другарка јаде нон стоп брза храна, има 2 деца многу е слаба, јас не сум држела диета, избегнував леб, по благо не сум, секогаш сум била многу слаба, тогаш кога избегнував нездрава храна се поправив што мене ми беше таман зошто стварно коските ми се броеа, сега се јадам и си ја одржувам килажава, барем не се поправам. Мајка ми колку јаде леб, благо, пие газирано, жена од 60+ послаба од мене е. А овие што рекламираат ништо не е точно. Се едни исти, де чај за слабеење, де чај за плодност, демек вечер го пиеш, утре си бремена ццццц, па дури може и одма да се породиш. Срамота што го лажат народот, тој што има мака се ќе проба.
sakam da kazam deka sekakvi gluposti se prodavaat kako "magicni" za slabeenje. Za odenje vo wc postoi Alkalaks 50den,.
epa zatoa im veruvam na sportskive prodavnici, nemaat reklami za nesto magicno, volsebno, mene edna mi rece ke pies ova ama ima da pesacis minimum 5km dnevno inaku nema efekt, isto nekoi imaat efekt i na tecnosti, ako ne pies voda nema efekt (primer glukomanan 3g dnevno)