Девојки, да ве прашам дали некој ги има користено зелена кафа капсулите и кафето?? ЈАс бас завчера видов по аптекиве имаат некоја промоција кутија кафа со капсули гратис ама не прашав колку пари се а се мислам да ги земам имам слушнато фини искуства па ме интересираше дали некој од вас ги користел?? фала ви, гушки
Изгледа немаш слушнато за забраните на зелено кафе во Македонија. Зар повторно ги има во продажба? Ќе ти дадам линк од ТИМЕ МК да видиш 10тици линкови каде пишува за штетното дејство на зеленото кафе и повиците сите што пиеле да се јават на доктор. http://www.time.mk/?search=news&query=зелено кафе Тоа е за ова кафе. Мој совет е да се намали во исхрана, значи намалување а не да не се јаде, потоа да не се вечера касно, 2-3 нормални оброци и малку да се мрдне газот од пред компјутер. Пилатес, јога, аеробик, теретана, точак, орбитрејк ....
Не се работи за истото зелено кафе,ова е друго од фарманова,а капсулите не се зелено кафе,туку зелен чај,а другите се витка ходија.
za kapsulite neznam ama za kafeto jas go koristev i ne uspeav cela doza da ja ispijam zatoa sto ne se custvuvav dobro od toa.nemoj ni slucajno da go zemas od licno iskustvo ti kazuvam pominaa 8 meseci otkako go piev i uste nemozam da se sozemam a kg. gi duplirav a ne jadam previse normalno kako i sekogas
не не јас не зборувам за овие на сликата за нив знам дека се штетни туку за овие за кои пиша лилит некој ги има користено овие??
Ги порачив слимлајн гел софт таблетите, и планирам од петок да почнам да ги пијам. Ќе ми каже ли некој што ги пиел дали има ефекти, гледам дека има повеќе што ослабнале , но ми требаат уште, сакам уште докази. Колку минимум се ослабнува од една доза, колку максимум? Се ме занима, буквално се.
Сестра ми исто тој почна да го пие. Чини некаде околу 300 денари и се пие три пати дневно. Не сум го пробала, само го помирисав, ама сестра ми рече дека бил многу гаден! Неколку дена го пие, така што не знам да ти кажам дали има ефект, ама протерува. Јапонски е, би требало да дејствува и се надевам нема да има негативни последици.
Другарка ми кажа дека пиела два пати дневно, и се забележува дека доста е ослабена после еден месец конзумирање на чајот.Ама сепак треба и на исхраната да се внимава, ако се јаде за тројца наместо за еден, џабе е било каков чај да се пие
Јас го пиев чајот Инхуа слабеев ама многу бавно,нормално има различни организми, кај секој различно е а дека протерува тоа да.....Сега пијам еден кој го произведува една аптека тука во Кавадарци и само таму го има, за три месеци ослабев 10 килограми и сакам уште 10 да ослабам......е сега слушам некој ги купиле slim line па имале многу ефект, буквално се топеле.....па незнам.....ај кога ќе го допијам може и јас ќе пробам тие.....а планирам и на аеробик да се запишам....епа ако не ги симнам уште овие 10 килограми стварно сум за никаде.....
почнав ја да ги пиам хербафастото но една другарка ми кажа дека тие з нас не биле добри, посебно за стерилноста а за дејство па што знам 4-5 ден ми е и нема баш некој видливи резултати можеби уште е рано а многуу многу ми го препорачаа слим лајнот и сега си го порачав и тоа и планирам да го почнам тоа да го пиам оти сварнооо има ефект ...
За капсули за слабеење имам слушано и добри и лоши мислења, но во едно сум сигурна никогаш не можеш да знаеш како ќе дејствуваат на тебе дури не ги пробаш. Една моја другарка со мајка и пиеја исти капсули и во исто време, на мајката и се лошеше и имаше проблеми со желудникот ( и уште има), а ќерката ослабе 8 килограми и не ги врати.Исто така има гоооолема разлика дали сакаш да ослабеш од 100кг или од 60кг, колку повеќе си над нормалната тежина толку повеќе и полесно слабееш.На мајка ми колешка со тие цитракс се викаат мислам ги спомнувавте погоре, ослабе 35кг ама она имаше 115кг претходно. Една друга другарка со тие на Турбо слим мислам,од 80кг ослабе 15 кила и не ги врати, ама и се појачаа влакната над усните и и се црни, па сега секоја недела мора да ги депилира.Затоа викам не знаеш како ќе ти дејтвуваат на тебе дури не пробаш, ама ако пробаш можеш и многу лошо да поминеш иако не викам не може и се да е во ред, но ризикот е голем. Јас лично сум 165цм и имав до пред некое време 68кг, од април почнав на аеробик 3 пати неделно, се си јадам нормално од ништо не се воздржувам и навечер си јадам кога ми се јаде и бев 62кг. Сакам да дојдам до 55 и тренерот ми препорача да пијам Л-карнитин го има и во капсули и во течна состојба од 300 до 2000 ден зависи од производителот и пакувањето, има во сите аптеки и продавници за додатоци за исхрана. Л-карнитинот се пие пред вежбање, мораш да имаш после него физичка активност, не мора да вежбаш можеш и по дома да чистиш . Предизвикува да согоруваш повеќе, кога веќе согоруваш.Јас за 2 недели ослабев 2 кг,бев и на лекар крвта ми е супер. Мое мислење е дека и со чај било каков, но најдобро зелен ем слабееш ем си го подобруваш метаболизмот, се слабее многу.мајка ми со 2 шолји зелен чај и овошје јадеше до 12 саат, после си јадеше уште 2 пати во денот нормално од 82кг се спушти на 75кг за 4 месеци.
Една моја пријателка ги пиеше Турбо фаст од Јака 80 Радовиш и е многу задоволна, навистина кај неа има видни резултати за 4 кутии испиени (40 капсули ) ослабе 9кг. И јас ги пијам од вчера и навистина се губи многу апетитот само што многу ти се пие вода, устата се суши. 470 ден. се и ги има во сите аптеки.
мене ми е 20ти ден со слимов и ослабена сум 6.5-7кг а не викам не си јадам, онака, ама јадам, еве моментално бутам пирошка море си кркам ајт и да напоменам, целулитов ми е намален, не знам дали од апчињава, ама озб смален ми е
Значи задоволна си од Слим Лајн? Колку таблети зема и која цена од прилика? Јас сум заинтересирана баш за нив, иако колешки кај мајка ми на работа се пожалиле од тахикардија и вртоглавица. Ама секој организам си е различен крај краева.
1 кутија се, 36 има внатре, 1850 денари! да задоволна сум еве ти викам не скратувам од ништо (ок,ипак јадам во помали количини отколку предходно, тогаш јадев ко гуде, ама апчињата се тие што ме спречуваат да гнетам многу) лоша страна им е што устата ти се сушииииии до максимум! а вртоглавица чат-пат ми се деси од кога ги пијам, ама не се посомневав во нив
уште да се надополнам, 1та недела мене некако најубаво ми делуваа, ништооооо немав јадено, по 1 јаболка само на ден, или чаша јогурт, не можев ми се грозеше неверојатно !но, после почнав да си сакам храна, еве да речеме 1 пилешки стек со салата ке ме најадеше од ручек па се до утре! ама ајде ради реда зимав по чаша јогурт пред спиење... сега си јадам и леб 1 кришка доволна ми е верувај ми! п.с се полакомив со пирошкава ја мавнав цела, сега ми се гади тоа е, ќе осеќаш гадост малце повеќе ако мцнеш... на сила ја бутав пола, зашто ми треба сила за вечер па ајде појадок е мајке му
Поздрав до сите кои го користат Слим и сите што сакаат да пробаат напомена вртоглавица ке се јави доколку не се храните не внесувате течности и сите други витамини и минерали кои се неопходни на нашиот организам Слим се потик за промена на начинот на исхрана значи доручек обавезно па после кафе или таблета ручек исто така не се стедете ако испланирате да јадете во 17-18.30 нема потреба ни од вечера во мегу време многу вода сок овошје и зеленчук и резултати ке бидат феноменални затоа сто вие намалувате од количината на храна што ја внесувате а тоа го овозмозува слим нема да мозете да внесувате премногу но да напоменам оброците да не се избегнуваат ова е од мое искуство јас ги постигнав ефектите и супер се чуствувам не е целта да ослабете 10 кг за месец и да имате вртоглавица и шок за организмот помалку кг но поздраво и не се мерете дур не ги испиете сите таблети опуштено резултатите се видливи на крај .