Малку доцна, но еве лично искуство. Намалува апетит, намалува ептен потреба за благо, се намалува килажа. Ама има и нус појави.
На почетокот преголеми болки во стомак и течна столица (симптоми како на стомачен вирус) ако се почне со 2 на ден или на гладен стомак. Со помала количина си се нормализира и не е проблем потоа по 2 на ден. По подолго користење се прави алергија на сонце. Ако се прекине поминува и алергијата. Би додала дека треба консултација со нутриционист затоа што го намалува шеќерот.
Знам, мајка ми зима GLP-1 и има специфични периоди кога јаде. Кај неа лошо делува на коскената маса и зглобовите.
Ако не се лажам тоа е пептид. Не би ризикувала со тоа. Баш периодов почнаа да пријавуваат многу смртни случаи од дел од пептидите. Премногу голем замав земаат, посебно кај младите. Мислам дека се' уште доволно не се истражени последиците. Мислам дека солидна исхрана со нутриционист би завршила голема работа. Одамна се збори за позитивните страни на берберинот, но мислам дека премалку се збори па за несаканите ефекти. Јас го зимав берберинот како суплеметн два месеци зошто шеќерот ми се покачуваше, во комбинација со исхрана. Сега се држам само до исхраната. Дали на мајка ти и препиша дополнителна суплементација како витамин д со к2?