Имам таблет samsung galaxy 10 инчен, но телефонов ми е дека попрактичен па затоа таблетот и го занемарив, не дека не е добар скраја да е само е многу голем и гломазен како за мој вкус. Инаку мој совет за таблет е samsungot,се си има своја цена нели па така и таблетов одличен, нит кочи нит ништо, фунционира со брзината на светлината само што квалитетен телефон си е телефон, попрактично здравје.
А, кој модел е твојот таблет? Значи бев во АМЦ, ми го заменија и пак истото се повторува, чинам дека цела серија од QUART таблетите не им ја бива. Морам да го вратам и овој ама не знам што да правам, дали ќе можам да ги вратам парите назад па да земам нешто поасално, ама веќе ми се одмили да купам нешто од таму. Искрено се разочарав.
Е затоа само Самсунг или Епл таблети се купува. За да нема вакви зафркации. Кварт до вчера машини за перење правеа. Тоа ти е исто како да Вива соковите (поточно Вивакс) да направат утре таблет.
Гледам дека гадно сум се зафркнала. Ај ќе видам што ќе направам. Ете ако ништо друго, совет за останатите што планираат да купат
Како прво таа фирма со таблети никад нема да успее. Не се лажете со цената. Платете подобро 50 евра плус за да не го носите таблетот на сервис секој месец. Кај техниката се знае, квалитетот повеќе вреди.
Ајде де, избрзав, онака го земав колку да ми заврши основна работа, ама очигледно утнав. Памет за друг пат.
Некој Самсунг андроид е мојов , али одличен ми е сега за сега, освен што камерата е слаба. Инаку прашај дали може да земеш друга марка за тие пари со доплата. Нерви ќе искинеш со овој што го имаш , посебно ако си ко мене живчана
Немаше многу избор, а дека сакав 10инчен мислам само овој беше, не сум толку живчана, ама мислам станав од ова со таблетот. Ене го стои, утре пак ќе одам, разочарана од АМЦ, не верувам дека пак би купила нешто од таму.
Од таму сега сакав да си купам телефон. Не се разочарувај па ти , ако не го сменат користи го тој па после некое време купи си некоја стварно проверена марка и не се замарај
Дали некоја од вас го има таблетот Samsung-T560 Nzwasee и како сте задоволни, се мислам дали да го купам.
Се зачленуваш на сајтот zamunda.se, симнуваш торент и после го симнуваш програмчето uTorrent и преку него го спушташ филмот и гледаш. Многу е лесно и едноставно.
Значи исто како и на компјутер, преку торент. Јас мислев онлајн ако има за побрзо, пробував така од таблет, ама има многу вируси. Фала многу
Во сличен проблем како celineparis се наоѓам и јас . Ако може да ми препорачате некоја квалитетна марка на таблети до 8000 - 10 000 ден .