Искрено зависна станав од него.. Неможам. И тука пишувам од него, лаптопот ми е за посебни потреби сега, си одмара го користам само ако сакам нешто да испечатам или за школо да правам... Повеќе сум со таблетот или телефонот ..
Искрено, порано многу ми беше безвеза таблетов, не му ја сфаќав поентата. Нит е мобилен, нит е лап топ. Ни на крај памет не би ми текнало да купам нешто вакво, арно ама сега се загреав да си земам еден. Додека ги чешлав сите сајтови на нашиве продавници за техника барајќи лап топ, наидов на интересни понуди за таблети. Јас единствено би го користела за читање книги. Периодов симнав еден куп е-книги, а читањето пред лап топ некако ми е заморно. Ако имате некој предлог за добар таблет кој одлично ќе ја врши таа работа - би ви била благодарна да ми предложите. Не ми треба за пишување, играње или користење на интернет. Само за читање книги
Анка, за читање книги се пропорачува Кindle, не таблет. Мислам и таблетот е океј, но е ништо во споредба со Кindle. Не ги заморува толку очите, таблетите забораат, не толку брзо како лаптоп ама заморуваат, мене aјпaдот ужасно ми ги заморува очите. А ова чудово е стварно убаво, моја познаничка го има, само мислам дека е само за книги, не е како таблетот како мини компјутер, додуша јас само тоа ја имам видено да чита, може и има други функции Инаку и јас сум намерачена на еден ајпад, си ја имам љубовта со јаболкото јас, ама и другиве таблети се добри, лесни се и практични за патување, наместо да влечкаш лапотоп, а сакаш музка да слушаш, филмче, серија да се гледа, и поише од топ. Само не ми са даваат за таблет поише од 100 евра, а тоа само на старо изгледа..
Во право е Хипстер, ако ти е за читање книги Киндл му е мајката. Еден другар имаше и стварно беше бомбонче Киндлот, баш ми кажуваше дека не се заморуваат толку очите и кога го загледав баш како од книга изгледаа страниците, без силен одсјај. И поефтино дури му се фаќало од купување книги. Искрено, не знам кај нас дали има Кинлд воопшто, он знам дека го имаше купено од Ебау, веќе малку користен ама ептен му се погоди. Во однос на лаптоп, мислам дека таблетот не се разликува нешто многу во заморувањето на очите.
Знаете некоја добра бесплатна апликација за гледање на серии на ајпед? Имам проблеми со картичките и не можам да купувам, инаку најдов една добра aли е 2$.
Жеснки а го има ли некоја од вас овој таблет? Tablet PC Samsung Galaxy Tab2 DualCore 1GHz/1GB/16GB/10.1"/Titanium Silver/A4.0 брат ми денеска го купил , па и јас се заинтересирувам некако , бев повеке за лаптоп но ова ми е некако попрактично. и сакам да прашам колку чини од прилика еден држач и тастатура за таблет?
Не погрешив со тоа што зедов таблет. Задоволна сум, практичен е и ми е најдобро пријателче пред спиење
Феминки, има некоја од вас Samsung GALAXY Tab 2 10.1? Какво искуство имате? Го бива ли? Вака ми има фатено окце и има добри карактеристики. Ми треба појше за работа. Сакав да си го земам па да видам што би ми советувале вие?
Брат ми го има како што го гледам и јас супер е а и самиот кажува дека е одличен , го има веке 1 месец па сега за сега не се јавил некој проблем и јас планирам да си купам кога ке дојдам во Мк , здравје
Па да ти кажам право врска неам ни цена ни место . Мислам дека беше 8-9000. Ама е стварно феноменален! Чудо е, дури побрз ми е и од лап топот .
http://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?Articl ... D=&Action= Феминки, го има ли некоја таблетов, и дали сте задоволни од него ако веќе го имате ??
презадоволна сум од мојов таблет кога не сум на лаптопот јас сум на таблетот и затоа диоптерот на наочарите постојано ми расте
Може да се зборува преку таблет, не преку секој но има таблети што користат СИМ-картичка пример мојот има картичка и постојано зборувам преку него , само со слушалчиња
Феминки ми треба вашата помош. Имам Самсунг галакси таблет и сега имам едно проблемче со него, а инаку сум презадоволна од него. Во последно време батерија премногу брзо ми се троши. Знам дека кај таблетите и смартфоните брзо се троши, но се случува и да се полни на пр. цела ноќ и утрото кога ќе го извадам од полнач веднаш да се исклучи затоа што е празен или да покаже дека е празен. А пред неколку дена забележав дека на едната страна почна да загрева што никогаш предходно не му се случило .. ќе го носам на сервисер но сакав да прашам некој од вас да не има слично искуство.