Дали некој го има користено ZTE Light Tab 2 V9A? Спецификации и слично му знам, ме интересираат само искуства. Тенк ју!
http://set.com.mk/index.php?route=produ ... t_id=39449 некој случајно да не го има овој таблет, дечко ми ќе ми го купи за роденден ама уште се мислиме, дали вреди?
Имам Андроид таблет и кога ке одам да ја заменам тастатурата на друга подршка,несака бидејќи Deafult is English(US) Што да правам,како можам да го поништам тоа и да си наместам да можам и друга подршка?
Ако сакаш кирилица, симни си од Play Store и кога ќе сакаш да пишуваш кирилица долу во аголот ќе ти се појави знакче тастатура, оди на него и ќе ти се отворат опциите (латиница, кирилица) и одбери ја кирилицата. Кај мене е вака.
Не мора да ја слегнеш од Плаѕ Сторе, веројатно ја имаш на таблетот, обично имаат само треба да се активира. Одиш Settings-Language & input-Android keyboard(на страната знакчето за Settings) и тамѕ си штиклираш и Македонски. Потоа ти се појавува на Space, kога ќе кликнеш подолго на него ти дава да избереш Mак или English.
јас го имам тој, и иста цена се со Леново, ама овој е по ок. Не знам и мене ми е нов, ама мислам дека за парите е ок .
Го земавме, сеа за сеа е топ со константно играње држи 4-5 саати батеријата, ќе видам како ќе биде кога ќе го наполнам дали ќе сецка и слично
Колку ти држи батерија? Иначе и јас таков имам некни го зедов,го полнев цела ноќ ама батеријава некако брзо ми бега
Колку ти држи батерија? Не практикувај да го полниш цела ноќ. Не е ова од старите Нокии. Може и ти отишла батеријата зошто си го оставала ноќе да полни.
Мојот денски се полни, ама бавно ко стар мотор е. Сега се расипа (само 3месеца е) и несака да полни. Никаков полнач не прима. Го однесовме во АМЦ и тие пробаа на ист полнач и не сака. Пред две недели го однесовме и рекоа ќе ви го донесеме дом за една недела. А нема ги ни да се јават. Инаку не сум ич задоволна од некстбук. Кочи, бавен е и тоа без игри. А пак коа симнав една му требаше 10 минути додека да се укл играта. И, често се гаси дури и кога е на 40% батерија.
Најверојатно е конекторот за полнење. И не можат да најдат и одолговлекуваат. Ако таблетот не е Samsung или Apple, тешко се наоѓаат делови. Но ако имаш гаранција притискај ги да ти најдат.
Девојки дале може таблетот да се користи како мобилен телефон или пак има само функции како и компјутер? Ивинете на глупово прашање ...
Што мислите кој е подобар? Кој би го одбрале ? http://www.gsmarena.com/asus_memo_pad_h ... b-5492.php или http://www.gsmarena.com/acer_iconia_tab_a1_810-5399.php
Овде низ јас барав низ продавниците за бела техника и беа поскапи, над 500 денари, а јас порачав од ибеј за околу 5 долара, за 7инчен.
Јас имам исто таблет Асус и сум задоволна ,многу повеќе од другарка што има Асер. Плус верувам дека асус е и подобра марка од Асер,тука се некадепо квалитет знам ама сепак повеќе ми ја фалеле асус.
Имаше во АМЦ намаление и си реков да купат таблет земав еден кварт од 4,500 9инци на втора ден се појави линија како да е пукнат екранот го сменив ми дадија ист таков на втората ден иста случка и со него па пак отидов го сменив и зедов7инчен нехтбук зборот ми беше кој што се мисли тој на кварт д ане го зима очигледно се со фабричка грешка цела серија