Дечко ми го има овој, многу е задоволен. Таблет ко таблет - батеријата држи ден-два, понекогаш и до три дена ама ако не чачкаш по него постојано. Не кочи, ама внимавај да не го пренатрупаш со апликации па да не можеш крајот да му го најдеш потоа. Предната камера прави слики со слаб квалитет, но за скајп-муабет е супер, а задната е доста подобра. Самсунг галакси серијата е одлична, без разлика дали во прашање е телефон или таблет.
Да,ама како што гледам има Samsung Galaxy Tab 3 8.0 и Samsung Galaxy Tab 3 7.0 јас прашувам за Samsung Galaxy Tab 3 7.0
Google Nexus 7 Tablet (2013) Искуство,мислење? На татко ми му го препорачале.Овој или Samsung Galaxy Tab 3
Па и двата се добри.Но би ти препорачала Самсунг. Сепак самсунг имаат најдобар тач, и кога си на сонце се се познава на екранот.
Мхм,ама немаш искуство? Сепак подобри перфонманси има Google Nexus 7 Tablet (2013) има на интернет а и поскап е а и така му кажале луѓе што работат тоа,затоа мислев искуство ако има да се сподели,но како и да е фала ти
сакам да си купам таблет..мојот лап топ е претежок и не го сакам повеќе.. барав доста на нет и разгледувам цена со конфигурација.. се мислам меѓу самсунг галакси 3.8 инчи и ајпад.. знам дека самсунг е поефтин па да речам и добар но ајпадот ми е поубав на изглед.може некое мислење ? некој кој користел ајпад и некој самсунг галакси 3.8? иначе вон тема незнам дали знаете ама на таблет може да се инсталира бесплатна апликација ОnLive Desktop и исто како на лап топ односно бесплатно се користат ворд, ексел Видете https://www.youtube.com/watch?v=ql6VayueUjY
Добри се и двата. Со предна камера земи си ако ти треба за видео чат, а со задна камера ако сакаш да снимаш со него.
Да ве прашам нешто вака...Сум во план да си купам таблет Е сега шо функции има поточно во таблетот? Андроид нешто,интернет,да се јавиш некаде,камера,инстаграм,фејсбук,игри,ворд,ексел...? И шо таблет би ми препорачале некаде цена до кај 4.000? Видов во рекламите на АМС компјутери и таму рекламираа таблет од приближно 3.000 денари...
таблетот е преносен уред кој има слични функции на лап топ..таблетите можат да бидат на андроид, Iso, или на WINDOWS. која фунцкија ќе ја има таблатот зависи од тебе но и од конфигурацијата...Јас ќе земам поскап до кај 270 евра некој но затоа што мојот лап топ нечини и сакам да купам таблет со тестатура и да го направам лап топ. не викам дека нема да може со поефтин, но апликациите можат да кочат и да нема толку многу добри перформанси и да не ги задоволат твоите очекувања. општо не би препорачала кинески или тие Quart..тие не се океј и најголем број на сервис се носат од нив.не е дека не чинат сите, туку процентуално се најнеквалитетни иако кај некои функционирале одлично. и да имаат појак процесор од другите брендирани, процесор до процесор е различен... http://amc.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID= ... 02&Action= од амц до 4500..ацер се во првите пет за производство на лап топи колку што знам..
Симона зошто сакаш да купиш таблет ако немаш конкретна цел за која ке го користиш? Јас земав таблет за да читам книги на него, некој зема таблет за деца за играње игри... За да можеш да одбереш таблет треба да знаеш зашто би го користела и после спрема тоа до одредената цена да бараш.
Има некој користено таблет од Philips , зборувам за оние што се до 5000 ден.?Издржливи се?Би го користела најмногу за игри .
Само да ви кажам дека таблет не може да змени лаптоп. Јас имам и тоа и тоа и ќа таблет препорачувам Самсунг или Сони Екпериа.
Јас веројатно ќе го земам Nexus 7,и ако малку подобро се прочита,од Samsung Galaxy Tab3 и од други е подобар,за телефони можеби Samsung Galaxy,ама ако сакате вистински квалитетен таблет Asus Google Nexus 7 (2013) е најдобар.Спаѓа во најдобри 10 таблети,можеби е поскап,ама јас нема да го менувам на секоја година.Еднаш ќе го купам па колку трае толку.А ако сакате за игри,такви работи не мора нешто прескап да биде,јас сакам еднаш да го купам,тип топ да е и да си завршам работа. А и така татко ми вика,нема да купам гом*но таблет А и ми го имааат препорачано Nexus 7,луѓе што работат тоа.Јас прво сакав Samsung Galaxy Tab3 ама ми рекоа тој не! А и луѓе на YouTube што ги соредуваат,Nexus го препорачуваат. Ама зависи за каква намена ви треба,јас мислам еднаш да купам таблет,немам намера да го менувам на година-две.
Јас имам Samsung Galaxy Tab 3.Го добив на поклон веќе 7 месеци го имам и можам да кажам дека е супер.Играм игри,гледам филмчиња ептен е добар. Камерата не му е лоша,како за таблет океј е.Има предна и задна камера,мада ја повеќе ја користам предната. Не е многу голем,ама мене ми е супер бидејќи сакам такви практични таблети.