Имам леново таблет, и кога ќе симнам слика, или се сликам, автоматски ми ги префрла на гугл плус акаунтот, како да направам да не ги префрла?
Ете го мојот таблет, од кој сум презадоволна. Инаку имам користено и IPad кој е 100 пати подобар од мојов.
Можеби прашањево е безврска,но за што служи сим картичката на таблетот?и дали ја имаат сите таблети или само некои модели?
Сим картичка? Да не мислиш на мемориска? Затоа што мојов има плус за мемориска картичка, не за сим, и не ми е сфатливо за што би служела сим во таблет. Инаку jас го имам овој, ASUS Memo Pad HD 7 (ME176C): Спојлер и не можам да бидам позадоволна. Има еден од најдобрите екрани во поглед на тачот и боите, батеријата исто така доста држи, ма од раце не го испуштам. A плус е и ефтин.
За да се користи како мобилен телефон. Може да правиш и примаш повици исто како и на мобилен телефон. И не, не сите таблети имаат слот за сим картичка.
јас го имам овој http://amc.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID= ... 70&Action= го имам веќе година ипол и многу сум задоволна досега не ми кочел а имам многу игри на него и сега му е падната цената ја тогаш поише го купив
Феминки користи некоја од вас Lenovo таблет? Како сте задоволни? Во Т-мобајл ми го препорачаа овој, Lenovo 5500, ама се двоумам дали да го земам.
Значи се ми беше океј со таблетов и пред неколку недели го користев и се испразни бидејќи не го користам многу често.Денес го ставив да се полни и не реагира.Викам ај да не е до штекерот го ставив на друг штекер пак не реагира.До што би можело да е?Инаку имам Samsung Galxy Tab 3.
Девојки имам еден мал проблем,значи батеријата на таблетот ми трае многу малку,понекогаш и само 1 час ако го користам цело време. Некој совет,искуство нешто што да правам ??
Имам ваков, стварно супер беше, батерија ептен држи, ама нз шо му стана. наеднаш се ми се укл претежно од десна страна на тачот. Можно ли е да е до него? Дали може да се направи. инаку супер си беше, ептен бев задоволна. ама сега така ми стои, го спакував.
И мојот така правеше. А сега, и да не го користам, за 2 саати скроз е празен и сам се исклучува. Всушност, веќе не ни работи. Не сака да се полни. Среќа што издржа барем 8 месеци.
И јас со истиот проблем.Децава само го дополнуваа и празнеа и рикна батеријата после 8месеци. Знаете ли колку чинат батериите за Леново таблет во МК?
Ние имаме Google Nexus 10 инчен... презадоволни сме (јас и мојата фамилија), одлично работи, не кочи, никаков проблем до сега пу пу. Од странство го земавме не знам дали ги има кај нас, али вреди.