Чекајте сега, не знаете вие кој ви го купува подарокот? Кај нас е скромна сума, 300 денари, и се купуваат шалови, книги, некоја чаша за чај, марами итн. Забава, никој не се лути. Мене ми пријде колешката и ми кажа дека таа ми ја купила книгата. Со неа на почеток бевме во ок односи, после откако дојдоа повеќе колеги, таа се осети како загрозена од конкуренцијата и пробуваше да кодоши, секого, па и мене и тие обиди беа смешни и заврши на понизок оддел, но не се решила да купи скршен подарок и да си молчи. Јас на колегите имам купувано рамки за слики, шољи за чај, се мислев и за некое така фино пенкалце со привезок. Не дека е нешто, ама па за 300 денари лимит толку можеш да купиш. Патем и на сопругата на газдата и купија марама, и таа доаѓа на состаноци, па после си коментираа „леле, подарокот е нискобуџетен, жената носи брендови, ама ај бидна, толку можеме“. Абе сега западно, не западно, па и моминските и ергенски вечери и тие јавни запросувања од каде се? И Свети Валентин од кај е? Сигурно нема да копираме обичаи од Индија, Пакистан, Сирија, Иран.
Најзагижувачко е како и се нафрлија на Нина уште од сам старт, нешто до неа било, таа не чинела, а не тој што купува таков поклон. Како изместени вредности да се негуваат на форумов, во моментот кога некој ќе си пиши нешто искрено, прават булинг од забава. Мене тоа ме загрижува повеќе, од фалш поклоните.
Ми купил колегата пакетче од Краш најголемо, како извинување за скршената чинија, не знаел дека е скршена, сега се е супер, среќна сум.. Мислам дека е стипса малку, ама му падна незгодно вчера кога кажав дека мојата чинија била скршена пред сите, без да знам дека е од него нели, па затоа купил.. После тоа дојде и ми кажа дека не знаел дека е скршена, а денес ми купил пакетче.. И да, како испадна она, скржавиот плаќа дупло..
И сеа? Задоволна конечно? Мило ми е. Ејј собра храброст и кажа? Епа добро си напраила. Ако си ќутиш ништо не добиваш. Така си е, шо е за право.
Поарно да ти кажам. Бајадерата више е бљак и не вреди 5 пари. Мене више не ми праи мерак пакетче, џабе коа ја нема мојата омилена Дорина.. Какви поклони бе, се би дала за пак да ја вратат. Како ќе се израдувам да ја добијам ама нема. Ајде, на здравје пакетчето нека е.
За тебе ако не е глупост Сикрет Санта, за мене е глупост, и не учествувам во тоа, си разменуваме поклон со една колешка блиска, и не на работа, или ќе седнеме негде или по дома. И не, не дека не сум друштвена, таму сум на работа и треба да сработам, имам со кого да се дружам после работа, и сигурно за некое парталче како што пиша нема да легнам болна, сама ако не си купам ќе очекувам од некој. Тоа е забава, изгледа вие не го сфаќате тоа, туку материјално. Членка пиша на некој колега му купиле бастум дека имал 45 г., и што треба да легне болен, сигурно на 45 нема да носи некој бастум освен од некоја болест. Тоа е зафрканција пред се. И ете не знаел дека е поткршено. Ваквите што загледуваат кој што им донел, утре на гости ќе ти дојдат и ќе кажат ништо не си им принел на маса.
Ма каква бајадера. Има Домаќица. @нина122 давај тоа наваму. Повеќе се радувам на Домаќица отколку на пукната шолја.
Добри се и тие ама не ко чоколадото мое најсакано. Замисли, со години више како го сонувам, вака коа е сезона на пакетчиња уше потешко ми е. Којзнае дали има некој таков вкус да се најде ама ист да е или ептен сличен.
Аууу, а те знае дека вака си потпишана на форумов? И после не чинел колегата. Ете се попрaви, добар е, супер си е.
Ете ти божиќна приказна со среќен крај. Американците имаат скроз поинаков менталитет, ова овде со увезени традиции што се прави е пародија, најмногу кога се пари во игра.
А таман мислев веќе никогаш да не учествувам во вакво нешто, ама сега океј е и до година пак ќе купам скап поклон.. Спремајте се наредна година пак да ви плачам..
Нина е млада, може е емотивна и затоа така тешко и паднало. Јас не би се лутела да сум на нејзино место. Не загледувам толку. И да е поткршено ќе си молчам.