Ете, гледаш дека не треба да судиш и да се разочаруваш. Кој е човек, ќе се извини и ќе надомести. Ова е и повеќе од солидно извинување. Па, подели нешто со сестра ти.
Зе надевам ова е тролање, ако не е, многу ми е жал што некој олку се замара за ваква најобична и неважна работа.
Сама го потпишав, да не мислите дека сум нашла слика од пакетче од интернет.. Сигурно некој рандом колега не знае како сум на Фемина потпишана..
Мажот ми си доби мултифункционално џебно ноже ( од оние со ноже, отворач итн). Среќен беше си рече таман за в кола да го чувам да се најде. И тој поклонот што го даде беше скромен - книга! Зошто за ваква забавна дешавка, место симболични подароци се очекува нешто скапо, некој бренд? И шо има врска дали е ИТ сектор или некој друг. Скромноста ја изгубивме луѓето општо, наместо на гестови се радуваме на брендови. Јас и по децата мои гледам, за жал. Од толку што добија подароци веќе не се ни радуваат ништо не им значеа близичките од вујна им денес. Ми падна криво, се разочарав… се замислив. Ќе превземам мерки со време, ќе разговарам со нив па и ќе им скратам ако треба од многу удоволување некое време, да не станат од тие луѓе што ништо нема да ги радува освен скапи подароци. Мене па и скинато цветче од улица некој да ми подари, ќефој сум. Нема да дозволам моите деца да се поинакви.
Нема симболични подароци затоа што колегите треба да се натпреваруваат кој поскап поклон ќе купи. А не размислуваат дека можеби некој едвај го поминува месецот. Ама и не треба да се претерува со користен или оштетен поклон. За веридбата од некои гости добивме само бонбониери. И најискрено... Подраги ми се бонбониерите отколку користениот соковник од роднината на маж ми.
Оваа недела имавме таен Дедо Мраз на работа и беше мошне интересно и забавно, сите подаривме/добивме убави и практични подароци, цената на која се договоривме беше до кај 400-500 денари но јас земав маалку поскапо бидејќи кога подарувам сакам да го погодам подарокот. Се на се интересна игра(?), мене ми се допадна, сега ја чекам 2025.
Апсолутно се сложувам. За тоа со соковникот немам збор. срамота е користен соковник (ко носени гаќи да си дал некому хаха) Муабетот ми беше, ме разочарува фактот што луѓе паѓаат во депресии поради лош поклон, па оговарања, па префрлања. До кај дојдовме? Порано на роденден кај другарчињата одевме со поклон тетратка и молив, и сите бевме пресреќни, оти важно ни беше на роденден да ни дојдат/да одиме да се забавуваме. Поклонот секогаш беше маргинална работа. Сега за родендени детски, шо ти свадби, една недела поклон одбираме, и пак на мајката нема да и се бендиса, или на детето. Абе да се ужива треба во ова Сикрет Санта, да биде интересно. Што рече една членка, дури и комични подароци мајтапски да има. Мај Тајм, Зара, ти реков ми рече, па уште пувкари, сосе ќеси брендирани ги носеле, да се види. И после плачки дома, депресии, овај даде ова, онај она… прегледувања. Баталете скроз, не требаше поентата на Сикрет Санта тоа да е.
Истово си го помислив. Кога влегов во темава се осетив ко во паралелен универзум, се запрашав дали јас не сум нешто во ред или не читам како што треба. Сикрет Сента не е задолжително. Во секоја фирма, друштво, круг на познанство учествува тој што сака (со чест на исклучоци, прв пат тука видов дека кај некој било задолжително). Кога веќе се нафаќаш да учествуваш своеволно, тогаш треба да се потрудиш за човекот што ќе го добие поклонот да се израдува. И воопшто не е тешко, постојат сто работи што се ситници, а може на некој да му ги купиш и да го израдуваш човекот. Буквално и да не е нешто посебно, убаво ако се спакува и те како може да биде нешто интересно. Не е воопшто пријатно да се нафатиш да учествуваш во вакво нешто, а при тоа никој не те терал, да шлапнеш скршен поклон сосе цена, или да ставиш нешто колку ради реда. Или направи го нештото убаво или ич не го прави. Јас си тргам од мене, за сите сикрет сента годинава што ги правев се заангажирав максимално, пребарував wish lists, па одев да ги спакувам, па доставав и чоколади со божиќни мотиви. И кога веќе се трудам, очекувам и другата страна да се потруди. Годинава баш убави подароци добив, тоа ми покажува дека луѓето навистина се потрудиле и ме почитуваат. Да ми поклонеше и мене некој скршен тањир што го собрал туку така (не се ни потрудил да одбере артикл што не е оштетен) и мене ќе ми беше грдо. И во ред е да не ти се купуваат поклони, да неќеш сикрет сента, да не ти е интересно ова, ама бар тогаш огради си се и не му го расипувај меракот на некој што навистина се радува на подароци и го сака овој период. Вака ем се нафаќаат да учествуваат, ем 0 интерес и ефорт за поклоните. Епа не бива така другари.
Правиме на работа и искрено ми е интересно ,иако најчесто се многу некреативни подароци Бидејќи може да се деси цела година воопшто да немаме контакт со колегата што ни се паднал па имаш подарок два чаја со чаша од good nature. Мислам сериозно ,лани 80 % тој беше подарокот.. Годинава ми е колега заебант ,се мислев нешто за заебанција да земам ама сега @jacqueline.s ми даде идеја со џебното ноже. Повеќе би сакала нешто практично што ќе си го има да подарам.
Не бе еве и кај мене имаше secret santa. Мене ми се падна најдобрата другарка (од 2к луѓе баш таа ) и баги се истрошив, а за возврат добив нешто многу ефтино бидејќи му се паднав на непознат. Неам проблем со то, бидејќи 1. Така очекував и 2. Поклонот не беше оштетен. Така да, во поглед на оштетеноста и јас би се почувствувала навредено, но дека цената е 99 денари стварно ми е апсурдно да се навреди некој. Кај мене испадна и роденденот да се поврзи, па ете од тимот ми купија торта и поклон ама то е друга тема. Инч горната граница беше 300 денари.
Си добив од самата себе и од мм, не учествувам јас во ова, инаку имам единствена желба што не може никој да ми ја подари, така да не ме интересираат вакви работи. Најмалку ми е важно Сикрет Санта, па да ме оговараат по форуми ако не сум им го погодила подарокот. Инаку не за Сикрет Санта, туку за Нова Година ми подарија убав свеќник, јас им подарив нешто симболично на сите.
Secret Santa според мене треба да се прави во друштво, со луѓе што ги познаваш и што ти е мило да им поклониш нешто ете како традиција. Се друго не ми е баш јасно зошто се прави ниту има баш потреба од такво нешто