Што е со темава и коментариве? Ај опрајте се сите, сте запнале да си мерите кој колку дал и што добил. А и ти башка, тие пари потроши ги за блиска личност која ќе црни и ќе и погодиш. Ем луѓето немаат пари ем на работа не се сакате сите така да жити мене малку призејми се и друг пат потрезвено. За сикрет санта секогаш сум подарувала книга од 300-500 ден и тоа е тоа
Требало тие 99 денари или да ги донира или да ги фрли. 1 денар некогаш е многу! Биди благодарна што си добила подарок, цената не е важна!
Не можам да ги разберам луѓето, шо се налутени и разочарани од поклони за Secret Santa, особено во големи колективи на работа.
Па гледај ти даваш 1000 ка за некого, карихирам. А тебе ти даваат поклон од 300 ден. Нешто најобично. Ти се трудиш, бараш по интернети. Е сеа има секакви луѓе што сакаат да земат, не сакат да дадат. Некој нит сака да дава, ни да зема. И сл. Ако не, тој сикрет санта нека го направат кој сака, кој не.
Чекај, какво прво никој не те тера да се трудиш да мислиш и да фрлаш пари толку за колега што веројатно не го ни знаеш добро (или ич). Второ, треба да има договорено буџет за да се избегнат ваквите разлики во цената на поклоните. Стварно толку сериозно го сфаќате ова сикрет санта на работа? Ние на пример сме премногу луѓе, таман работа при срце да си земав толку што ми поклонил некој што не ме ни знае најверојатно. Буквално it's not that deep. Со друштво е друго, сосема е очекувано да се трудиш убав поклон да подариш, ама и таму се договара буџет, плус ако и таму ти даваат "обичен поклон" за кој се гледа дека не се потрудиле, треба да се запрашаш во какво друштво си. Јас подарувам подароци тој период чисто оти сакам. И честитки праќам. И тоа не со очекување за да ми вратат (иако во повеќето случаи ќе ми вратат), мене ми е убаво да ги израдувам оние кои ми значат. Ете јас таква сум, сфаќам дека секој е различен, ама едно од работите што ме вади од такт најмногу во друштво е лицемерие. Во смисла да подаруваш "ради реда" и/или да се преправаш дека ти се допаѓа добиениот поклон ама прва прилика пред некој друг да го исплукаш. За мене секој подарок е значаен сѐ додека е искрен и со љубов подарен.
Истото мислење го делам со @Amellie13 Има многу поголеми проблеми во светов од тоа шо ми купиле за Secret Santa од на работа. Воедно, тој лимит од пр. 1000 ден. е максимум, а не задолжително некој да потроши 1000 ден, шо значи можи и од 50ден и од 500 ден поклон. Навистина не очекувам во голем колектив некој да ми погоди поклон.
Ние на Коледе си менваме поклони. Не сум возбудена дека ќе добијам нешто. Возбудена сум дека ќе дам. Толку.
А зошто на тие Сикрет Сента глупоштарии не се стави одредено финансиско ограничување, на пример подароците да мора да се од 500 до макс 1000 денари, и сите да бидат среќни и задоволни?
Се става, барем таму кај шо сум учествувал имало. Меѓутоа погрешно се толкуваат тие ограничувања. Ако се рекло до опрделена сума, тоа значи од 0 до таа сума, а не стрикно за таа сума. Воедно, не знам луѓето шо очекуваат некој од работа да им купи, особено ако не им е близок…? Никој не им е крив на тие шо се трудат, пребаруваат и вложуваат во поклонот, а за возврат очекуваат да го добијат истото. Не функционира тоа така, за жал…
Секогаш има. Дур задолжително е да се внеси на страните шо се креира евентот за влечење имиња. На работа буџетот ни беше 300 пример, со друштвата околу 1к. И малку е глупо да има голема разлика ама некои си се поблиски и си земат, некои мислат ако дат поќе ќе добијат поќе - а тој е буџетот. Башка шо целата идеја за SS е да дајш нешто чак и симболично, да се обележи Божиќ и пријателство. Мене башка ќеф ми е да давам. Секогаш сум поќе возбудена за то шо давам. На то шо добивам возбудата му почнува дури од ко ќе го добијам. Не ни мислам уз пат дека ете и нешто ме "следва".
Не ја разбираат смислата ,а учествуваат,многу ме иритираат таквите ама многу .Веќе пишав во темата слушаме не осудуваме,баш за сикрет санта.Па намуртени лица после,па коментари,да ти се слоши.
Шо знам, не сум учествувал до сега, ако учествувам некогаш, цената на подарокот лично би ми зависела од личноста за која што ќе треба да купам. Ако повеќе „ми значи“ односно имаме подобар однос, ќе дадам повеќе пари и труд, ако не, помалку. Нормално, не можам да очекувам исто од рандом личноста што ќе се погоди мене да ми купи.
И како прво ова Сикрет Санта, не е наша традиција, не знам зошто воопшто прифаќаме некои амерички или нз какви туѓи традиции, па уште очи си "вадиме" за нив.
Втора година учествувам во Сикрет Санта на работа, и оваа година беше поорганизирано. Кој сака учествува, не е морално за сите. А овој пат имаше опција и да кажеш што сакаш, индиректно, во рамките на буџетот. Што е супер, бидејќи не секој знае што сака колегата за поклон. И двете години подарокот не ме разочарал, ниту пак ме израдувал 100%. Лани поклон добив чаша, убава и квалитетна но ништо специјално, ЦФОто ми беше Сикрет Санта. Годинава добив голема шнола за коса, дебели интересни чорапи и Линдт 100гр чоколадно мече. Не знам од кого. Задоволна сум, како желба ставив шнола, бегер торба, чорапи, сет обетки и уште нешто не ми текнува. Буџетот е меѓу 700-1000ден. Јас минатата година подарив книга со сет божиќни обетки и Линдт чоколадо, а последно шише црвено вино, чорапи и мое омилено чоко барче, каде виното беше околу 750 ден. Затоа што имаше бележка дека сака вино и чорапи, и не сака шољи и свеќи, толку. Двата пати ми се падна женско колежка. Не ми е многу важно што ќе добијам, ниту пак што ќе дадам. Интересно ми е да учествувам и се додека сметам дека тоа што го давам е на место, и тоа што сум добила исто, не сметам дека работата е место за големи очекувања за подароци.
Ние имаме ама кешки да немаме. Голем дел од колегите ми ја немаат таа култура, де Шерлок Холмс мисии да се дознае кој е, ем поклонот малку да не им е по кеиф, оговарање, овој лани ова ми зеде не ми се верува, оваа оваа година арно зеде се посрами се научи да купува поклони дрн дрн... моментот кога почнуваат тие лаења по канцеларија знам дека ми е смачено. Јас што многу сакам да купувам подароци за други, од оваа практика ми одмили.
Годинава се одлучи да се има таен Дедо Мраз 5 до 12 и можеше да помине подобро но мило ми е што на личноста и се допадна подарокот што и го дадов како и тој што мене ми го дадоа.
Е ова. Како можи возрасни личности вака да се однесуваат…? Во вакви ситуации, баш како шо рече, поарно да не се организира.