Поголема глупост од ова нема. Америчка идиотштина на разменување подароци, кои ти се максимално непотребни, од луже кои не ти значат. Прво, не те познава добро никој, па така ќе добиеш поклон кој е генерички. Второ, возрасни сме, се што е до 1000 денари можеме саим да си купиме, шише алкохол, шолче, чорапи, книга... апсолутно не потребни трошоци. Цела фирма од 100 луѓе троши пари и време, за да купи нешто за некој кој не го знае и не знае што сака, ама да пази да не го уговараат. Секоја година кога некој спомнува ова, го гледам онака у очи и си викам, ејјјј колку си глуп? и се откажуваат. Од таен дедо мраз, само маж ми. Не знам кога и што ќе ми купи, ама знам дека ми треба и го сакам тоа што го купил.
Целта на СС е да го упознаеш подобро тој што ќе ти се падне, е сеа што има луѓе што не се замараат е друг муабет. Поготово во големи тимови каде не секогаш проаѓаш време со други колеги е убаво да се зближиш, “истражуваш” омилен филм, бенд слично. Тие луѓе што уопште не се замараат најчесто ни за нивните блиски не се замараат и купуваат ради ред или на веќе кажано. И не мора да учествувате, ептен е едноставно.
Ако не ти се допаѓа, не учествувај. Не можат да те утепаат ако не сакаш. Ако учествуваш, не купувај од 1000ка. Купи нешто од 300 или 500. И нема да се разочараш ако разликата меѓу поклоните е помала. Па и никој нема да те тера да го задржиш добиеното. Преподари го и готово.
Точно. Поентата е уствари ова, да го запознаеш другиот, неговите интереси. Кај нас е вака, се одвива низ цел декември, во тој период оставаш три мали подароци, "големиот" е уствари кога се откривате еден со друг. За големиот подарок има ценовни лимити. Кај нас учеството е малтене задолжително, го сфаќаат како неволност да се интегрираме и соработуваме. Не е на нотар потпишано ама сите си знаат и сите учествуваат. Многу е убаво ако како што рече вистинската намена и цел е проследена. Пример еднаш, една колешка малку ѝ попратив сториња, гледам еден филм многу сака, еден од подароците беше сет подметки за чаши со мотиви од тој филм. Ама, кога ќе почнат да гледаат по кеси колку има од Зара колку од поскапи брендови на големиот ден, голем притисок е. Не е работата колку пари ќе потрошиш, работата е да оствариш некоја конекција со некого со кого што поминуваш подолго време од денот отколку со домашните. А мислата е најважна. Искрено мене највеќе ме радувала содржината на картичките, сите се изложени, дома си стојат си имаат место.
Затоа што на некои тоа не им одговара. Госпожата сака сите да даваат по 1000 денари затоа што на неа така и текнало. А некој можеби ги нема тие пари. И наместо тоа да биде забавно, станува каша попара.
Ти грешно го сфаќаш ова. Некој има поголеми трошоци од тебе, па и да сака не може да даде поклон од иста сума како ти. И онака не треба лутење за нешто што е мало и симболично и за кое не си обврзана да го задржиш.
Но дури и да ги има некој тие пари, апсолутно негово право си е и да не ги даде. Сепак не сите заработуваат пари исто и некој си ја цени таа 1000-ка. А за колеги со кои не се дружиш во личен живот, нема потреба од волкаво ангажирање околу поклони. Уз пат нешто интересно ќе купиш, колку да учествуваш и ајт со здравје.
Овој "настан" не треба да биде наметнат. Затоа што има луѓе кои можеби се во финансиска криза. За нив и 200 денари се многу, а не па 1000. Треба да учествува кој сака. Јас не сум учествувала. И не планирам. Сум давала подароци на оние колешки со кои бев поблиска. Нормално, тоа се случуваше кога не бевме на работа. Нема логика да купувам подарок за колешка со која едвај имам муабет.
Јас мислам секаде има опција да не учествуваш, не купуваш и не добиваш, без разлика на причината. Дека постојат луѓе кои имаат преголеми очекувања од "настанов" постојат, ама тоа е личен проблем. Иако, замисли, имало ситуации да се жалат во човечки ресурси дека не биле задоволни од поклонот, а тие вложиле многу. Мислам...
Ама некои мислат дека тоа е наметнато. Ако не сакам да учествувам не може да ме натера некој. Од старт кажував дека нема да учествувам.
Како сакате сфаќајте. Се видело од форумов. ГОСПОЃИ. ГОСПОЖИ. Никој не рече некој да ми даде поклон во вредност од 1000ка. Нека е и 100ден, слатко пакувано. Јас лично сакам да давам подароци. И дур си даваме вака, може за хуманитарни цели да ги даваме парите. Ко веќе одиме на таа карта
Јас оваа година си добив сет крпи ама новогодишни хехе.. Јас купив нешто ситно до 200 денари исто, и баш ми беше интересно, низок буџет, сите добија нешто ситно, од типот на чаши, јастучници, украсни новогодишни, капи, шалови, и мислам дека со ограничување на буџет се долови поентата.
Ако се однесув ова на мојот коментар, не беше наменет за тебе. Туку за оние кои одредуваат сума за подарокот, без да прашаат дали тоа е во ред. Подобро е да се даде помала сума, отколку поединци да се натпреваруваат кој купил поскап подарок. Па уште кога ќе речат дека не си колегијална ако не учествуваш, коса ми се крева. Ако сакаат и 100 евра нека дадат за подарок. Јас 1000 денари не давам. Толку давам за внуката и нема сигурно да ставам некоја од колешките на исто ниво со неа
Само со друштвото организираме сикрет санта, се познаваме меѓусебно и секогаш си ги погодуваме еден на друг подароците. Затоа е полесно кога играш со луѓе што ти се блиски, него ли со рандом колеги од фирма.
Не на секој му е пасија или значење - слатко спакувано или општо подарување. Сите сме различни. Има луѓе на кои не нешто посебно им значи тоа и тоа е во ред. Сите сме различни со различни желби, потреби и сфаќања. Некој смета дека специјално пакување на поклони е непотребно.... пример. Тоа не значи дека е лош или никаков човек. Како може толку значење да придавате на толку незначајни работи, ме чуди.