Ти сигурно ќе беше пресреќна со оскуден поклон, или па од овие што даваат такви поклони си. Многу алтруисти на форумов денес.
Па нема сигурно да се напалам во стил - само ако дознаам кој е, ќе види тој убаво. И тоа за некој си таму. Мислам смешно е.
Ништо нема да види, бидејќи ќе го ставам на игнор од сега па засекогаш.. Ама не ме интересира кој е, бидејќи не сакам да се замерам со никого..
Искрено да ти кажам, од кога видов каков подарок добив, како во депресија сум, ништо не ми се прави, дојдов на форумот да се искажам, бидејќи некоја нервоза ми доаѓа од внатре, ќе пукнам.. Си викам оди купи си поклон што сакаш, имаш пари, ама не е тоа тоа сама да си купам.. А и малку сум разочарана од моментот секој со секого денес си се фалеа какви подароци добиле, јас не отидов ни на пауза бидејќи ми беше срам да кажам што сум добила.
Де бе Нина, па ти ако очекуваш од друг, ќе дочекаш.. Иди и баш така ко шо рече, купи си сама шо ти е мерак, одма ќе се орасположиш.
Ни мене не би ми било сеедно. Замислете меѓу сите поклони од Зара/Мај тајм/Битсиани, вие да добиете кутија за сапун од 100 денари од Базаро (на пример). Стварно е глупо и мизерна е постапката. Ако се договореле унапред 200 денари да е сумата сите ќе имале тракатанци од бит пазар, колку да поминат ради реда и сите ќе купеле евтин и ќе добиеле евтин поклон. Едино во таков случај би било океј и би ти било сеедно што и да добиеш. Затоа фер е да се каже однапред ориентациона сума за поклоните.
@нина122 Убаво размисли за однесувањето на колегите надвор од подароците, нека ти текнат микроагресии. Ќе сфатиш кој не те свиѓа таму. Лесно е.
Не верувам дека е до парите, колку што е до почитта. Јас пример за сикрет санта купив шал и ракавици на Steve Madden, добив шоља за чај, длабока чинија за мусли и привезок за клучеви. Мене лично не ми беше битно што сум дала и добила, ама од таквите подароци ко мојот, многу мои колеги одбија да земат учество оваа година. До негде и разбирам, мислиш што кому ќе му одговара, пакуваш да личи на нешто, а ти добиваш све за 99.
Нина ако те интересира мое мислење, јас искрено мислам дека тој некој те читал и препознал на форумов, односно за случката со дечко ти и роденденскион-поклон- кромид, па на овој начин сакал потајно да ти помогне и тоа веќе да не ти биде најпромашениот поклон што си го добила. Евентуално некоја карма те следи од прошли живот и ете удрила баш на добивањето поклони, односно несреќа по тоа поле. Ама пак ти си знаеш. Како и да е не дај се Нина, и се најдобро.
Ама викате сума да се каже, ок еве и да се каже, ако е некој што нејќе да дава поради разни причини мислите ќе го почитува тоа? Ете и да не е до пари, а да нема срам од другите, не може да се присили никој да троши повеќе отколку што имал намера, џабе се нервирате. И да, многу е над 1000 според мене ама добро, имала желба она, дала, никој не ја терал нити па треба да очекува дека најмалку толку би добила и она. Различни луѓе, различни карактери, различни перцепции.
А колкав буџет имавте вие? Да очекуваш од почит подарок минимум 50 евра е малку не знам...такви работи ко ти што си добила најчесто и се носат на сикрет санта зашто е за симболично одбележување, не мерење кој повеќе има.
Не мора да е од 50€, али 600 денари е една пристојна минимална сума за која може да се најде шал, капа или марама од пристојно место..
25 евра беше максимум што можевме да потрошиме. Јас мојот поклон го најдов на снижување и одлично се вклопи со цената. Не се мерев со поклонот, ако целиш на тоа. Но, за 25 евра чаша и тањирче од едно евро ми е некако ептен заебанција. Колешка доби дедо мрљз плишана играчка, остана вчудоневидена ко виде. Не сме сите луѓе исти, не се внесуваме исто, затоа и пред договор за сикрет санта се договора за сумата. Ако се сложам на 25, толку и ќе потрошам, плус минус. Ако немам, не учествувам. Симпл ас дет.