Срцка отепани се луѓето, и да не сте кажале цена, ќе купам една книга и чоколадо и чорапи и готово. Да не се прави на будали ако немаш пари ќњ речеш не учестуваам немам пари не сме деца, тој некој е идиот глуп ај шо купил па и цена … мислам..
Јас за Сикрет Сента до сега не сум чула за минимум, туку за максимум што мислам дека е многу попаметно и се знае дека ако макс е 1000 денари, купуваш нешто за околу 1000 денари, не за 200. И најубаво си поминуваат сите кога никој не се прави паметен и купува ненормално многу над буџет, па на другите им е непријатно, ниту пак кога некој ич не се потрудил и подарил нешто ко на Нина поклонот.
Според мене подарокот треба да е нешто новогодишно и симболично. Евентуално нешто сезонско, ама пак да не се претерува. Поентата е собиранка со колегите на работа колку да се обележат празниците, а со подарочиња да биде ете малку позабавно. И уште поинтересно би било кога би се носеле подароците рендом, сите на куп и влечење, па што ти падне, ти падне.
Girl, не се жалеше ти и лани дека си добила евтино пакетче или што и да беше? Maybe you're the problem.
Ама ајде.. дечко да ти подари зеленчуци, и тоа за роденден, и ги читав постовите.. Ова го оправдувам ако она дава шити подароци прво, во спротивно не.
Ретко се сложувам со @нина122 ама тука е во право. Не мора да се купи скап поклон, може да е нешто ептен евтино ама убаво. Со оглед на тоа што поклонот бил оштетен, целта им била да ја навредат и понижат. Ама со таква постапка не го понижуваат колегата, туку самите себе.
Ние годинава правевме со влечење, се вика Yankee Swap / White Elephant, ќе напишам во спојлер ако не знаете што е, поинтересно е и може да има доста plot twists затоа што може да се заменуваат поклони. Плус пошто не знаеш на кого ќе се падне твојот поклон треба да е нешто неутрално. Наместо некому лично да штимаш подарок, баш беа едноставно забавни и новогодишни подароци. Спојлер: Yankee Swap Се собираат сите замотани подароци на куп, се влечат бројки од 1 до вкупниот број на особи. Личноста со највисок број прва бира поклон. Секоја наредна особа си бира поклон од купот, НО може или да го задржи поклонот што го отворил или да го смени со било кој веќе отворен поклон. Личноста со број 1 може да бира од сите поклони по свој вкус (јас ја имав таа среќа хехе).
Да бе, сѐ на неа некој ѝ купува евтини чоколади, зеленчуци и искршени поклони од 99 денари. Јас искрено не верувам на приказниве.
Искрено insane e партнерот да ти купи зеленчуци за роденден. И да се нереални приказниве што ги пишува, факт е дека во повеќето фирми нема колегијалност. Јас барем така би ја сфатила темава, ако не трола.
Така е, сум добила ваков подарок, рамка за слики, стара ко напукната малку, заврши в канта за ѓубре... Исто како и тие што ми го подарија завршија таму...и тоа за роденден, од школски другарки, ако може така да се наречат.
Јас не сум фан на ова. Целиот концепт ми е мех и не гледам никаква потреба на работно место ова да се прави, последниот пат не ни учествував. Можеби со поблиско друштво, па вака да си размениме подароци, ама на работа дефинитивно не.
На работа кај нас нема избор за не учествување, а баш мислам дека треба да е избор. За некој шо не можи/не сака. Буџет треба да има секогаш и пробвам да се движам со него (со некоја стотка во плус) пошто природно е некој кој платил ете 1.2к да се осети незадоволно со значително поефтин поклон. Ама исто на отворањето, тој со значително поскап поклон прај да е непријатно на другите. Колку и да ми се мили личностите нешто благо над буџет се движам. Па ако ми е мила личноста можам да додам нешто вон сикрет сента.
Ние имаме буџет. Лани добив книга. Не би се лутела што и да е подарокот, ама и не сум фан на играта. Што ако некоја колешка е во кредити, па и пред празници ќе се замара да ми купи не знам што? Може се истрошила, може нема пари при крај на месец, а друго, тешко е некому да му погодиш подарок.
Па освен ако не ги најдеш истите не знаеш дали стварно биле толку....пошто има од чаша до чаша, има чаши и за 70 денари и за 1700. Исто и привезоци. Нема везе, се согласувам дека ако се каже дека ќе се купува поклон за до 1000, се купува за до толку. Не знам дали е реална приказна(ми личи ко да не е) ама факт е дека некои луѓе секогаш во вакви групни ситуации гледаат да се извлечат со најминимум и најмалку труд што е онака скроз без везе. За принцип е повеќе. Исто и спротивното, купување многу над договорената сума е само за покажување.
Реално понижувачки е за 99 денари. Има опција ако немаш пари не учествувај. Ако кажеш тргнете ме од влечењето неќам да учествувам никој нема да те натера со сила да учествуваш, дури и по дифолт сите да учествуваат. Ама убаво му/ѝ било на тој да си џапне убав поклон и да ќари.
Не сум учествувала никогаш, предложив на работа да правиме ама немаше заинтересираност. Колку што знам, за ова нема одредено долна туку само горна граница на сума. Јас да сум, би предложила до кај 700 денари максимум. Знам дека повеќе од 700 никој не би дал, дури и тоа е многу. Епа можеби и тој на кој му се паднало да купи за Нина, не сакал да се троши баш. Мене не ми е важна толку цената колку самиот подарок, прифатливо ми е да е нешто евтино, а убаво.
Не знам чија приказна не ти личи за реална, мојата или на членката што се пожали прва. Мојот подарок го најдов во теди, одтаму и таму колку е потрошено. Како и да е, не планирам да се убедувам на форум, нити па да ти докажувам дали е вистина тоа што го зборам. Поентата ми беше дека некои луѓе секогаш ќе гледаат да искористат, најмногу па колеги.