Сакав и јас да го пишам истото. За мене ова е глупост. Никогаш не сум учествувала во такво нешто. И за родендени не сум давала пари. Кажував однапред дека нема да учествувам. И одма имаше реакции. Демек... Не сум била колегијална. Каква врска има тоа со колегијалноста Ако веќе се организира нешто, треба да се одреди сума. Факт е дека оние кои имаат пари се стиснати и гледаат да поминат што е можно поевтино. Што ја вртам колешката Стојна? Доста и е филџан од 100 денари. И навистина е неубаво сите да добијат убави подароци, а твојот да биде чкљ подарок.
за коментаров. Ако очекувам нешто од колегите таман работа, сама ако не си купам тоа што сакам ќе очекувам од Стојанка. Сепак тоа е само игра и забава, и кој гледа што добил и да се лути зошто добила поклон од 99 ден. подобро да не учествува, за мене тоа е глупост и не учествувам во таква глупост, се знае со кого се разменува подароци, со најблиските. Ама ете кој сака да учествува ок ама нека не се лути, може има некои други трошоци па не може да си дозволи, јас го сфаќам како забава. Исто и за роденден само со една колешка си разменуваме. Со другарките сме се договориле никој на никого да не купува, како децана мали ќе собираме пари и на ти го дај ми го, има кој да ми купи па и самата ќе си купам, не очекувам од други.
Јас ако немам пари нема да учествувам. Ако веќе сакам да подарам нешто на колешка, тоа ќе и го подарам кога ќе се видиме после работа. И не мора другите да знаат. На едно место кај што работев славеникот требаше да донесе торта. Не се прифаќаше ништо друго за частење.
@нина122 ОК е да си разочарана дека чинијата била поткршена. Ама, за цената... Треба да прифатиш дека некој нема да те цени исто како друг што те цени. Можеби е до тоа. Помислата треба да ти биде побитна од цената. А, што ако не е до тоа? Можеби е до џебот. Некој не може да си дозволи да потроши колку што сте збореле. Можеби има некој огромен долг, а му било срам да каже. Ако и наредната година организирате, гледајте да бидете појасни дека е во ред некој да не учествува. Ова треба да се организира со право на избор за учество. Глупо е ако некој очекува или ги тера сите да учествуваат. На некој и месецов може да му е шити и тежок поради доживеана траума или трагедија, па не му е до ваква „традиција“. И организаторот треба јасно да каже дека е потполно во ред некој да рече не.
Точно, и ние не си разменуваме на работа, туку после работа, или на гости ако отидам или дојде, инаку и јас кога работев на едно место само торта мораше, а сега нешто крем банани или Атлантис и сок.
Јас прв пат слушам за ова од вас. Од мои другарки и другари никад неам чуено да праат таква работа, ниту пак јас сум ја правела кога сум работела, ниту моите колеги. А кога давате подароци? Мислам кој ден? За католичкиот Божиќ ли? Ова ми мириса како само во Ск да се дешава. Од мојот крај се собират колеги и колешки, одат на вечера и толку. Ама ова новогодишно, не божиќно.
Не бе има и во помалите градови, оваа година ептен е актуелно. Подароци се знае со кого се разменува, ќе чекам јас од некој/а подарок.
Ова како во Америка. Таму си организираат Сикрет Санта. А оние скржавите ова го сфаќаат како мајтапење. Да и ја видеше фацата на Митра кога го виде дезодорансот што и го купив.
Подобро е кога ќе се каже купете подарок за 300 денари. Отколку да се оставаат одврзани раце. Иако, тој што има намера да даде малку, пак ќе даде малку. Не можеш да спречиш некој што решил да потроши 100 денари. Лотарија е подобра варијанта. Што ти се падне, тоа.
Па во основно ние така правевме, лотарија на 31-ви, собиравме цело одделение по 50-100 ден и влечевме, што ти се падне тоа. А не сега ќе собираме, како деца да сме.
@RainBow Ставете некој убав вовед на темата за Таен дедо мраз, со објаснување што е.. Прво мислење сте ставиле мое каде плачам за евтиниот поклон, ќе се добие впечаток дека сите даваат таков подарок..
Јас само сама на себе си купувам убави работи излеа.. Ме следи некоја лоша среќа со поклоните.. Ама не чекај, оваа година за Нова година од дечко ми добив електрична четка за заби, ептен ми го погоди подарокот, да не биде само се жалам, за малку ќе ја заборавев четката за заби, Орал Б.
Boze boze glupa ideja, nikoj so stap ne ve tera ko prvo, ko vtoro sram bi mi bilo so otepan poklon da odam. Ne e losha idejata , zabava , mesto da zemash ogromen poklon udiras na sitnici koi se ubavi ili univerzalni I jas sakam
Лани се жалеше за пакетчето на сестра и колку било сиромашно, сега за ова. Ептен материјалистички гледаш на работите. Заборави едно време дека и ти се жалеше дека немаш пари пред да се вработиш.
Кај нас се виде разлика во тоа што жените одма многу се размислуваа што да купат, се гледаше дека се трудеа, а мажите воопшто не, па на крајот една колешка доби само чорапи а една цвеќе од бензинска пумпа (дека заборавил човекот па сабајле на брзина купил) . И, така тие што ги извлекоа жени добија стварно нешто убаво. Ама тоа е повеќе за забава, ние немавме минимална цена туку максимална цена рековме до 20 франака.