Абе уште еден мотив повеќе за оговарање на работното место. Ете болна падна оти сите се фалеле со скап поклон а на неа срам и било со ефтиниот. Епа некој толку може. Може има кредити, фамилија, од кај да знаеш за што му се парите. Зошто да дава за тебе 1000 денара кога едвај те познава.
Она па ако стварно е озбилна, а не трола ептен се повреди леле, ко којзнае што да се десило. Трагедии. И памет за другпат, ваљда ќе и дојде да не купува толку скапи работи и да фрла пари, симболично треба да е кога веќе решиле да учествуваат. А не докажување кој поише ќе даде и ќе се покаже. Се губи поентата така, а може па и тоа е поентата, не знам. Шо дека у јака фирма работеле, нема везе тоа. Тој или таа може и имал пари ама ете не сакал, негово право. Му е гајле дали ќе се брука или не, и како другите ќе го гледаат. Мене само ме зачуди тоа што скршен поклон дал, ако е вистина. Тоа не е коректно и бруки е, освен ако ненамерно се скршило.
Да, баш сега се сетив, лани една другарка тука од странство, католик е, и на работата колегите си купуваа поклони и ајде и оваа кусо да не остане, отиде за 100 евра поклони купи и после се жалеше оти нема да и стигнат за јадење да докупи. А самохрана мајка е. Епа кој те тера да купуваш скапо кога немаш, ама вика дека срам и било ефтино оти сите скапо купувале. Епа ќе си трпиш тогаш. Нема да јадеш.
Не се работи тука за имање/немање пари. Нина во ИТ работи, секој може да си приушти да купи некој поклон за некоја океј цена. Не морало да биде 1200, можело 500 денари. Тоа што Нина е размазена како тоа детето што се жалеше што му дале бајат сендвич со растителен кашкавал, тоа е друга тема. Тука се работи за основна непочит меѓу колегите. Намерно смислено сценарио за да се омаловажи и понижи Нина, поради не знам која причина. И, не е прв пат. И претходно пиша како само за неа не порачувале храна кога јаделе заедно и не ја прифаќале. Тоа е и поентата на еден колектив. Да се има здрава средина за работа каде секој може да се чувствува удобно и прифатено, макар професионално. А не да се вперува со прст. Никој од вас не би сакал да се најде во таква токсична средина, нели? Затоа и постојат тие од НR да не дозволуваат такво нешто да се случува меѓу колеги. Ама како што гледаме, им чуе. Долно е кога овакви игри кои треба да бидат за забава се користат за овакво нешто. Па, колку и да биле глупи.
Тоа да. Ама има колеги кои сакаат да се истакнат и ти наметнуваат да купиш скап поклон. Нема секој да одвои 500 денари. Или кога ќе слушнам им текнало на некои Собираме по 500 денари. Треба и ти дадеш. Прво треба да биде со договор. За мене забавно може да биде и со ситен подарок. Не мора да е нешто скапо.
Абе неможеш некој да натераш да ти даде ако не сака. Ако е работата за поклон од 1200, треба да се напомени дека треба да е од 1200 а не ДО 1200. И јас да работам во ИТ, а со тие колеги да не зборам после работа и јас би им купила по една чаша. Да ми се поблиски ок, ама за не блиски луѓе не давам повеќе.
Ја промашуваш поентата. Не се работи за цената, туку за тоа што не ја прифаќаат во колективот и го користат секој начин, па и ваков за да и покажат.
Епа шо да правиме сега ние? Шо да прави она? Она мисли оти ако купи скап поклон и ќе ја прифатат. Мало морген. За такви само едно пакетче џваки треба и чао. Ако вие не ме прифаќате и јас не ве прифаќам.
Офф леле. Па као божем она знаела дека ќе и направат вакво нешто? Гледаш дека пробува да се вклопи во колективот? Поради тоа сигурно земала и учество. И поклон во ценовен ранг како сите други што земале. Да сум бил јас, немало да учествувам. Уствари не ни учествувам јас секако. Ама тоа некогаш уште толку знае да те направи црна овца и да ја префрлат вината на тебе, дека не си колегијален, дека ти избегнуваш дружба блаблабла. Како и да е, на никого нема да му е сеедно во ситуацијава да не биде прифатен на работа. И, бар овде на форум ако некој решава да се олесни, не мора да го напаѓаме. Новогодишен амбиент е насекаде. Намалете со токсичноста за момент и бидете малку поемпатични, за промена.
Како ви е убаво да измислувате работи за мене што никогаш ги немам напишано ејјј, алал вера.. Мене ми е супер со колегите, ептен сме си погодени, тоа што за Сикрет Санта сум се паднала кај рандом колега со кого скоро никогаш немам контакт е веќе друга работа. И ве молам веќе да престанеме со темава, си пишав да си се искажам, ми го ставија мислењето прво и цел филм се направи..
Па ти така имашe напишано порано дека не те прифаќале колегите, те делеле. Извини ако сум разбрал погрешно.
А може и Нина не ги прифаќа колегите. Знаеш ли колку е напорно да имаш колега кој ги иритира сите со понашањето, колега кој е незадоволен од се, колега кој мрчи постојано. Таквите се неприфатени. Секаде има минимум по еден Нина може е таква. Каков колектив треба да биде за да го прифати таквиот колега или колешка. Јас имам таква колешка, веруј не сакам да ми се падне ако имам Сикрет Санта.
Хахахахаха интересно стана. Нина сака малку драми, досадно иначе си е и тапа па убаво е малку да има напнатост и да се размрдаме. И нели ќе пратеше слика да видиме каков е тој фамозен поклон, лп затворени ти се. Значи по се изглеа скржав е колегата, а не дека има нешо против тебе, така да не се замарај ич штом небитен бил и си немала контакт со него. Секоја прича има две страни инаку.
Знам де ама слика рече имала, за спомен да го чува. Шала на страна ама и други приметиле дека Нина често преувеличува и аздисува. Како и да е, она најдобро си знае шо било.
Нина малку повеќе се преценува, и ок е да имаш свои стандарди, ама да омалуважуваш некој не е ок, исто и да паѓаш во депресии оти ти купиле чаша или тањир а не кашмир шал.
Е шо да кажам више понатака, тролче се надевам е, не за џабе сама си рече дека тука јадела банови поише отколку што години има, не ќе да е само изглеа ради различни ставови и мислења ама ај нека и биде. А баш сакам трол да е и да не игра сите отколку да се нервира за глупости, треба да олабави малку.