Сикрет Санта ми е многу симпатична дешавка. Се огранизира и во фирми, но и во друштво. Тој што не сака да учестува, не мора. Ама кога веќе некој се согласил, срамота е да се прават вакви цигански финти. Ако е минималниот буџет 1200 денари, тогаш поклонот треба да е во таа вредност. Или не учествувај. И да не го знаеш добро колегата што си го извлекол, има куп убави неутрални подароци со кои не може да се згреши. Секако дека @нина122 има право да се лути и да не и биде сеедно.
Може е и тоа, не викам не. Ама повторно, долно е овака да се постапи, во секој случај. Треба да се задржи професионалноста. Приватно веќе е друго. Ако не сакаш некого, и здраво може да не му/и кажеш на улица, твое е.
Јас учествувам во една група на инстаграм порано кога читав книги имаме една група од околу 15 сме што членуваме и еве веќе неколку години правиме Сикрет Санта и до сега сите убави работи ми подариле и јас на нив дури и за ќерка ми праќаат, а не се познаваме од различни градови сме скоро сите. Важно е книга да купиш а останатото што сакаш.
Професионалноста треба да биде во работата. Пошо тоа е работно место. И поклон си е поклон. Дали ќе биде чаша или скап парфем, поклон е. А ова вашето е натпреварување кој повеќе ќе даде. За поклон не се прашува колку пари е. Ако веќе ви е дојдено до поклони, можете и надвор да се соберете, па да си купувате поклони. На работно место нема потреба да се гледа кој повеќе дал пошо тамо одиш да работиш и да извадиш пари.
Се знае на кого ќе купам поскапи подароци, и тогаш ако имам, не секој знае со какви проблеми се соочува некој, за што им требаат парите, и на блиски ако немам ќе им купам нешто симболично, важно е вниманието па макар и едно лампионче или сувенирче, таа сакала од Зара капут, може чизми.
Така е, јас за матурска и полуматурска сум добивала по едно чоколадо, и шо требаше, да зеам да плачам оти не ми купиле скап поклон? Битен ми бил гестот, и тоа шо дошле да ме испочитуваат.
Јас откако почнав да заработувам не се ослонувам на поклони. Порано кога немав пари, одвај чекав роденден или некоја слична дешавка, за да добијам нешто што го посакувам а сега искрено не ми е битно дали некој воопшто нешто ќе ми купи, или ќе ми купи дезодоранс. Еднаш знам некој ми имаше подарено дезодоранс и се израдував, зошто само што го потрошив мојот а имав уште неколку дена до плата, и си реков топ. Што се однесува до Сикрет Санта, во последната фирма кај што бев начекав, и немавме избор дали ќе учествуваме. Газдата ни рече дека подарокот треба да биде од 1000 денари, што искрено за мене беше прескапо зошто малку заработував, ама склопив подарок од повеќе работи и на колешката и се допадна (ако не ме излажала ). Ете, мене лично ми е непријатно да купам подарок од 100 денари зошто многу се припотресувам околу подароци, ама искрено би сфатила доколку некој нема пари (а во некои фирми прават ко да е задолжително да се учествува во Сикрет Санта), и може малку мех ќе се осетам во моментот ако добијам, лупам, тефтер ама на крајот на денот, не знам јас на таа колешка што и се случува во животот, па купила подарок од 100 денари, може и ме неќе бе. Сега сме барем возрасни, можеме сами да си купиме она што ни е потребно и/или го сакаме, сигурно нема да се ослонувам на Сикрет Санта што се случува еднаш во годината за да добијам нешто убаво. Впрочем, некој може и 1500 да потроши на подарокот, а да не е по мој вкус, така да пак ни цената не игра улога некогаш... Мислам дека многу сериозно се сфаќа ова, па и плачки да има за Сикрет Санта подарок..
Се Американско превземавме, многу филмови гледала каде се купуваат скапи подароци, па така и очекувала, па поткшен бил одоздола, па и мене за дома ми се случувало да купам малку оштетени работи, таму се ок, кога ќе дојде дома поткршени, сигурно не го поткршил намерно. Еее од вакви колешки оговарачи. За тоа најдобро да нема и крај. Ќе се оговараме кој на кого што му дал. Тоа е за забава и се купува нешто симболично, гестот е битен.
@нина122 не е ставена тука на тапет за навреди. @Black girl е банирана од темава на три дена. Намалете малку со тонот и пристојно изнесете си го мислењето. Го дополнив воведот за малку пошироко да се дискутира на темата.
Е така, ова е најбитното ама кој да сфати. Замислете вака сите да даваа, симболично и од мерак и да не се потресуваа кој, што, како, колку. Многу попозитивна и попразнична атмосфера би имало, а не ова сеа шо се дешава. И стојам на тоа, џабе и најскап поклон, а зад грб триста сопки ти местат ама нели битно сме се испоштувале фејкерски. Не ми иде никако ова у глава.
Баш така, јас со човек шо не се поднесувам или знам дека ми праи сплетки позади грб, ни сакам да ми даде нити ќе му дадам. Или ако веќе мора да се учествува, ќе зеам нешто ефтино и ќе поклонам. Всушност и за сите шо ги знам и не ги знам така. Поскапо може само за вистински пријатели и фамилија. И нема да се лутам ако од човек шо не го знам добијам чаша или тањир. Инаку, кога веќе е дојдено времето за давање поклони, мислам дека не треба да се кажува цена до колку и од колку поклон. Кој колку има и шо сака нека поклони.
Факт е дека тука има луѓе кои работат во различни индустрии и секој има уникатен поглед на овие работи. Според мене, Сикрет Санта е интересно и секогаш сум учествувала. Лани еден рандом колега кој го сретнав во лифт накај пауза, се испофали дека немал купено поклон и ќе одел да купи. Се врати од купувањето и гледам го остава пакетчето под елка, и погодете на кого му се падна? Така е, мене ми се падна. Во пакетчево имаше украси мини и рандом работи кои сигурно не чинеле повеќе од 200. Не се изнервирав искрено заради цената колку што ме изнервира low effort. За вакви работи, има една златна продавничка во Лептокарија, најубави чашки има, земај и терај. Тефтери, планери, или шишиња за вода. Ако не ја знаеш личноста, купи нешти општо. На крајот од денот, треба да се сфати дека со секакви работиме во фирма и дури се случува некои да си добијат поклон а да не дадат. Е ела најди ги нив Ја сфаќам Нина, it’s not that deep и требаше само да се издува.
Ова е нормално и така треба да биди. Ама за жал на работно место многу малку се мирисаат луѓето. И најчесто се делат на групи. А ако ги покани газдата колективно некаде, дел откажуваат, само да не се гледаат. Многу шит однесување, што би рекла @Curious cat ама таа е реалноста кај нас. Ако си има проблем со колеги, не ја прифаќаат, не треба ни да прави Secret Santa. Интеракцијата со нив треба да биди на работно место, only.
Заклучокот од темава е, доколку на неколку души концептот не им е познат, или пак не им се допаѓа, воопшто не треба да постои и да се забрани со закон! Впрочем како и за многу други работи кои биле предмет на дискусија на форумов. Што се однесува на secret santa, до сега кај шо сум работел и работам се организирално, но имало и определена сума - истовремено и мин и макс. Значи се купува подарок во вредност околу таа сума. Меѓутоа сметам дека сумата треба да биди симболична, за секој да можи да си ја дозволи, целта на концептот забава, а не добивање скапи и персонализирани подароци.
Е така е. Само ретко кој го сфаќа тоа. Кај поголемиот во школо (во Мк) имаше лотарија секоја година. Учителката и класната кажуваа подарокот да биде максикум 150 денари. За тие пари има избор за ситници. Тањирче, шолја, украс, чорапчиња, навлака за перница, и др. Вакви подароци носеле децата. И сите среќни и задоволни.
Вие скромните што би подариле? Сигурни сте дека сакате да се срамите со поклон од 100-200 денари? Во случај да има минимална сума.
Јас не учествувам повеќе во secret Santa, пошо лани како друштво решивме да имаме скромни поклони баш со сума до кај 150/200ден. И пошо сите други знаеа дека едно од девојчињата дава користени поклони, некако се надеваа дека нема она да им даде поклон. Long story short. Јас не знаев и стварно земав океј поклон. И мене ми се падна поклон од гореспоменатото девојче. Користен кармин и отворена крем банана. Да ова!! Без трошка срам ми го даде пред сите поклонот. И коа видоа другите од друштвото дека годинава мене ми е ред за таков shit поклон, им олесна па и се насмеаа.
Тоа што го пишав. Од гордост тивко го прифатив поклонот. И го дадов мојот на трето девојче. А јас зедов парфем од Рефан таман за некои 100ден плус чоколадце. И веќе не седам со такви луѓе на маса. Пошо ова се прави на многу места, особено ако се оставаат под елка поклоните и не се знае кој точно што донел.