На што личи ова? Па за 100 денари нека купи едно чоколадо и еден сок. Бог да чува и да брани, срамота. Самата поента е да се купи нешто што ве асоцира на тој кој ви се паднал. Навистина е грозно ова што го направила па и го дала така.
Ова на пример е претеризам. Не дека ќе ми биди криво шо сум дал поклон од 200 ден, а сум добил отворен кармин и пола крем банана, туку нема смисла. Зошто, ако веќе знаат, не е отстранета од играта?
Пошо беше повеќе како зезанција, онака да дадеш чоколадце. И никој од нас не беше вработен па hence таа сума. А не очекува човек нешто вакво. Но океј. Колегите овде на работа пред некој ден правеа Secret Santa, ја истрауматизирана не ни сакав. А сега на работа баш беа океј
Колку вакви ситуации има кај што ти носат глупости што не ги користат или купено нешто колку да им пројде редот за купен поклон. Скоро сите познаваме некој ваков лик што истово го прави и за secret santa, родендени и немаат срам. Вечито овие се на изговор "толку можности имам" или се скржави со пари и за други луѓе не сакаат да потрошат ништо освен за себеси. Е, од вакви на секого му е одмилено и secret santa и што и да се организира со повеќе луѓе. Затоа и не очекувам ништо посебно за поклон по било која пригода од никого зошто често човек ќе се разочара, секој трет човек гледа што поевтино да пројде кога купува поклони. Сум учествувала во вакви работи, глупи ми се баш ради вакви ситуации, ама вакви работи има и за родендени, било какви прослави, секогаш има циции луѓе и ништо не ме чуди. Глупо ми е да се двојам и учествувам кога сум била прашана. Гледам и меѓу колеги е популарно многу годинава, кај мене колегиве не организираа такво нешто, никој не ни спомна, не се ни познаваме премногу, прв пат од есента се запознавме, па и подобро можеби излезе за да нема вакви ситуации. Една година организираа едни колеги ама поделени со "одбрано друштво од пола колеги" и другите колеги не ни бевме прашани дали сакаме да учествуваме. Тоа уште поглупо беше, со поделби по некои нивни причини. Јавно ставија стори дека организирале, така и дознавме другите. Мизерија. Тие се делеа и за покана за одење во кафана колегијално, ужасни колеги беа. Со вакви secret santa организации секогаш има некој навреден заради некоја причина. Дали не си прашан, дали глуп поклон ти дале... Со друштво правиме, со одредена сума до 250-300 денари, симболично. Со поблиски повеќе ми има поента ова. Иако, на саканите им купив поклони и без secret santa повод.
А што е срамно да купиш подарок од 200 денари ако е солиден? Ко, еве да речеме некоја убава новогодишна декорација. Ако има одреден буџет океј, ама ако нема, сериозно не гледам причина да мора да дадеш 1000 за поклон на колега.
Убаво пишав погоре дека некои тоа го сфаќаат како мајтап. А повеќето од нив имаат пари, ама се стиснати. Гледаат да поминат што е можно поевтино. Ако е договорена сума од 200 денари, не гледам ништо срамно да се однесе поклон за таа сума. А за тие пари наместо користени работи, подобро да однедат чоколадни бонбони. Ама некои уживаат да се потсмеваат. Јас сум јака, а ти си никој и ништо.
Ја распнавте Нина, ај да не глумиме и јасно да си кажеме дека сите сакаме убав поклон. Да се тргнела цената, сега немаше ни да се спомне ова. За IT сектор ова е баш понижување и намерата е баш злобна со цената. Единствена маана би било тоа што бил потскршен поклонот. Ама тоа би се препишало на тоа дека поклонот е кршлив. Колективот може да е покварен и тоа асално ама средината за мнозинството не е токсична, зашто за нив е нормално. Сега ги оправдувате, да сте биле вие на мета ич немаше да ви биде смешно.
Ситуацијата на Нина е навистина непријатна, ни јас лично не би сакал да бидам единствен со поклон од 99ден. Меѓутоа, првата грешка е шо немало определена сума, бидејќи и колку и да “се знае” се случуваат вакави работи. Втората грешка е шо воопшто се организираат вакви работи со цел давање/очекување скапи поклони, без разлика дали се работи за маалски дуќан или ИТ фирма, битен е гестот и досетливоста.
@Waverly Raven па не се толку нерешливи грешките. Тој/таа ќе тргнел цена и решено. Немала да знае колку чинел поклонот. Втората, тоа во фирма си го решаваат дали ќе е скапо или не. Извини, ама има разлика дали е IT фирма. Не велам дека поклонот по дифолт да е скап, ама од ИТ едноставно поинаку си го регулираат. И на крајот, сикрет санта е. Не е задолжително да се учествува, само што кај нас е срамота да си кажеш и мора да следиш некои правила во духот на фирмата. Нели, да не излезеш црната овца.
Како поинаку си го регулираат од ИТ? За secret santa критериум е да добиеш клуч од кола или стан? Пак ќе повторам, промашена е поентата. Очигледно дека secret santa не смее да помини без зголемување на личниот net worth.
Ептен. Одма им иде паметот на скржавост и омраза. Ама, треба да размислат дека на некој не му е сјајно дури и платата да изгледа добра. Не е секој слободен да признае дека е заглавен во долгови. И сосема нормално е некој да нејќе да потроши иста сума за туѓинец како што троши за свој.
Членката уште во првиот пост ја искоментира само цената на поклонот и затоа ја нападнаа, а во друг пост се дополни дека бил скршен. Пак ќе кажам, не мора да е од 999 денари поклонот, и за 99 денари можат да се најдат убави поклончиња, ама срамота е да дадеш оштетен поклон. Јас тука ја разбирам фрустрацијата.
Од ИТ се специјалци. Разбравме. Сите треба да им се поклонуваме и да им се обраќаме со Ваше Височество и ако некој им даде поклон од 99ден., треба да му летне главата како во времето на султаните.
За свадби носат оштетени поклони, а не па за вакви настани. На мене срам би ми било да отидам некаде со скршена вазна, на пример. Најдобро е симболичен подарок. Ама некој да очекува дека мора да се дадат 1000 денари, ми е Спојлер На едно работно место (отприлика месец бев вработена) една колешка ми рече - Треба да ми дадеш 200 денари, затоа што на Х и е роденден во петок (го земав петок за пример). Сите даваме, па треба и ти. Јас и реков - Не давам пари. Она - Ама зошто? И реков - За мене тоа е глупост. И одма реакција
Неможам да проценам дали падавицава на Нина у вези Сикрет Санта е вистинска или предновогодишно тролање и заебанција. Јер ако стварно паѓаш у несвест за поклон од Сикрет Санта од колеги не знам како да кажам ама нешо не ми е ок. Поентата на тоа ми е баш спрдање и заебанција а не мерење кур кој поскап поклон ќе купи. И ние во фирма имаме ваков догаџај (баш утре ќе ги делиме) и увек ни се заебанција поклоните од типот на шефот му дадовме бастун пошо има 45 год или ќече или микрофон играчка на колега што е по пеење и сл. Е сеа ние од потресителни побуди како на Нина одлучивме максимална сума за поклон да е 500 денари баш зашо е некоја симболична сума и да нема падавици од типот зашо Трпана добила поклон од 2.000 а ја од 200. Мене оваа година ми се падна колешка шо ми е ужасно одбивна и не ја сакам па сакав да ја спрдам со танга и коцки со секс пози да пробува со маж и дома мжда ќе ја усреќи тој, па нема да биде смор на работа ама се пишманив у задњи момент и нешо друго и земав. Не знам ние Сикрет Санта го сфаќаме како шала и заебанција а не како нешо шо треба да ме фрли у депресија.
Дури и да било лажно, а не верувам дека е, дел претеруваат со реакциите. Како само неа да и се случило, а не и нив во одреден период од животот. Еве лично, имам појдено на роденден, во супер ресторан. Славеникот ни кажа на сите по колку пари да му дадеме за поклон (искрено подобро, оти не ми се мислеше што да купувам). Кога појдов во ресторанов, видов дека го поделил друштвото, со едни правеше муабет, а на други им вртеше со очи и не ги перцепираше дека постојат. Келнерот ја донесе тортата, ја изнасликаја за на стори, а потоа му рече спакувај ја, ќе си ја носам дома. Никој од нас, таа вечер, торта не проба. А јас мерак за благо, и до ден денес ми е криво. Инаку знам дека темава е за сикрет сента, ама си реков да си се надополнам, сепак си има некои сличности.
Можеби и стварно претерав со реакцијата, ама очекував многу, очекував Зара или нешто така а не добив ништо, и следствено на тоа големо очекување доаѓа и големо разочарување. Еве денес мајка ми ми купила подарок шал, многу му се израдував, бидејќи ми го купила од срце..
Не ми беше тоа поентата. @нина122 јас те сфаќам и иако со твоите мислења не сум се сложувала скоро никогаш. И мене би ми било криво да сум била на твое место. Не претера, него тука се сите демек не одбиваат поклони, а во друга тема отвори дадов/добив ќе ги видеш сите со солиден поклон. Нејсе, тоа е. Едит: @Spicy Senorita ти имаш доста случки и убаво е кога човек има, чисто да се добие и друга перспектива на нештата. Има сешто, само да не се налета е муабетот.