Не очекувај скапи подароци од не толку блиски личности и колеги. Во денешно време секој гледа да помине поевтино па дури и за најблиските, така што ситуацијава не си ја сфаќај лично, туку како нивна некултура. Мене лично би ми било испод чест свесно да подарам оштетен подарок. Тоа го разбирам како - не сакам да ти подарам, ама ајде еве колку да не е без ништо. Подобро биди директен и не давај отколку да правиш лице. И ако некој од старт се искаже дека нема финансии и му се потребни пари, или не сака да учествува поради х причини, мислам дека сите ќе имаат разбирање. На крај краева не сe мали деца па да прават драма за secret santa.
Ох, неее. Себичната Нина шо работи у ИТ се љути шо кутриот колега слеш колешка шо зима социјална помош и има жена и три деца, и купил скршен тањир, па толку бил грижлив и цената што ја оставил залепена. Сигурно од срам и трема... Абе ај коа ќе почнете да продавате тука муда за бубрези, све Мајки Терези. Кој со здрав памет, и без задни намери подаруе скршен тањир, па уше и со цената изад? Не можел нешо друго за 100 денара да купи, ако толку му бил буџетот? Не можел барем читав тањир да дае? Не можел цената да ја извади? Не можел колач да испече барем, у тањирот да го стаи? Ја коа работев пред 7 - 8 години у една џиџимиџарница, една вампирка купи сет демоде филџани за 299 денари, и тоа за пола саат едвај склопивме еден демек читав сет (не пукнати, али со нецелосна апликација) оти фелер роба на кило ги купуеше газдата. Ги купи за на факинг свадба! Па и да се лутела за на сестра и пакетчето, нека се лути. Може исто и на неа и дава се оти ја сака, а ваа и купуе пакетче од 100 денара. Она има право да се лути, ваа има право шо сака и уопште дали сака да купи нешо. Али затоа памет за друг пут. И ја се просеравав првите години у Немачка, се килавев фрлав пари за луѓе ај остај шо нишо никад не ми купиле, него ли шо не ме ебеле ни 2 посто, али касно укапирав. Дали се лутев? Да. Дали сеа само со едно чоколадо на пола цена после Божиќ поминуеет? Исто да.
Работава заслушнале не дослушнале Кога веќе се копира нешто нека се копира до крај. За secret santa се одредува сума до колку пари да кошта поклонот и после тоа нема лутење оти отприлика сите потрошиле иста сума, е ако некој сака да потроши повеќе ОК негов избор. Кај мене на работа максимум е $20, дури и некој да потроши само $12 се е во ред никој ништо нема да рече или да се налути, важно сите добиваат по нешто и сето тоа го правиме повеќе за забава и за да се одбележи денот, не ни е многу важен поклонот
Ауууу ако се ИТ сектор да не треба кола или стан? Божееее. А па од Зара што е толку квалитетно жити се? Зара како кој знае што марка да е , поготово кај нас, ништо квалитетно. Ај барем ќе си сркаш супичка Тие поклони на таа тема се од драги и блиски, а не од рандом колеги. Не се споредува ова, и јас купувам скапи за блиски, Сикрет Санта е забава, тоа треба да се сфати, а не да се очекува скап поклон. Не ти е добра споредбава. Да, секој сака поклон, ама не очекувам од колеги и колешки.
Реално на никој не му е дојдено до ова, со сила го прават и се глупираат само поради тоа што е наметнато да мора да се слави, како и црните фрајдови, денови на вештер(к)и и сл. Што дојде добредојде само да е од САД
Фали уште абортусот да ни го скратат и таман ќе сме. Ќе си патиме од "неебаница/ неебица" . Само се чудам сеа од шо патиме.
Ќути бе ај, мрчатори најголеми ќе испаднеме ние, ај да не им кршиме филм и квариме атмосфера, нека тераат. Ко да не знаат што е и како е. Од паметот..
Намерно испревртувате или стварно не ја разбирате поентата? Мизерно е да дадеш оштетен поклон, без разлика дали работиш ИТ сектор или продавачка во трафика.
Следен пат и она нека даде оштетен поклон. Како они со неа, така и она со нив. Кога гледам дека некој не се замара, што има јас да се притресувам за поклон.
Пишав поназад, и мене ми се случило за мене да си купам оштетено, таму проверувам се ок, дома гледам оштетено, не верувам дека намерно оштетено купил. Маживе па што гледаат дали е оштетено или не, и самата пиша одоздола било, може не видел.
Лол. А цената шо е оставена? Или и за тоа некое трето оправдување ќе најдете. АДХД имал не глеал цени. Или вие давате лоши подароци па ве боцка кога некој отворено ќе каже дека е за никаде, или сте многу наивни. Друго нема.
Е како може да не видат што купуваат? Или така им одговара. Спојлер Имам пишувано за случкава. За веридбата добив на подарок користен соковник. Го донесе блиска роднина на маж ми. Жената има пари. Ми се згади кога ја видов нечистотијата. Освен тоа, кутијата беше оштетена. Маж ми тогаш ми рече - Сигурно таков и го продале. Кого прави он будала. Никој не ти продава користена роба.
Да, да. Секако. Го донесе за мајтап да си тера. Е па затоа кога син и правеше свадба и јас и маж ми си теравме мајтап. Оттогаш ја снема жената. Ако некој има да даде 1000 денари за поклон, не значи дека и другите имаат.
Сакаш да кажеш дека во ред е да биде нешто во стилот "парталче", дека не ти е во близок круг или не сфаќаш што е темава? Следно купи и ти нешто оштетено, евентуално остави ја цената и брукај се дека они се само колеги и колешки, во превод небитни. Свашта.
И Санта Сикрет е предизвик и тест за човечност. Биди човек , потруди се и на најнеомилениот колега да му подариш подарок кој ќе му извлече насмевка на лице. Во спротивно, зошто би се потрудил да повредиш нечии чувства ? Да ликуваш на момент ? Самиот себе си да се убедуваш колку си интересен и неоптеретен? Лесно е со милите ти луѓе да покажеш добрина и душевност, иди да те видам збуни го оној кој те нервира, ако веќе ти припаднало да го даруваш..... Така да, разбирлив е гневот на Нина...како шлаканица неочекувано да добила....нечовечно и неприкладно во моменти кои радосни треба да бидат, ако се следи идејата поради која се практикуваат....
Колку Гринчови на темава...сикрет санта било глупост, давање пари за роденден исто така, шо ако некој купил глупост... Мора да сте многу забавни во друштвото.
Истите што даваат потскршена чинија за сикрет санта од се за 99, истите после одат на свадба со користен соковник или со сетот фалични филџани од 299 денари. Не дека младоженците болни ќе легнат од поклонот, ама што е срамота, срамота е. Ако веќе немаш пари, не оди. За немање осет и грам срам е повеќе муабетов, а не дека даруваниот глаата ќе ја врзе од мака или воопшто нема да се замара.
@Bratot, ко за некој кој му смета све западњачко, па и еден мочан таен дедо мраз, некако многу ти се дрви на дотични Баби Свињи, Лазаровци и ОнлиФенс инстаграм мамички...