Гледав уште еден филм со неа, таму глумеше докторка и во тој филм имаше сестра. Беше интересен филм..
Леле Ширин мислам дека да ја видам и во друга серија пак ќе имам одбивност кон нејзе, па колку сака нека глуми позитивен лик. Во оваа серија е толку негативен лик, што нема момент, а да не ме изнервира, прав ѓавол е
Еј, ме потсети сеа од кај ја знам. Да, тука супер улога имеше, не ми текнуваше кај ја имам некаде гледано.
И во Мирниот сокак од 2012 играше, може ова и било прва улога, тука доста помлада. Симпатична девојка е, само шо дали ради улогата ама премногу ме иритира и одбивна ми е. И ја да ја видам би ја задавила.
кој би ја препознал јас мислам дека во ниедна серија не сум ја сретнала ама за бахар се утепав од думање и пак не можам да се сетам во која друга серија ја имаше.
Многу ми пречи синхронизацијата. Се едни исти гласови. Ширин од Тажна жена е Бахар од Забрането Јаболко.
Мислиш Јилдиз од Забрането јаболко. Да Јилдиз и Ширин ги синхронизира една личност, имаат исти гласови и двете, исто и Бахар и Зејнеп од Забрането јаболко.
Да. Се збунив. Исти тоналитет, исти начин на искажување емоции. Нека сменат малку. Една од гласовите и во Макед.Народни приказни глуми. Е стварно е досадно.
Стварно многу се напорни веќе со истите гласови, да ти се одмили серија да глеаш на канал 5. Све тоа па тоа, ептен монотоно. Тие на Сител бар мењаат екипа, ќе им текне понекогаш ама овие бе у сите серии двајца тројца глумци и еден синхронизира неколку. Па таа де, истата е што ја синхорнизира Пирил, Ширин и Бершан. (И Јилдиз од забрането јаболко). Само малку и го мењаат гласот.