Епа ја жалеа ја жалеа Ширин, не сфаќам како може така, жалиш ама не му помагаш на сопственото дете. Цело време и попуштаа. Премногу работи и прогледаа низ прсти. Премногу наивно некако.
Глумицата ми е многу убава и ептен јако го отсликува ликот на Ширин. Добро е што Енвер е свесен за ситуацијата на Ширин, во секодневието родителите не признаваат дека детето им е ,,шашаво,, Џејда ми стана симпатична, само некако ептен просто делува ликот.Со тоа ,,еј беее,,....,,,де мореее,, ептен е селско. Раиф ми е ТОП, незнам како ќе заврши работата меѓу него и Џејда, мајка му како да почна да ја прифаќа Џејда па отпимист сум дека ќе бидне нешто. Бахар ми е многу запуштена.Косата-бели влакна, некако масна и затуткана..
Енвер е свесен цело време, ама Хатиџе секогаш беше на нејзина страна, ја бранеше и и попушташе. Ќе се земат, мислам дупла свадба ќе има Раиф и Џејда и Бахар и Ариф.
Бахар не само запуштено и валкано изгледа, знам дека сакале да отсликаат сиромаштија и мајка што се мачи, но хигиената нема врска со сиромаштијата, во тој дел не ми се допаѓа.
Вчера во епизодата кога се бакнаа со Ариф во кујна, Ариф кога се насмевна, то косата како испустен, забите бели-вечтачки, брадосан неизбричен...таа рацете испиени, збрчкани. Ако сакале да ја доловат сиромаштијата во која живеат, навистина успеале, Не сум гледала турски серии, сега некако релакс моменти ми се.Плус, знаат на едноставен начин да доловат животни ситуации , како се снаоѓаат луѓето...
Леле со карминот ама ми беше интересна... Малце сепак претерале.. Премногу ја прават совршена жена и мајка... Во реалните ситуации поинаку се однесува човек. И друго што приметив, многууу лош превод, па може затоа имам таков впечаток.
Испатен, измачен лик на мајка која се жртвува за своите деца. Многу добро ја доловиле. Целата серија беше депресивна, сиромашно прљаво маало, бедотија, тешки судбини, мрачно минато.Имаше многу ужасни и трагични ситуации. Глумицата што ја игра Бахар нема некоја убавина, ама мислам дека баш во скроз природно издание глумеше, без шминка, без ништо. Е сеа сигурно користеле филмска шминка за да ја направат постара и да го доловат тој изглед. Во други серии многу посимпатична била. А за глумата секоја им чест, сите до еден за пофалба се.
Значи се е ОК, ама кога ќе слушнам САТЕЛМИШ име, се валкам од смеа. Како некој сателитски глушец во превод ми доаѓа, ќе експлодирам Иначе Ширин како е упрпана. Да знаете колку пореметени како неа слични познавам..
Имам една у зграда, мисли сите против неа сме здружени. Не повредила до сега(освен мајка и што ја малтретираше), ама прави штети на друг начин, во влез и околу зграда, ја има откорнато клупа пред зграда, лифтот го замачкала со нешто, на огласна табла залепила стикери, се дере по улица у 2 3 сабајле. За жал кај нас инститициите се глуви и слепи. Ширин веќе е многу многу над границата, чим стигна до тој степен и татко и да го вреѓа и мрази. А глуми совршено,не знам дал некој друг така би се снашол во улогата. Не ми е јасно како можеа толку да и простуваат. Не се воопшто мали и наивни работи, се што направи.
Многу го развлекоа. А и многу филмски, те куќа на поклон, те кола пред зграда. Од сиромашни преку ноќ се стекнаа со богатства.
И во 2 епизоди се решија . Јас пак ќе речам, криво ми е што го умреа Сарп, што Бахар ништо не му поверува, што и поверува на лудачата Ширин... Па не заврши вчера?