Работата е што индиските траат по 20 минути, дневните турски како Елиф и Прости ми по 60 минути, а неделните турски како Женава по 2саата - 2 саата и 30 минути
На телевизија кај нас сега е во тек 7 и 8 епизода цела недела, сакам да ја гледам он лине ама никаде ја нема
Серијава навистина е срцепарателна и толку изобилува со нежност.Вистински пример за чување на семејните вредности, почитта и љубовта.
Спојлер: Ширин и Сарп Таа секој ден доваѓала во продавницата каде работел тој и му се наметнувала, но не се претставила како сестра на Бахар. Кога Сарп дознава која е, не е толку пријателски настроен кон нејзе и кога сака да се соочи со неа на бродот, таа извикува дека ја нападнал и ќе го бутнат во морето
Ги изгледав двете сезони, сега третата е во тек и сѐ уште се снима. МНОГУ ПОТРЕСНА СЕРИЈА. Кај нас е крш синхронизацијата. Многу реалистички глумат, а па глумата на дечињава, особено тоа Дорукче топи срце. Ако имате време изгледајте си ја онлајн
тоа во следната сезона го гледам,сите дознаа дека сарп е жив ама бахар и децата не и никако не сакаат да им кажат. Бахар е во болница и има голема шанса да почне врска со Ариф. Дотука сум со гледање
Нема уште многу од сезонава. Јас ја гледав на YouTube ама без превод и колку што разбрав каде што е мажена мајка му на сарп таму тој е женет со ќерката негова. Само не разбрав зошто го излажале дела бахар и децата се мртви
Јас ја гледам на Натабану Спојлер: Сарп Сарп е оженет со девојка по име Пирил, која потекнува од многу богато семејство. Девојката ќе го спаси кога ќе го фрлат од бродот.Сарп во случаен сплет на околности ќе го убие бившиот вереник на девојката (проблематичен тип) и таткото на Пирил ќе му го смени одентитетот на Сарп кој ќе се вика Алп и ќе ги испрати во Америка( во меѓувреме Сарп и Пирил се венчале и имаат едногодишни близначиња). Сарп е гонет од таткото на убиениот тип, таткото се вика Незир и како што разбрав тој Незир игра голема улога во филмот во втора и трета сезона. Бидејќи Сарп бега во Америка ќе испрати човек со куфер со пари да и го даде на Бахар и да и каже дека еден ден ќе се врати, човекот ќе ја бара Бахар, но нема да може да ка најде, па ќе чукне ма вратата на Енвер, таму ќе отвори Ширин и кога човекот ќе праша за Бахар, Ширин ќе рече дека умрела заедно со децата во пожар. Ова се случило кога Дорук бил бебе, односно одма по падот на Сарп од бродот.Така таткото на жената на Сарп ќе продолжи со приказната дека Бахар и децата се умрени, ќе го лажат Сарп, дури и гробишта ќе им направат. За сето ова време Сарп и Пирил се во Америка, се враќаат по 4ри години кога мислат дека Незир веќе не ги гони, дека е на смртна постела, но се лажат. Се враќаат се случуваат многу работи, Сарп дознава дека се живи, се среќава со децата, но Бахар е во болница и чека коскена срж од Ширин, која бега во куќата на Пирил за да му помага на татко и на Пирил да ја уништат Бахар. До тука сум..
Спојлер: Ариф и Бахар Ариф и изјави љубов, таа му рече ако оздрави би можела да биде со него, потоа Бахар ќе заврши во болница, Ариф ќе дојде ќе ја запроси, она ќе прифати, ама ме знам што ќе биде одкако ќе дознае дека Сарп е жив, зошто само уште она не знае...
Спојлер Јас би сакала Бахар да биде со Ариф, многу добар човек е, ретко кој прифаќа туѓи деца. А и тие го сакаат многу. Убав пар ми се. А Сарп кога веќе има друга жена, нека остане минато за Бахар.
Спојлер: Трета сезона па мислам дека на крај ќе останат заедно, ама до крајот ќе биде повуци потегни и има уште многу епизоди до тогаш, јас сум до 37ма(почеток на втора сезона), а до сега се излезени 79 и уште излегуваат од третата сезона, а траат по 2 и пол часа.
и јас дотука сум ама бидејќи гледам на Јутјуб (пошто не ме пуштаат да користам компјутер ) и гледам без превод. Тоа ти е така наслепо.