Спојлер: Сарп Он цело време ќе биде на некои инфузии,во стилот телото му е скроз исцрпено и ќе мора цело време да ги прима,ама Ширин лудата ќе му ја исклучи и вечерта ќе умре.
Мене за Енвер ми е најмногу жал. Сеа и Хатиџе го напушти, готов е човекот, јака му душа како ќе издржи со оној монструмот од ќерка. Човекот е предобар и не заслужува да има таква ќерка. И за Сарп нормално дека ми е жал. Ја во ниедна серија до сеа неам видено ваква психопатка, она до 12 се мрази себе, после 12 другите.
Леле таа Ширин каков ѓавол била. Жими се и јас досега немам видено толкава злобничка во ниедна серија. Не ја следам многу серијава ама знам отприлика што се случува. Инаку која е таа Фазилет, како се појави?
Фазилет е позната писателка, која исто така беше повредена во истата сообраќајка во која настрада Хатиџе, Сарп и Бахар, нели демек Ариф поминал на црвено и ја предизвикал. И жената им влезе во нивниот живот на овој начин. Спојлер Инаку има син, во количка е инвалид, за кој што се грижи Џејда, преку докторката Жале се запознаа, и најде работа како негувателка. Многу е дрзок и егоистичен, се понаша како светот да се врти околу него. Ама изгледа дека Џејда ќе го смени комплетно, ќе се засакаат и ќе се венчаат.
Спојлер: Вечерва Енвер ќе мисли дека е на романтична вечера со Хатиџе. Случајно кога ќе стане од маса ќе ја доближи салфетката до свеќата и ќе заспие, а куќата ќе се запали. Потоа ќе се разбуди во сред пожар, ама ќе ја бара Хатиџе низ куќата и во кујна ќе се онесвести. Соседите повикале противпожарна и ќе го извадат од куќата жив и здрав.
Лелее Енвер забега скроз со умот. Епа од камен да беше ќе попукаше... Премногу истрпеа од Ширин и он и Хатиџе и сите. Све лошо шо им се деси све ради онаа лошотијана. Уф бре мене да ми е, на клоци би ја дигала и косиштето у раце има да и остане.
Мене Ширин ми е многу интересна, без неа филмов би бил многу глуп и монотон. И преубава е. Некако ептен го тегнат филмов, веќе ми здосади.
Премногу ми е жал за Сарп! Спојлер Значи Сарп за греота, на сите да им помогне и на крај... Па дури и Бахар и поверува на Ширин лудата, а не нему... Срам да им е на тие што го пишувале сценариото . Требаше се да отплеткаат, да си се смират Бахар и Сарпи и да си бидат со децата, а Ширин во лудница. На Ариф можеа и друга да му најдат!
Јас се изненадив вчера дека Кисмет е во врска со Емре Сега изгледа лудата Ширин ќе трча по Ариф, колку што видов него го имаше нацртано А од друга страна ги врти децата против него
Ширин преубаво глуми, сум ја гледала и во други серии каде ликовите и беа сосема различни и во секоја знае да одглуми убаво. Со виткана коса вака што и ја прават не ми е нешто посебно, со права каква и е по природа е многу поубава. Ама мене овде во филмот Џејда ми е најубава некако..
Има такви девојки во.секојдневието.Уживаат да ловат туѓи љубови. Не се арни. Како и го смести на сесртра и со Сарп, чудо е. И со Ариф сега сигурно нешто ќе стори такво
Ширин исто така глумеше и во серијата "Мојот вујко", каде беше многу добра личност. Со права коса е поубава.
Даа таму глумеше машкоданка, многу интересен лик имаше. Видов дека била во врска со колегата од серијата "Мојот вујко" Тарик. За глумење ја бива ептен има талент,ама во улогата на Ширин се надминала. Глумеше и у други серии, сум ја гледала ама тука е стварно ептен погодена за улогата. Перфектно ја има доловено. Џем беше оној газдата на Бахар и Џејда, кај шо иде јадење на праи по куќи? Тој изгледа е тежок мафијаш и работи со дрога и матни работи. Не ми изглеа за саглам. Нели дојде полиција у станот кај шо требаа да носат нарачката Џејда и Бахар,а и ја имаше сликата негова и досие у полициската станица,значи го бара полицијата. Кисмет нели со Емре се заедно?