1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Таксират

Дискусија во 'Музика' започната од Phyramide, 14 ноември 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Таксират - музички фестивал кој редовно се одржува во декември секоја година. Фестивал со 12-годишна традиција. Имено првиот фестивал се одржа во не толку далечната 99та година и можам да речам дека од година во година станува поголем, подолг, побогат, попосетен.

    Оваа година од 25 ноември до 3 декември ќе се одржи неговото 13-то издание.

    Дубиоза Колектив, B Real & Psycho Realm, S.A.R.S. се неколку од звучните имиња кои го красат овогодинешниот Таксират за на главната вечер која ќе се одржи во Метрополис арената на 3ти декември, на мое големо изненадување и огромна радост да се појават следните звучни и квалитетни музички имиња:

    Kaiser Chiefs
    Asian Dub Foundation
    Clawfinger
    Buraka Som Sistema
    T.Б. Tрачери

    и главниот хедлајнер

    FAT JOE :rock:

    Дали планирате да одите? Дали можеби некој досегашен Таксират ви оставил поголем и посебен впечаток? Следејќи ја жустрата дискусија на ФБ за тоа како не треба да се канат рапери и слично, која да признаам малку и ме потсети на Галагеровското огромно негодување за учеството на Jay Z на Glastonbury - какво е вашето мислење околу ова? Дали Таксират треба да понуди за секој вкус по нешто или да се фокусира само на еден стил на музика?

    Мене лично она што отсекогаш ми се допаѓало е токму разновидноста на овој фестивал и напротив не ми пречат ни металци во првите редови, ни рапери, ни рокери, ни растафаријанци ни ништо. Со задоволство сум речиси редовен посетител на фестивалов последниве неколку години - и освен тоа што правилно ми истураат пиво на главата, нешто што со годините почнува се повеќе и повеќе да ми пречи :devil: , можам да кажам дека атмосферата е неверојатна и дека секогаш си носам прекрасни спомени од Таксират.

    А вие? :)
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Ех кога ќе ми текне колку порано му се радував на фестивалов и до сега сум била на неколку. Првото мое искуство беше 2002 година кога настапуваа Amorphis и беше неверојатно искуство. До ден денес паметам колку бев возбудена и среќна што ќе го гледам бендот кој тогаш го обожував.

    Наредно, на Таксират 6, 2004 година кога познатиот германски треш метал бенд Kreator настапуваа. Тогаш атмосферата мислам дека гореше и бев жртва на безброј шутки, турканици, гмечења, пиво (и што ли уште не) во коса... Како и да е, уште едно искуство односно фестивал за паметење.

    И последното мое присуство беше 2009 за Guano Apes и Hladno Pivo и дефинитивно најдоброто до сега. Хладно пиво имаа одличен настап и и покрај тоа што бев болна тогаш си поминав екстра.

    Лично немам против што се викаат изведувачи од најразлични правци, кој за што е заинтересиран тоа ќе гледа. Оваа година нажалост нема ништо што мене лично би ми го привлекло вниманието и затоа нема да одам. Се надевам само ќе продолжи и понатаму оваа традиција и ќе се носат се поквалитетни и подобри бендови.

    :rock:
     
  3. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    1.569
    Само еднаш бев на Таксират и тоа не по моја воља. Тој период бев по друга музика насочена (да не се срамам не пишувам која музика сите претпоставувате :$ ) и кога отидов реков шо барам јас овде? Седев шо седев, слушав, ја прошетав цела арена (т.е. цело време шетавме, така да неколку пати ја прошетав цела арена) и си отидов онака прилично задоволна, си слушав музика, си се шетав си играв малку иако имаше и немили настани, си се најдов во турканици, бев пролеана со пиво, бев мавната со кондом во глава да не сватите погрешно делеа кондоми и ги дуваа и еден тип го удри и го заби, го насочи право кај мене во глава |( ). Заборавив да кажам кога бев, бев во 2009 и уште си ја чувам влезницата, еве сега си ја извадив кога ја видов темата да се потсетам :inlove: :inlove: :inlove: . Ја чував онака, колку за спомен, ама сега се дивам (а и нервирам) кога гледам кој настапувал, а ја не сум знаела ни како се викаат. Беа ко прво Guano Apes што сега ги слушам, а и Moonspell што не ни ги знаев кога настапија. Не ми се допаѓаше (од сегашна гледна точка) тоа што само Moonspell беше метал бенд. Сега да се врати времето и да ги знам бендовиве ммм како поубаво ќе си поминев, но тоа е.
    Многу се каам сега што на Kreator не сум била, премногу се каам. Но тогаш и помала сум била, ништо незнаев за ваквата музика, а ида знаев тешко дека некој на мали години нема да идам по вакви настани.

    А има страна каде што пишува кој кога ќе настапува оваа година? Или кој се вкупно ќе настапуваат без разлика на ден?
    Ми се оди заради Дубиоза Колектив и S.A.R.S ама најверојатно нема да отидам, зависи од другите бендови и изведувачи, а и дали ќе најдам друштво за одење, а и цената. Колку би требало да биде влез?
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Годинава прв пат ќе одам на Таксират. За Дубиоза Колектив со душа чекам да дојде 25ти ноември! Откако ќе помине, ќе пишам впечатоци. :)
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да отворам тема за ова :)

    Прв пат бев на таксират минатата година,на главната вечер.И беше мноооогу добро,што се изненадив искрено :) Оваа година ќе одам пак на главната вечер,иако се мислам и за другиве настани што ќе бидат оффтаксират,па ќе видам.

    Искрено оваа година не ми се нешто по ќејф артистиве,бендовиве,во разлика со мината година се ужас,али ако сепак ми се оди,одамна не сум била на журче :lol:

    Едино филинг годинава ќе ми направат :
    - Asian Dub Foundation
    - Kaiser Chiefs
    останатите исто не се лоши,освен малце фат џоу :^)
    Али ај ќе пројде,ќе се дичиме јоу јоу 8)
     
    На cupcake27a и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Сите информации се на http://www.taksirat.com.mk а секако дека имаат и сајт на ФБ ;)

    Лајн-апот е тој што го наведов. Картите се тука некаде, околу 600 денари.

    Инаку најубавите моменти за паметење ми се:
    - минатата година, група Срби се доближува до саемот и сите во еден глас пееја една песна од White Lies, Ким ќе знае за која песна станува збор ;) и секако настапот нивен, односно на White Lies
    - настапите на Gentleman & Manu Chao - epic!!! Ману и неговото „срцебиење“ ме остави без зборови и енергијата, а за Џентлмент ич муабет да не правам. Одличен настап!!!
    - Кирил Џајковски пред две години - need I say more?
    - Juliette Lewis :inlove: јас плус си направив муабетче со неа во еден скопски ресторан претходно :P , цурава ме остави без зборови, природна, симпатична, харизматична и каква што беше во живо истата харизма ја покажа и на сцена. Гуано Ејпс односно пејачката е можеби поквалитетна од Џулиет но нема толкава харизма, а тоа за концерти од овој тип многу значи
    - Едо Маајка - ух ова беше одамна, ама човеков е ѕвер

    Оваа година Кајзер и Asian ми се личен highlight! Asian Dub Foundation се едноставно ѕверови!
     
    На gothchick, Wild.Child и Beauchamp им се допаѓа ова.
  7. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Колку се гризам сега што не бев претходните години,за Delinquent Habits,The Roots и Guano Apes! Бев минатата година,од почеток до крај,одмарав само на Дубиоза пошо искрено не ги слушам толку многу,а периодов мислам дека дури и почнав да ги замрзувам нив и САРС од толку што ги преслушав. Мање битно,муабетот ми беше,минатата година најјака атмосфера убедливо Ману Чао,Пекиншка Патка и Оникс! Се раскостив на Ману Чао и Оникс,на Пекиншка Патка некое дете заврши со скршена нога во шутка ко што видов. Оваа година очекуев да се донесе нешто подобро од минатата,пошо рачунав дека Пасворд се подготвени да ризикуваат со кешот од минатата,али се прелажав. Целосен преглед,Бурака ми се океј,онака фанки за ѕенѕање,Т.Б.Трачери... шо знам,не се лоши али не би ги слушал константно,некако ми се репетитивни,Дебелиот Џо е океј,бар старите песни,не зборам за Lean Back и таквите сра*а,Clawfinger се одлични,исто и Asian Dub Foundation,за нив 2ца одам највеќе годинава,а Кајзер... не фала,не сум по инди рок бендови. Од офТаксират евентите идам едино на Би Риал,што со душа го чекам! И Пасворд,мислам дека доволно ве молеа за Методмен и Редмен,направете нешто и донесете ги,и наместо да штедите на пари,најдете НЗС на тоа што сака публиката и нема да поминете исхејтано како оваа година.
     
  8. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Ништо посебно не ми е годинешниов музички избор, САРС и Дубиоза доаѓале во повеќе наврати, ќе си дојдат и пак.. А искрено не ми се симнуваат сега последните албуми на Кајзер, за да ги знам онака, може и ќе ми се засвиѓа некоја, ќе ми стане хит дана. Од кај знаеш?

    Општа појава е кај нас, откако ќе се најави некоја апла позната група за на гости на сцена, да се вежба караоке по дома. Мене Рубирубирубируби не ме убеди во тоа.

    Останатите ми се скроз непознати, што ми е 50/50. 50% од моето јас ми вели да си купам карта од ден каде што сите ми се шпанско село и да се отворам кон музиката, а другите 50 ми велат да си излезам на друго место наместо тоа место :) Па останува да видиме, до тогаш трилиони пати ќе се премислам :)
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Лелеееј, кога ќе ми текне дека поминале 11 години речиси од првото мое таксиратување! На 1+2 Таксират се забрав да си ги гледам Дел Арно Бенд и моите јунаци Young Gods. Ваљда поим немав што ме чека. Мартинки у граден кош, пиво истурено на глава, многу мочки и лигавштини во тогаш гадниот саем...
    Којзнае што сум мислела! :devil: Важно пеколно добар помин си имав.

    Ги имам пропуштено единствено седмицата и десетката од чисто објективно нелогични причини, зошто лајн - апот ми се видел неинтересен или нешто ме има спопаднато, сто посто.
    Ко вчера да се мував на Вејлерс со мојот најбивш и пушевме луле позади Саем.
    Лудила.
    Него, ова издание ќе да е свеЦко. Се шалев на сметка на Кајзер Чифс, пошто бендот не е лош, ама не е ни оригинален, мене не ми се нешто посебно, и кога објавија дефинитивно дека ќе свират кај нас, мојот статус на FB гласеше: Е ај сеа сите постирајте ја Ruby, ако не па!

    Што сакам да кажам.
    Дека бендот има само еден - до два хита и мене не ми е занимлив.
    Ејжнн Даб сум ги глеала можда трипати на различни места низ Балканов, и тоа не ми се виѓава нешто особено.

    Или можда само сум подостарена 8) :lol:
    Нејсе, ако ми придојде желба, ќе си појдам.
    Лани се изнасмеав, бев отидена за White Lies, се изнапив пиво, се мував со бившиот, се изнарипав на Ману Чао и си отидов дома.

    Годинава, со бериќет, ќе видиме! :D
     
  10. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Бев минатата година и специјално одев за Manu Chao и Gentleman за нивните настапи не сакам да коментирам - ПРЕКРАСНО ама не успеав да доседам до крај не трпеа нозете и плус да додадам дека настрадав во шутките, бев истуширана со пиво и искрено не би отишла пак единствено ако не ме примамат со некоја понуда што не е за пропуштање ;)
     
  11. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Инаку,незнам дали стои од минатата година,ама Mану Чао на неговиот твитер има постирано за доаѓање на Таксират,а по неговиот пост мирисам некако дека ќе биде изненадување на главната вечер.
    manuchao Manu Chao
    SOON ! BIENTOT ! TASKIRAT FESTIVAL MACEDONIA !!! BEST !!!!
    А освен тоа,чудно е тоа што оваа година наместо 7 артисти има 6. Можеби погрешно мислам,али ќе видиме... Се надевам дека ќе дое пак.
     
  12. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    ^ :o
    Ej дај боже!! И онака вети минатата година,дека ќе дошол во пролет..ама шипки со расол |(

    Не верувам дека ќе дојде,најпрво поради тоа што беше веќе минатата година,второ веќе ги објавија сите што ќе бидат на главната вечер :(

    Ама ако мене лично не ми е на одмет да дојде :clap: Па ај да стискаме палци :$
     
  13. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Верка на Таксират :)

    Само што прочитав,мислев дека си останале 6..
    Последниот хедлајнер,ќе има шутки да да,ќе си бегам ја на страна :lol:
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Burakа Som Sistema :rock: толку. Бразилката, уф. И големо уа за дебелиот Јован, рап на плејбек е стварно за вистинските хипхопери... :x
     
    На Towelie и Beauchamp им се допаѓа ова.
  15. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Јас мислам дека таков booty shake одамна немам видено,а посебно кога се фати за DJ пултот,и почна да тресе. Боље настап и да сакавме не можеше деф. А елегантно попунетиот Џоле укака ептен,а убао си почна со старите траки. И зашто ги скрати Џамп Араунд и Калифорнија Лав мене стварно не ми е јасно...
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl:
    Богами задникот и беше бомба :lol:
    ..онака да го плеснеш,и да бегаш :D

    Clawfinger исто ме изненадија,мислам дека они најубаво ја почнаа атмосферата меѓу првите :)
    Kaiser Chiefs,после Бурака,најдобар настап деф.

    Ама сепак бурака си кинеше бе! У 4 саат сабајле,да ме крене на нозе нешто..малце тешко,ама овие направија ептен! :rock: ЅВЕРОВИ! :)

    http://www.youtube.com/watch?v=OpYR7ilL ... ure=relmfu
    Позз :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Криво ми е што не бев на Juliette Lewis. [​IMG]
     
  18. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.174
    Годинава не бев на главната вечер на Таксират. Се израдував кога слушнав дека ќе доаѓаат Kaiser Chiefs, но останатите од изведувачите не ги слушам, и не отидов. Бев на Дубиоза во Колосеум, се изнаскокав со дечиштана, супер си пројдов :D Слушам и негативни и позитивни критики за фестивалов годинава, се надевам дека наредната ќе биде подобар.
    Ланскиот Таксират беше еден од подобрите според мене. Програмата беше извонредна - White Lies+Manu Chao+Dubioza Kolektiv...не можев да станам од кревет наредните неколку дена. Секако дека вредеше :rock:
     
  19. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Главни хед-лајнери беа Kaiser Chiefs :)
    Инаку и јас бев и супер спомени носам од таксират! Журката беше феноменална, а догодина обавезно :) една моја другарка ги фати стапчињата од Kаисер Чиефз :$ Тхе феелинг ис авесоме !!! ;)