Таксират

Дискусија во 'Музика' започната од Phyramide, 14 ноември 2011.

  1. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ајде Феминки да видам кој што мисли за овогодинешниот Таксират. Ви се допаѓаат ли бендовите? Кој ке оди и на која вечер- на Суперхикс (1-12) или на 8-12? Дајте искуства и од претходните години кој бил.
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Не би да плукам по нашето со веќе стандардните изјави дека носат застарени бендови на кои им изминал векот (што е точно нели). Ама тоа не е само со Таксират, тоа е со сите музички настани кај нас. Можеби не е до организација колку што ете, ја немаме таа сила како држава да довлечкаме некој голем бенд овде. А што би рекле, болје ишта него ништа :)
    Мене ми се допаѓа што Таксират не е само една вечер, ми се допаѓаат концертите што му претходат, многу наши музичари по кафулиња и клубови, убави настани. Нувел Ваг веќе трет пат се кај нас, а сепак не можам да преречам за тоа демек веќе видено, затоа што верувам дека многумина репризно ќе појдат да ги слушнат и видат. Тие што не биле, сега да одат :!: :)
    Од набројуваниве музичари, Ван Гог... пред многу години ги слушав. Ама од толкава напумпаност ми се одмилија. Јас најмногу се радувам на концертот на Суперхикс. Суперхикс се и полнење и празнење на енергија. Огромна позитива. Колку пати и да сум ги слушнала во живо, никогаш доста. Настан е тоа, на кој задолжително е да се присуствува :)
    Лани не бев на Таксират, немаше нешто што ме мотивираше да појдам. Пред две години бев, иако болна и поради тоа пропуштив некој бенд. Гуано Ејпс беа тогаш и колку и да ги сакав на времето, повеќе се радував на Џулиетка.

    Нека се случуваат вакви работи, макар понекогаш и излитени, убаво е да има вакви случувања, да одиме по фестивали, концерти, свирки. Тоа е позитивно, ветувачки, пријателски, таму сите сме некако едно, затоа што за истото сме дојдени, добра забава и дружење :)
     
    На DzingrlakaDzikica и coconaut им се допаѓа ова.
  3. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе Кравце и јас сум за Суперхикс, онака ми се нај ок од сите, само се мислам да не има многу деца.
     
  4. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Дали можеби ја знаете конкретната програма 08.12 у сабота....кога ке настапат Van Gogh????
     
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Некако многу тапа изведувачи ми носат последниве години.. не се по мој вкус. Се надевам наредна година ќе ми погодат.. :dance: :dance: :dance:
    Moрам да се навратам на 2009, Guano Apes :rofl: радости.. ^_^