Ќе ти дојди некоја наркоманка, ќе ти укради новчаник и пари додека ти си го заработуваш парчето леб возејќи такси. Ја бркаш од колата при што таа почнува да ја демолира. Притоа полугола и издрогирана. Ќе ти се спојат жичките и ќе ја турниш, а таа под дејство на дрога летнува ко партал и не успева да стани. И на крај, таксистов е крив бидејќи му се споија жичките и изреагира како што изреагира. А оваа наркоманкава - жртва.. Зборувај ми за правда, за обострано гледање на нештата. Кхм... *Преместено од темата Сакам да кажам...
Од каде ти е информацијава, денес баш читав и објави и коментари, ама не прочитав вакви детали. А баш ме интересираше што конкретно се случило пред таа да почне да му ја уништува колата и пред тој да ја бутне полугола
Јас реално се запрепастив не знам кој е прав кој крив, ама ова од девојката шо го видов... Немам зборови, реално страшно, не дека го бранам таксистот
Абе види, страшна е глетката ама по коментарите таксистот го распнаа, а неа светица ја направија. Дека жена бе. Небитно што направила и што претходело на тоа таксистот така да изреагира. Мене тоа ме изнервира ептен.
Да не гледаат од двете страни. Прво жената е полугола, се закачува на бришачите на колата демек сака некоја штета да направи, а овој одговара за секоја оштета шо ќе се деси на колата нели таксист. Ама не гледаат ни оваа шо лошо сторила и сите врз таксистот. Не знам како почнало и кој е крив, ама одма го осудиа човекот, ама сепак многу чудно шо изреагира овој така насилно врз жената
Прочитав. Женава е гола сред бел ден, плус лета ко пердув и не успева да стани . Закачена е на хауба и ја демолира колата. Мене не ми личи на нормална, тебе?
А бе тоа што е гола не значи дека е наркоманка, можеби пред тоа се влечеле па и ја искинале маицата. Не знам што се десило пак ќе кажам, све е тоа само нагаѓање.
A бе ајде. Кога имаш ситуација со проблематична личност, викаш полиција, а не кутриот тој што така сочно со урлање „дрољо“ бутнува човек (исто ќе реагирав и маж да беше) на тротоар каде што можеше и глава да искрши. Никаде нема официјална информација дека е наркоманка и дека му украла новчаник, тоа или дека е психички болна го шпекулираат едни, а други па укажуваат на сликата дека и модрици има, па може да е нападната претходно и затоа се нафрлила на колата. Со случајот полиција треба да се позанимава, ние може само да нагаѓаме. А јас никој не видов нејзе светица да ја направи, ама затоа разни гадотии од луѓе по повод оваа ситуација се изјаснија дека и нивни жени да им ги оштетат колите најскапоцени, и полошо би завршиле
Жена со крвав нос и црвен грб во очигледно нарушена можност за расудување се убидува да нанесе штета на колата на таксист кој ја треска на земја. Прво што ви текна е дека е наркоманка, а не дека се обидел да ја силува? Уау... Не знам што се случило, ама состојбата во која е жената е загрижувачка. Ич не верувам дека гола му влегла во такси и овој ја пуштил, па уште и ја возел додека не му украла телефон и новчаник, па чекал да му го нападне таксито за да ја нападне. Не сте нормални со претпоставките.
Која и да е причината, животот на таксистот не бил загрозен за да реагира со насилство. Тројца мажи наспроти една жена. Абе ајде. Нема оправдување за постапката. Ама Македонија е ова, така да не ме чуди што бришачи се побитни од жена која очигледно не е добро.
Жената се возела во таксито и му ги украла телефонот и паричникот,тој се обидел да ја спречи да бега. Според Кајганџија кој има другар полицаец.
Не се однесувала нормално. Сите имаат свои гледишта на инцидентов... Јас ќе речам дека и двајцата претерале.
@LiliBoz, со ќотек, со сексуален напад...? Жената е полугола. Зошто? Ама тоа никој не го ни спомнува. Сите го бранат таксистот.
Немам гледиште. Ко ќе си ги решам прво моите проблеми тогаш може ќе се замарам со туѓи. А може ни тогаш .
Ако е болна и има психички проблеми нека си го бара чарето на друго место. Го демолира и крши таксито од кое таксистот вади леб. И што да прави овој, да и аплаудира? Или па да чека полицијата да се појави тек наредниот ден откако ќе се направи штета која тој треба од свој џеб да ја плати. Лошо е кога ќе се спојат жичките. Не е дека го бранам и сум скроз на страната на таксистот, ама не се гледаат двете страни од приказната. Зошто мене, вас не ве нападни вака некој?