Двајцата се насилници. И таа но и тој. Случајов не е за насилство врз жена па сега да ја тупиме со феминистички филозофии. Акција=реакција. Женава е насилна и не е баш добра со паметот,,таксистот требало да побара помош некој да ја тргне.
Па јас викам дека не е толку напнат само за бришачот и џабе ние ке гаѓаме кој е крив. Битниот момент во таксито се случил, а што зашто само тие двајца си знаат. Малку превртливо ми зборува, како и да сака да го брани, не кажува се точно што се случило. А ако не се огласи и таксистот, јасно е што се случило А за наркоманка не ја знам, нимфоманка можеби, но наркоманка не беше бар на времето.
Не знам за други, за мене ќе си кажам. Ништо на светов не ми ја зоврива крвта повеќе од тоа кога гледам како маж удира жена. Ништо. И не можам паметна да бидам како некој може да застане на страна на насилник. Не можам.
е ај докажи им на жениве. што не викнала таа полиција ако тој прв почнал? и јас претходно тоа го пишав ама не,не сме јас и ти во право.
Не ми го извртувај муабетот не реков дека требало да постапи така,сакам да кажам дека ова не е "брутално тепање" како што пишуваа новинарите. Ако он имал намера да ја натепа (со оглед на тоа колку нервозно изгледаше) немаше типкава да помине само со туркање кое резултираше со паѓање. Тој по неа довикуваше "наркоманке" од кај знаете ,може дрога извадила да конзумира (како што ја опишуваат тие лично што ја познаваат) во кола па настанала таа бркотница?
Мене да ми дое, полошо ќе си поминеше, тоа иам да кажам вајлдке. А бекграундот на особава ја знам, ја знаат многу. Туку, можел откако ќе доснима, да и помогне, ама треба веднаш да се аплаудира и шерува по сите можни групи нели ? Па дури и у кулинарски групи споделил. Е мене тоа ми смета.
Не делува жената ко пресметлива особа. Па еден став шо има на интервјуто, горда на себи, борец за женски права. А бе ајде... тоа моливот тегет боја околу уста доста говори за неа. И пак новинари бараат сензација. Колку само поинакви коментари ќе имаше ако насловот беше ,,жена демолира такси возило''
И шо ако?Треба да ја тепа оти се дрогира? Триста милиони објаснувања имате за удирањето, и ни една не е валидна.. ма колку се труделе. Зошто е битен бекграуднот? Тоа го оправдува насилството?
Види какви коментари: 'моливот околу уста' Шо к*р фактор менва во приказнава моливот? Свесни ли сте на колку нивоа имате предрасуди?
Ако е општо за насилство и таа е евидентно насилна. Јас правам разлика,а тонов натаму ви оди. Да бранам насилник,само ради тоа што е жена и понежен пол немам намера.
нека дојде тебе да ти ја запали колата и ти да и речеш браво. Немој ништо да превземаш. Нека запали и пушти на нека си оди.
Тебе некој да ти извади на пример џоинт во кола ќе му дозволиш? А зависиш од таа кола и ти и домашните твои? И не, НЕ ЈА ТЕПА ,ја трга на страна од колата. Дали таа според тебе оштетува возило или ги гали брисачите?
Што говори? Треба да има некаков кодекс на облекување и шмикање па да бираме према кого е фер ќотек а према кого не? И треба да се дига сензација за вакви нешта. Ама и последици да има, да видат луѓево оти ако си ги решаваат комплексите со тупаници дека последици ќе има. А за моливов за уста... Не знам еве одсега како манекенки на Викторија Сикрет да искачаме сите за ако не тресне некој од земја да предизвикаме емпатија, иначе никако.