Ја типувам на тоа дека сакала да му даде блоуџоб, со тоа да си наплати, се соблекла а човеков ја избркал, па се турнала на бришачите. Како и да е ќе се дознае, Скопје е ова.
Не смее да удри па и маж да бил тој што сакал да ги крши бришачите... но запнавте за снимка од неколку секунди (она не била насилна на снимката), а што се случувало пред тоа не се знае. Мене човекот ми изгледа како изваден од контрола и веќе како да е во афект кога ја бута... а што довело до тоа којзнае. Затоа ке си решат институциите.
Ви текнува таа што го бркаше дечкото сред бел ден со сатар во лептокарија? Е мене да ме брка така,ако не сум удрил женско во мој живот,ќе ја скршам од тепање. Некој ќе ме сними,и јас ќе бидам насилник. Ќе одам во затвор,за некоја што ме бркала со сатар,ќе бидам критикуван за безбедноста на мојот живот. Бидете реални малку,не одете на тоа дека е женско,па секогаш е жртва. Да во повеќе случаеви женското е жртва,но не секогаш.
цело време те читам цело време пишуваш ЈА ТЕПА. не ја тепа да ја тепаше ќе ја натепаше ќе ја изгазеше тој само ја турна. И мене и тебе да не поттурнат ќе паднеме нормално тоа значи дека не тепале??? а не,тоа не се важело не било исто насилство врз жена и врз кола. Така пишуваа погоре.
Ќе преземам. Полиција ќе викнам. Во нормален свет, така се решаваат овие проблеми, не со тепање. Ама очигледно, не сте нормален свет.
Да.. нееежнооо ја трга на страна и таа паѓа и си ја дуира глават на плочникот. Реков.. син ти така 'нежно' да си го тргнеш на страна. А ако не ти се бендисва муабетот за 'син ти', тоа значи дека си свесна оти не е правилно.
И да не те сними некој штом ја истепаш ти автоматски стануваш насилник. Пријавуваш има институции тие решаваат.
Мислам дека не е во ред да се шират наоколу гласини од типот на „мажот се обидел да прави нешто со неа додека била во такси“ или пак „жената е таква, сака само да крши и да им наштетува на луѓето“ сè додека не се приложени докази за истите гласини зошто верувам дека голем дел од членовите тука на форумов не биле присутни во моментите кога се случил инцидентот а и снимка од две секунди не може да даде целосна слика за целиот инцидент. Но, тоа што можам да го кажам е следново: -имаме такси-возач кој се гледа на снимка како турка жена и оваа паѓа ничкум на земја како исечено дрво; -имаме исто така и жена која вели дека целиот инцидент настанал зошто возачот немал ситно да ѝ врати. Тоа што тој немал кусур да ѝ врати не требало да биде причина да таа излезе и да се обиде поради тоа да му нанесе материјална штета на него. Наместо тоа јас лично (да би бил на нејзино место) би му предложил на возачот да застанеме на некоја бензиска за да раситниме. Би се обидел да најдам Соломонско решение. Тука постапила жената погрешно. Се случува, луѓе сме, тој сигурно не работи со еден клиент туку со минимум педесет клиенти на ден кои сакаат да се возат и можеби во моментот едноставно немал ситно да ѝ врати. Е сега, кога станува збор за дотичниот господин, можам да кажам дека заслужува да му биде одземена лиценцата. Тоа не е начин на кој треба да се решаваат работите со жена. И не може да биде секој такси-возач и не ни треба на секое лице да се издаваат лиценци за возење. Сепак, ти работиш со клиенти, во непосреден контакт си со тие клиенти и треба да покажеш на таква работна позиција соодветно однесување. Јас разбирам дека нема работа и сега важи таа старата „која мајка го изгубила своето дете ќе го најде како такси-возач“ (порано ова се однесуваше за вработените во поранешна „Железара“ зошто „Железара“ имаше на времето над единаесет илјади вработени) ама на секоја работна позиција треба да се покаже професионализам. И ако ти не си способен истиот да го покажеш тогаш дефинитивно не припаѓаш во таа професија.
Настрана каква личност била и што сторила, поим немам што се случило во таксито, ама немаше потреба да ја турне наземи, реално. Веќе ја беше совладал претходно, ја тргна настрана и таа не му врати. И да пробаше, тројца беа, пак ќе ја задржеа. На крај чисто од ќеф ја турна, да ја испразни нервозата. Сега и тој ќе одговара.
Да осудувам мачо мажи што удараат женски за глупости ама некој на колата да ми скака тоа извини ама не се решава со зборови а и на видеото се гледа дека на дамата нешто и фале..
Е така 'молим лепо'. Ама на снимката не видовме да го брка со сатар. Пошто нема такво нешто. А за тоа што не гледаме, не можеме да зборуваме.
Додека дојде таа твоја институција,сатарот може да ти заврши во дел од твоето тело. Сум имал случка кога ме нападна еден,додека дојде полицијата јас мораше да се бранам. Т.с да го искршам од ќотек. Насилник сум јбг.
со никој! Ни со маж, ни со жена, ни со хермафродит, ни со трансродово лице, ни со дете, ни со животно.. Ама СО НИКОЈ!
Дека сака да биде центар пажња, и фали внимание, сака да привлече. И не ми ставај зборови кои не ги реков. Моливот говори за неа како личност.За ќотекот кажав, не е начин за решавање на проблемите ама човек во афектна состојба и не размислува многу, постапува инстиктивно. Реално и она не е нешто мирољублива Она демолира, уништива, некој се обидува да ја спречи и он е крив ... аха ДА! Ако сме рамноправни човек удира човек, сеедно од кој пол се двајцата. Ама не мора сензација да се напраи, инаку нема да се привлече внимание.