Е баш треба да се прави сензација. Оти само така испливуваат го*ната на површина.. Како што сите гледаме...
Таксистот е гомно оти ја турнал, а таа е кутра женичка која во самоодбрана крши бришачи. Абе ајде, прска темава од двојни аршини.
Не го оправдувам него, ни нејзе. Тука влијаат многу фактори зошто изреагирал таксистот така (а верувам дека не би бил единствен). Тргнувајќи од тоа дека самиот ќе треба да плати оштета, па тоа дека ако викне полиција само ќе ја опоменат, ако ја тужи долго ќе трае процесот, и финансиски ќе биде дополнително оштетен. И да добие чисто се сомневам дека ќе добие што му следува итн. Едноставно такви се околностите. Наше е да внимаваме на се, за жал. Со тоа што заклучок, таква ни е државата, трула, и луѓето се научени вака да ги решаваат работите, и тоа нема да се смени уште долго време.
Нема. Зошто да те осудам, ако се докаже дека било така? Овде немаме таков доказ. Всушност, немаме никаков, освен снимката. Се' друго е рекла-казала
Па не де со убивање ама ако не се разбира од збор да те заебава шо ке превземеш а полиции. очевидци не се замарат да ја потргнат?
Да беше така насловот велиш, ама не е - и не е тоа она што се случи, ти предлагаш сензација во спротивен правец. Да ја демолираше само таа колата, а он ко цивилизиран човек да викнеше полиција - ниеден, ама апсолутно ниеден нормален што знае и почитува закон не би ја оправдал, па стопати жена нека е. Лол...
Таа не е лично моја институција, таа е за сите институција. Ок, ти си знаеш како ќе постапуваш во самоодбрана, дека наместо ќотек можеш и само да избегнуваш напад и да не возвраќаш на него,ама штом си искршил еднаш некој од ќотек, можеш и друг пат така?
Па и тогаш ќе немаш доказ дека некој ме брка со сатар. Го нема на снимка тоа,го има делот каде јас тепам,или буткам некој. Законот според снимка ме гони мене.
Затоа постојат институции, закони, правна држава. Тие треба да докажат. Е за тоа се борев, ама очигледно до менталитетот е, не до тоа кој е на власт.
Вајлдке, да не се провоцираме сеа зашо должна нема да ти останам Како што реков, Скопје е ова, се ќе се дознае, доволно е у Понеделник да идам на работа и да дознаам све за случајов.
Кутар е таксистот бидејќи му го уништува средството за егзистенција некоја ненормална особа. Жртва е. И сеа што?
Е добро де.. Ама не 'Скопје' што ќе речи, туку судот што ќе речи. И ќе ве молам сите, за снимката да коментирате, пошто за друго немате никакви реални сознанија. Не сте биле сведоци.
Нема врска власт,опозиција. Тие треба да докажат,тие што се платени за тоа. Браво ме разбра што ми беше муабетот. Да не судиме пред време.
Според законот неовластено снимање не се прифаќа ко доказ пред суд. Сите случаеви у светов се решаваат само ако постои снимка ?
И то значи дека треба физички да ја повреди? Прашав една друга погоре. Ко ќе имаш дете, ако ти скрши нешто, ќе го турниш на земја да си ја акни главата? Па да де, институциите.. тоа реков. Читај убаво.