Како правно ќе се истретира случајов е една страна, ама медиумскиот притисок створен може да одземе некому леб, а некому тарифа да качи позади цигли. И не, не зборам напразно, знам работи.
Абе за што постојат институции:? Од шо мака милиони евра годишно ги плаќаме со наши пари? То име работа! А не луѓето да се тепаат едни со други. Не е тоа правда! Одмазда е! Епа истото е! Насилство е насилство. Не сакаш да кометираш, оти те жегна в срце, и знајш дека не е правилно физички да повредиш некого.
Не ти ставам зборови у уста ти искоментира за моливот околу усни што го имала, а тоа е скроз ирелевантно во приказнава. Како се облекува човек е сосема негово право, не е темата модни критики па да се фаќаме за тоа како изгледа. Ебате свет во кој моливот околу усни те дефинира како човек, значи треба ко у Кореа оној лудиот што им даде можност само 4 фризури да носат оти све друго било неморално и провокација. Човекот ако не знае да работи со луѓе и да се контролира во афектна состојба - нека не работи со нив. И мене на работа ми правеле такви провокации сум вриела, значи ми доаѓало со нозе да ги изгазам ама секогаш сум се контролирала и физички никогаш не сум нападнала некого оти притисок ми дигнал. Еве денес конкретно требаше еден што ми дојде на работа да го убијам оти не ми плати за работа што перфектно добро ја сработив, ама си има институции, ќе идеме и ќе го пријавиме. Дома да идам да го млатам од ќотек немам намера. А и интересна работа како се приметува физички изглед само на жената - што носи, како е облечена, како е нашминкана, објектифицирање како предмет. Никаде не прочитав за него коментари за тоа што носи на него, дали е правилно исчешлан, дали патиките му одговараат на блузата пример - затоа што секогаш акцентот се става на жената, на тоа дали таа е соодветно или не е соодветно облечена, односно дали си го барала или не според социјални критериуми. За неа одма се ископа цела историја, курва била, наркоманка била, нимфоманка, неквалитетно нашмникна, ваква била онаква. Дајте за него да испитаме малку, тепал ли жени досега, кој е, има ли друг негативно искуство со него како таксист? Или само неа под лупа ќе ја ставаме? *бај д веј мислам дека и она треба парична казна за оштета на возилото да си плати. Не дека е невинашице, ама дека заслужил некој од земја да го треснат - не заслужил.
Абе каква работа жити се. Другарка тужеше мајка која и залепи на нејзината мала (4годишна) три шамари на љуљашки, зашто малата го закачнала нејзиното дете. И знаеш што доби? Ништо. Џабе нерви и живци губење.
Па за снимката коментираме. Разбеснета личност демолира кола. Шо требаше да и напраи човекот? Ако беше до тепање ем ја турна ем ќе ја грабнеше пак и ќе ја шамараше. Сакаше да си го заштити изворот на егзистенција и тоа е тоа. Полиција да викне? Ќе викне и шо ако не и го знае идентитетот. Додека полицијата дојде она нема да стои и да чека. Безбедносни камери има низ цел град па точно да се види како почнало се?
На фемина се прифаќа. Ако не ќе ме скрши и тоа е. Секој си ги гледа забите. Мвр нема да ми ги заштити,они додека дојдат ќе си ги собирам по улица. Добра ноќ на сите детективи.
Мене искрено повеке ми личе дека она е таа што сакала да го силува соблечена гола таксисот е пристојно облечен и не ми личе на манијак да си го ризикува парчето леб за силување.. Ај да е некој мафијаш да му бега од луксузна кола така и да му крше како одмазда ајде ама на таксист ако е така сите ке сме исилувани од таксисти од сред бел ден ајде во такси да не се воземе ке не соблече и нас..
Нека искрши се ако треба. Кога ќе дојди полицијата, таа ќе го реши проблемот. Правна држава и тие работи Сесилке? Или не оди во пакет пријавување и фаќање врски?
Во кој свет живееш да ми је знати. Блазеси ти. Изгледа заборај во шо држава живееме. И да, би била физички насилна кога веќе знам дека од институции нема абер. Доколку некој физички ја нападне твојата ќерка, ќе ја земеш работата во свои раце или ќе се влечкаш по судови и адвокати? Дека нели, многу верба имаш во нашите институции.
За двете страни. Таа врши насилство кон негов имот,а тој насилно ја гура. Двајцата ќе си одговараат. Да беше обратно, таа да беше маж кој демолира кола,а таксистот жена што го гура,каков ке беше муабетов?
Не ама да сум таксистот кој на 35 степени вози и рани фамилија со тие пари, може не толку како него, ама и јас ке ја тргнам сама од хаубата. Таа кола него му треба, а верувај нит државата, нит женава ке му ја поправат.
Ама не го нападна таа него, возилото го нападна. Или не ја гледавме истата снимка? Ама шо ако му треба? Секој нешто што му е оштетено или украдено, очигледно дека му требало. Тоа не е оправдување за насилство.
Абе убаво пишав јас претходно, во Мк добробитта на еден бришач е поважен од животот на жената. Ви текнува кога пред неколку години две девојчиња тепаа другарка за дечко па сите бевме запрепастени и шокирани. Леле, леле, од каде насилство меѓу децата, ауууу. Епа од вас бе златни, што рационализирате насилство. Таксистот си ја бранел колата, девојката дечкото де. Лол. Штом постои и друга причина за насилство освен самоодбрана, немојте само да се чудите ако и вас некој ве затепа за нешто А за тие што филозофираат насилство врз кола, што друго да кажам освен- направете научен експеримент. Замолете некој батко прво да мавне бокс во кола, а после вас да ве учука во фаца. Кој ќе се витка од болка, вие или колата? Е затоа пред законот една казна е за повреда на човек, друга за „повреда“ на кола. И за крај, де кажете колку чинат едни бришачи? Зошто очигледно толку вреди еден живот во државата наша мизерна.