@mariz, ама никој не спори дека и она е виновна и дека треба да одговара за материјалната штета. Само што нема споредба меѓу тоа што таа го прави (влече бришач) и неговата реакција ( треснување од земја). Жената имала среќа. Можела лошо да падне, да ја удри главата и толку да биде од неа. Господ ја чувал.
Абе така е, ама човечкиот карактер е чудо. И да е најзлатното дете/човек на свет, утре може во афект извадени од контрола да не постапат најправилно. @Nausicaa пак ке речам.. не знаеме што се случило пред тоа. Затоа неможеме неа да ја браниме, зашто она на снимка не направила ништо лошо. Таксистот веќе ке си одговара... она нз.
@mariz, а зошто е толку неверојатно да се претпостави дека таксистот има проблеми со агресија? Или дека е типичен балкански тепач? А точно е дека нешто се случувало во колата, жената е со голи гради на снимката. Ете, јас ќе речам дека можеби пробал да и направи нешто па затоа пробала да се одмазди. Девојката имала репутација (твојот муабет), тој се понадевал дека ќе му се посреќи и ја нападнал. Затоа е со голи гради, зошто пробал да ја силува. Затоа всушност и му ја нападнала колата (бришачот, односно). Од мака и бес. Кажи колку без везе и нефер звучи вака кога се шпекулира? Затоа и коментирам(е) само за тоа што го гледаме на видеото, а на полицијата е да расчисти што точно се случувало во колата. И зошто жената е полугола.
За среќа не. Се надевам дека никогаш и нема да видам. Ама од тоа што имам слушнато, вистинското лице го покажуваат зад затворени врати. Жените и децата нивни најдобро знаат. Евентуално и комшиите, ако жената многу вришти. Понекогаш, определени ситуации може да направат да експлодираат и во јавност. Како банкнота од илјада денари, пример
Премногу с(м)е навикнати на насилство за да знаеме подобро. Никој не зборува отворено, сите вртиме поглед и се правиме дека ништо не сме виделе, не сме слушнале. Како мајмуните сме. А сите имаме во близина барем една блиска личност која дома ја трескаат од земја. Кај мене е другарка ми, која и покрај се остана во брак со типот. Еве, од оние кои коментираат на темава, две кои го бранат таксистот и самите тепаат деца и не гледаат ништо лошо во тоа. Статистиката покажува дека една од три жени е жртва на семејно насилство. Имаше нели една анкета каде огромен број на девојчиња сметаа дека е нормално дечкото да им мава шамар. Реално, какви ставови можеш да очекуваш кога живееме во земја каде е нормализирано насилството. Тажно, претажно.
Реков јас каде води темава. Сега ќе збориме за семејно насилство. Ајде малку назад во реалноста. Темава е за друго. Не е спорно агресивното гурање на таксистот,кое апсолутно постои туку негирањето дека женава оштетува туѓ имот и со тоа и таа прави прекршок. Не е невина иако не го тепа таксистот. Ама ај ќе збориме за семејно насилство сега
@Cosmi, знаеш, не касам. Можеш слободно да ме цитираш во иднина Посочи еден единствен пост од темава каде некој го тврди спротивното. Колку што видов, сите што сме згрозени од постапката на таксистот сме согласни дека и жената треба да сноси одговорност за материјалната штета. Имаш проблем со муабетите за семејно насилство? Ти сметаат? Зошто? Па темава е дел од комплексен проблем со кое се соочуваат жените во Мк, а и во светот. Една од три жени е жртва на семејно насилство. Кој е причинител на тоа насилство? Мажот во нејзиниот живот (дечко, сопруг, татко). На видеото гледаме маж кој напаѓа жена. Зошто да не се запрашаме што се случува во неговиот дом? Ама не, ајде да збориме за бришачите.
Епа среќа не си видела. Јас сум видела и нивното вистинско лице на многу места го покажуваат. И женава е една од тие, пола другарчиња ми ги има натепано (голема). Среќа јас бев мирна и ќутев, не и враќав, па мене не ме има чепнато. Убаво би било да сјае светов и секој со добро да се разбира, ама нема шанса и тоа не е само кај нас така.. за жал има и многу бетер. Има и подобро, ама има и бетер... Инаку за мојата моминска ја видов во кафаната и излегувајќи некоја од моиве другарки ја загледа (зашто беше страшно облечена во сред зима) и и се заврте: што сакаш ма??? И одма и се доближи за да ја закача. Во моментот јас ја познав и и реков: Добрила? И се изненади дека ја знам и и објаснив која сум (4,5год ја немав видено). И поради мене спаси гз другаркава Кој ја знае Добрила, се му е јасно. Крив е таксистот, но сигурно е крива и она.
Крива за што? За тепањето? Те молам, немој. Види, за мене единствена валидна причина за насилство е самоодбрана. На видеото такво нешто немаше. Ќе почекаме да видиме што ќе покаже истрагата.
На видеото жената е веќе пред таксито, а таксистот не излегува од колата кога она почнува да мава по колата, туку истрчува од др страна. Што било пред тоа, што било во таксито? Видеото е секунди, некој видел дека се расправаат и извадил моб го снимил само тој момент. Може дури и самоодбрана да било, може она прво да го удрила? Буткала? Се е можно.
Не бе ќе збориме за семејно насилство ако ви се збори,не е проблем, ниту ти касаш ама ја тупиш без потреба. Женава свесно оштетува туѓ имот.Типов агресивно ја гура. Тоа е се што видовме. Двајцата се криви.точка. Ти ја амнестираше,ефтини биле брисачите. Другото нека го решава полицијата и истрагата.
Да де да, тупење е дека имам различен став. Нема везе, ти го викаш тупење, јас го викам дискусија Форум е, за тоа постои. И повторно, де цитирај. И да, се е евтино и безначајно во споредба со човечки живот.
Не е безначајно корнење бришач,ќе го остави без леб... Човек мора да јаде за да живее,а за да јаде,му требаат пари.
Па всушност немаш различен став,туку баш ја тупиш. За таксистот апсолутно делиме ист.Тоа беше насилно гурање и спаѓа во насилство. И толку . Но не може да ја игнорираш и нејзината вина,без разлика на цената. Ако се работи за оштета на туѓ имот,сеуште е апсолутно невина според тебе? Само заради тоа што е жена? А да беше маж и удираше по кола и корнеше брисачи?!