Секако дека е насилството ненормална работа ама друго е дечко, маж да те удрат за чиста глупост тоа не го подржувам никако да видам така некој одма ке го снимам и пријавам пошо нели нема да веруваат без снимка македонска работа. Иначе жената слушнав дека напагала и други луѓе и тоа гола сигурно има психичко нарушување и и треба помош.
@Cosmi, три пати истото го пиша. Јас тупам велиш Уф, тој непреболен туѓ имот. У реду е, Косми Имај убава ноќ.
@Nausicaa Дали би ти било во ред некој да откорне бришач од твое возило? Можеби нема да се степаш,ама сигурно нема да му/ѝ речеш благодарам.
Пак ја тупиш со небитни работи, колку пати ти пиша дека не е крива ,толку и напишав дека е крива. Добра ноќ
Аххххх... Цитирај ме, те молам, каде јас викам дека не е крива. Или било кој друг од темава кој е против тоа жената да биде криминално одговорна за материјалната штета. Чекам.
Дали би ми било во ред? Не. Криво ќе ми биде и ќе се нервирам. Дали ќе се степам? Не. Ти? Едит. На дечко му комшија му го скрши ретровизорот. Одби да му плати. Дали требаше да го измлати? Особено што комшијата беше возрасен човек, пензионер па и да го дувнеш, ќе падне.
И мене не би ми било во ред. Не би се степала. Само во овој случај,има двајца виновници. Таа наместо да се фати за бришачот,можела разумно да се разбере со него,а ако така не бивало,можела да се јави во полиција.
Не оправдувам ама никој од двајцава. Посебно не насилството, оти иако човеков само ја турна за да ја оттргне од колата, падот на тротоар можеше да биде фатален. Убиец ќе испаднеше. А оваа, што искрено ми личи дека таа го почнала целиов циркуз (ако ве интересира зошто, ќе објаснам башка), нема никакво право да му ја уништува колата. Што мислеше дека ќе постигне?
Ti ocigledno ne znaes sto e trganje na strana,a sto treskanje. Utre tebe mt da te trgne vaka,pa moze ke sfatis.
Комбинезонот е толку тесен, а реално и делот што би требало да оди преку гради е толку низок, што нема шанси да се спуштил, зошто немало што да се спушти. Но, вака сигурно не излегла од дома. Претпоставувам дека имала маица. Ако некој се обиде да те силува и успееш да се спасиш, а при тоа си во градски метеж и околу себе имаш стотина луѓе, бараш помош и трчаш по луѓето, а не скокаш по колата. Ич, ама ич не го правдам таксистот, ниту пак верувам дека женава е невинашче. За ваков епилог сигурно имало ситуација која ние не ја знаеме. Убаво кажа некој понапред, не е наше да судиме врз база на претпоставки.
Тебе мт нека те трга Не се рчкајте по приватни животи,коментирајте ја ситуацијата. Никој овде не ги спомна вашите мажи и деца. Ајт со здравје.
Секоја чест и вам тука и на сите останати што ги читам по социјални мрежи, а го направија таксистот жртва. Физички посилен, по која логика побогу? Што се прочитав на темава. Буткање не било насилство, ами само нежно ставање на страна. Цурата летна. Ветер да не ја залепи на плочникот? Можеше главата да ја искрши. Ама и тоа ќе беше во ред, оти нели, со причина. Утре ако влезете кај типов во такси, безбедно ќе се чувствувате? Па уште и насловот бил сензационален. Напротив, скроз кореспондира со видеото. Од вакви размислувања, жени трпат насилство. Оти буткањето тоа не е. Шамарче тоа не е. Така дома родителите си ги учат децата, па жениве се плашат да се вратат кај родителите. Оти од која причина? Буткање? Па побогу. Нормално дека нема да добијат поддршка. И вие ли вака буткате со несоодветна причина, без да бидете физички нападнати? Вака ли ги си ги воспитувате децата?
Намали со доживљај. Насловот е претерување затоа што туркање, тепање и брутално тепање не е исто. Што не значи дека се оправдува било што од наведеното, само да се напише така како што е. Жртва не сум го направила таксисот, напишав дека треба да си одговара. И каде прочита дека е нормално да се туркаме? Агресивност кај двајцата, зошто и како ќе си одредат надлежни. Не ме занима маж е или жена, мафијашко однесување не сакам да гледам ни од едни ни од други.
Дојде ред една агресивна ненормална ОРОСПИЈА и испровоциран насилен ТАКСИСТ да ја скараат државата! Жедни сме за жута штампа ко кај србите....
Насилство е, како не е? Туркање, клоцање, шамарче, шамарчина, бокс . . . се е насилство и нема оправдување. Па дури и вербално насилство има од страна на таксистот со тоа што и рече дроља.
Вајлд, кога пишав уште на почеток во сдк дека со други очи ќе беше гледано на случајот ако таксистот беше жена, а патникот маж, баш на ова мислев. Ама ете некако се потрудија да кажат дека го бранам таксистот А поентата ми беше дека насилство е насилство и дека, и кога е обратна ситуација би требало да се реагира. Односно треба. Џон, знам дека ќе те разочарам Маж ми кога вози, и до него да седам и се слечам гола, може само сообраќајка да направи. Значи само да се слечам, ништо не мора да му правам Не знам како замислувате тој да вози кола и да се труди истовремено да ја силува и да ја слекува? Башка таа сигурно дава отпор, што значи уште повеќе му ја "отежнува" работата во вожњата. Или силувањето. Сѐ ќе имаше логика доколку заклучил врати, па таа викала за помош, па некако успеала да се ослободи. И еве како жена, во таква ситуација прв инстинкт би ми бил да викам помош и да бегам од него. Силување на сред бел ден, на сред раскрсница? #негобранамтакстистот #кривЕ #требадаодговара
Таа која те брка со сатар - е насилник. Ти, кој ја тепаш истата особа - си насилник. Во самоодобрана да удриш за да се одбраниш е едно, ама "ќе ја скршам од тепање" чинам не е во самоодбрана. Нели учеше за ... Психијатар ти? Треба прв борец да си дека се се решава со зборови. Зошто да, секој проблем меѓу индивидуи се решава со зборови, се поинаку нели, не е темелно решавање на проблемот. Да ти повторам то шо треба да го знајш. И тоа што таа го прави е грешно и уништува туѓ имот Косми, никој не рече дека таа не е кретен за тоа, шо пробваме да објасниме е дека не требаше таксистот да ја турни за истото. Од таму, ако имавме вага, тој е насилник и држи "повеќе" вина. Замисли, пријавуваш во полиција. Не можиш да го оправдаш гомното од маж кој врши насилство само зошто некој/а му откорнала брисаш. Ете ќе кажам како @Nausicaa сега жената има скршен смартфон шо кошта поќе, пошто очигледно материјалното е позначајно од туркање и можни скршеници од падот. И шо требаше, да рипни и да го тепа него сега? Можела, и требало. Тука е нејзината вина, која уште не го менва фактот дека тој скокна да ја турка и да изврши насилство врз друго живо суштество. Таа можела да напрај поразлично, тој мораше да напрај поразлично. И двата ќе одговараат за "својот" дел, no worries. И ајде да повториме: Секој кој врши насилство е насилник. Секој кој врши насилство е насилник. Секој кој врши насилство е насилник.
Плус, женава не ќути и трпи па да се организираат групи за поддршка. Некој ја нападнал, ќе пријави ко што треба, ќе се реши. Зошто толкава фама?