Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Таксист нападнал жена

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од christinnn, 25 јули 2019.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Bridget, фамата (на форумов барем) настана откако воведниот пост се пиша во СДК. Таксистот е кутар човек кој чесно си го заработува лебот ама ете, имал голема несреќа во кола да му влезе проблематична дрогирашка. Немало правда што ќе треба да одговара за насилство. Е од тука почна се и се изнапишаа скоро 20 страни за еден ден.
     
    На JollyGirl, Amellie13, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Тек машки агресивен наркоман да му влезел во кола без ситно кој малер ќе беше, што ли ќе правел.
     
    Последна измена: 27 јули 2019
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.805
    Крива е жената, кој нормален се шета полугол низ град, плус ја удира колата, плус кога ја турна, пцуе. Не е со сите, ама ако не е за сите си има душевни болници, а не по улици да прави бељи. И да, дроља е ако оди без маица.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Ди,веќе реков поназад во темава,не бранам никого.
    И двајцата се криви и, и двајцата треба да одговараат.
     
  5. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    Нит неа голотијата и е проблем нит па тој има памет што бутка човек на земја.
    Двајцата се подеднакво криви.
     
    Последна измена: 27 јули 2019
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.620
    Пол:
    Женски
    Си го барала - менталитетот на површина.

    Туку, мисли ли Мвр годинава да излезе со изјава ?
     
    На Amellie13, DAngel, Angie1432 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.055
    Пол:
    Женски
    Аман, што се напна толку?

    Мислам дека ти треба да си намалиш доживљај. Оти увек некако магично се чувствуваш повикана во мислење кое нема апсолутно никаква врска со тебе. Не ни знам што си пишала, оти не ги ни прочитав сите мислења. Многу ми беа.

    И мене не ме занима полот и истото ќе го пишев и да беше обратна ситуација.

    Насилство е. Ако не е и ако има разлика, еве, дефинирај што е насилство. Ич нема да ја мерам тежината на едното или другото. Оти и едно и друго повредуваат и влегуваат во насилство. Разликата меѓу двете, никако не е и не смее да биде оправдување. А и повеќето коментари се во стилот си го барала.

    Може и јас си го барам кога ќе облечам кратко, па ќе ми се залепи некој манијак. Што знам.

    Во право си, многу е потресен насловот. Требало да пишат дека таксистот нежно ја помести жената на страна. Истава несакајќи се сопна на едно цвеќенце, падна на плочник и за малку ќе си ја искршеше главата.

    Никој не рече овде дека било чие однесување е соодветно. И веројатно и двајцата ќе одговараат. Ама нема ич да се согласам со мислења од типот, жената била ваква или онаква, па затоа заслужила.

    Секоја форма која вклучува вербално, физичко, сексуално или психичко повредување е насилство.
     
    На JollyGirl, Amellie13, DAngel и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Сегa вo крaјнoсти oдиш, -брутaлнo дa нaпишеш кoгa не е брутaлнo, е oк, aмa смешнo билo дa нaпишеш -нежнo јa турнa и се сoпнa. Не е ни еднoтo ни другoтo и требa дa се нaпише тaкa кaкo штo е. Не се нaпнaв туку сум пoвикaнa зaтoa штo јaс нaпишaв зa нaслoвoт.
     
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.620
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно.
    Пробуваат да ја намалат одговорноста на возачот со тоа што на девојката и лепат етикети, разголена, дроља, наркоманка, а огромен дел од нив не ја ни познаваат али со самото тоа што е жена оскудно облечена, го извлекуваат тој заклучок.
     
    На JollyGirl, Amellie13, DAngel и 11 други им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.620
    Пол:
    Женски
    Па е брутално штом се сруши на земја, не е обично отргнување од себе или од колата. При падот на тротоарот во најмала рака може да имаше скршеница, а да не збориме да имаше удрено со главата во истиот.
     
    На JollyGirl, Amellie13, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.499
    Пол:
    Женски
    Ајде кај има обратна ситуација, таксистот да е жена а патникот маж. Еве не мора до толку, сакам да ми посочите еден пример каде маж е физички малтретиран и злоупотребен од жена. Не може аргумент во дискусијава да е ама што ако беше обратно. Не е обратно, маж треска жена од земја е оваа ситуација. Ако се случи обратно жена да го убие некој отворете тема јас прва ќе ја осудам затоа што не поддржувам насилство.

    Зошто не ја гледате реалноста во државава луѓе? Убаво постирав линк поназад од национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Статистиката таа е 70 жени се убиени од период 2008 - 2016 година затоа што се жени. Уште подетално ви е напишано

    Исто ви пишува дека огромен број од случаите биле пријавувани а службите не превзеле ништо. И дека огромен број на жртви жени никогаш не ни пријавиле.

    Ова што се случи некни се случува on a daily basis во државава и затоа треба и мора да се коментира. Не може на вакви податоци да се реагира со ама што ако жена претепа маж? Тоа не го решава актуелниот проблем туку го фрла во сенка и се префрла на друг проблем за кој ниту постои статистичка докажаност дека постои, ниту па е во полн ек во државава. Врие државава од насилници како овој, еве на овој му се падна паричката да го снимаат и добро што искачаат вакви видеа да видат луѓево каде живеат.

    Крај краева ставете се во позиција вие да сте утре нападнати од некој ваков сељак и да ве анализираат и да ве осудуваат дека арно ви направиле пошто сте биле некако облечени, сте имале минато (знаеме во државава колку треба многу за жена курва да ја наречат). Не е убаво.

    Уште еднаш да се повторам - не оправдувам никакво насилство, ама факт е дека во земјава жената е најчесто тепана од маж (ене ви статистика погоре). Кога ќе се пријави или искочи обратен случај јас прва ќе бидам што ќе речам така дека не треба. И дека треба кривично да одговара. In the maintime фокусирајте се на проблеми кои секој ден искачаат по темиве тука (отворете ќе видите колку жени трпат ќотек) или по видеа.
     
    На JollyGirl, Amellie13, DAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  12. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Не сакам да судам кој е прав, кој е крив или дали се двајцата криви.
    Во животот и работата сум се изнагледал толку случаи слични на овој, што ако спомнам бројка ќе речете дека лажам....
    Стапот, односно законската казна во 99% од случаите ја сноси мажот и според мојата проценка, вообичаено машкото е тоа што ја пречекорува нормалната реакција што е некогаш потребна за да се острани напад врз себе или случај сличен на овој, каде се оштетува личен имот... со други зборови, се употребува прекумерна сила... така ми делува и овој случај, иако снимката покажува премалку за да може да се добие јасна слика за настанот.
    Чисто информативно... ако делото биде класифицирано како Насилство... таксистот ќе го јаде машки...
    Насилство
    Член З86
    (1) Тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата
    сигурност или врз него врши грубо насилсгво и со тоа во јавноста
    предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со
    затвор од три месеци до три години.
     
    На Glossy-girl, Angie1432, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.055
    Пол:
    Женски
    Сега ти ги прочитав мислењата во темава, од кои во едно, да, имаш пишано и за насловот.

    Сепак, напната си. Повикана сигурно не си. Така се поклопило. Изгледа многу ти смета насловот у перцепцијата. Јас пак мислев до делото е.

    И какво е ако не е брутално? Што е ако не е насилство? Што требало да напишат според тебе?
    А дали на типов ќе му прикачуваа вакви примати ако беше обратна ситуација, за да ја оправдаат жената? Не, пак ќе беше таа виновна со истите лепенки. Оти е нормално маж да биде насилен кон жена оти жените сами си го бараат.
     
    На RosettaStone, WildMk и KateKane им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.465
    Пол:
    Женски
    Значи ако нема видео запис, не постои насилство од жена врз маж? Ако не е пријавено насилство од жена врз маж, не постои? Немој ти се молам. А да не зборам, како тоа дополнително влијае врз угледот на мажот. Прво никој нема да му верува, второ и "пешко" ќе го направат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Во насилство не може двајцата да бидат криви, секогаш има жртва и насилник, што зборите не можам да читам више.
     
    На Angie1432 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Никој не го брани таксистот,само ви се кажува дека ни жената не треба да биде бранета.
    И двајцата имаат вина.
     
    На zalosna и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Да бе не сакаше 1000ка да ми раситни ме нарече наркоманка и со голи цицки искочив да му кршам бришач.
    Во приказнава има многу повеќе од ова се надевам МВР ќе излезе со изјава .
     
    Последна измена: 27 јули 2019
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Мене гајле ми е дали жената била наркоманка, дали била ненормална, дали целото такси му го запалила. Таа има право да не биде физички малтретирана. Не сум знаела дека наркоманите немаат основни човечки права и заслужуваат се најлошо.

    Не може да биде виновна. Сите што велат дека била виновна заради ова или она - нема врска, се се сведува на сексизам.

    Едните ќе ја обвинуваат што била безобразна, другите што не смеела автомобилот да му го дира (мажишта и нивните ох, леле precious автомобили), трети едноставно мислат дека што и да направила заслужува затоа што е жена а таксистот е маж. Сите овие набројани придонесуваат до она таа си го барала, до тоа жртвите на насилство никогаш да не ја добиваат потребната помош, до тоа што никој не верува на жртва.

    На една фејсбук страна беше објавено видео од нејзината изјава и првиот коментар со најмногу лајкови велеше дека „Не изгледала многу истраумирано од паѓањето“, па не и верувале. А и беа снимани модринки во изјавата. Не ми се верува што читам. Не била доволно истраумирана.
     
    На Amellie13, DAngel, violetblue и 7 други им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.430
    Допаѓања:
    60.499
    Пол:
    Женски
    Нарциса, јас не реков дека е океј тоа. И да е тепачка некоја или насилничка ќе побарам соодветно да се казни. Темата не е тоа. Темата е дека има вакви мажи кои проблемите со тупаници ги решаваат. Тоа се коментира тука. Ти реков - ќе се повторам, отворете тема насилството врз мажите од страна на жените има до утре да дебатираме нема проблем.

    Да ти тресне некое женско од фамилијата тебе вака како ќе реагираш? Ќе бараш да се казни или ќе викаш абе ај што има врска и мажите патат од насилство. Стави се малку во нејзина кожа, размисли како би ти било. Или уште пострашно, да имаш ќерка и да ти ја искрши некој од ќотек а некој на форум или на фб да го правда и уште да ја криви неа дека сама си го барала пошо носела корсет без прерамки. Како ќе се осетиш?

    Пак ќе повторам, фокусот се удира цело време врз неа - која е, минатото нејзино, стил на облекување, изглед, однесување. Зошто никој него не го провери дали и претходно имал вакво насилно однесување? Зошто не се каже кој е? Па дајте и него да го анализираме. Неа одма и се најде идентитетот, одма се кажа која е, а за него ништо.

    Крај краева, еве ти како жена дали би се качила утре у такси кај типов? Јас сакам да знам кој е, не би ако нешто не му е денот да ме акне од земја па тука да ме аналзираат оти сум си го барала а сум носела кратко на 40 степени.
     
    На Amellie13, Angie1432, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Не сум се растревожила за нешто, како за ова, одамна..

    И мене кога ме зашигари бившиот на сред Широк Сокак, имаше 'оправдување' според него... а и никој не изреагира...
    И ме интересира, колкумина од вас, би рекле дека сум крива оти сум јадела трешница?
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.