А мислиш таксистов океј е? Со ваква агресија? На него кој ќе му го бара чарето? Некоја идна жртва која ќе има несреќа да му влезе во кола?
Јас само ќе кажам дека не треба да верувате на сè што ќе прочитате. Рекла казала муабети, непроверени ич не ми се за верување. Овој ова рекол, оној она пишал, илјада и едно сценарио ќе направат луѓето. МВР треба да излезат и да дадат официјална изјава што точно се случило. И против виновникот да се поднесе соодветна пријава.
Јас па ја видов женава на фб и е тазе мажена, не личи ни на наркоманка, ни на крадец, на нормална просечна жена личи. Повеќе би рекла дека ја нападнал и сакала да се одбрани...
Како да си го бара сама чарето ако е болна? Па ако знае сама да расуди кај да си бара чаре, тогаш сигурно не е толку болна.
Мене позагрижувачки од цело видео ми е што никој не појде да види дали жената е добро. Лежи на патот и никој не и приоѓа да ја праша да не треба брза помош или нешто. А во кадар влегува и една друга жена, се слушаат други луѓе од околу. Така да се гледа дека сите тука само за сеир се.
Има некој дел од секунда во видеото каде се гледа дека она е полугола? Мене ми личи на комбинезон со гол грб, а напред е ко корсет, па затоа оддава впечаток дека е полугола. Видеово е страшно, во апсолутно никој случај не смееше таксистот да си дозволи да ја нападне. Идиот!
Го гледав видеото. -Прво згрозена сум од луѓето кои само гледаат и никој не и подава рака на жената за да и помогне да стане. -Очигледно е дека нешто се случило претходно затоа што се гледа дека жената е нервозна и се обидува да се одмазди. -Таксистот нрма никакво понашање и никаква култура и го обвинувам во оваа ситуација. -Зошто мора ова да се објавува на секаде,кога ќе престанат туѓите животи да ги интересираат на луѓето повеќе од сопствените.
„Брутално натепана жена" -уште со вакви наслови вреѓаат интелигенција на народ. Нека си се тужат, кој што згрешил и како дошло до тоа ќе си расчистат. Женава имаше остар предмет во рака?
https://press24.mk/se-oglasi-devojk...na-zemja-od-strana-na-taksist-otkri-koja-bila Мене голите гради не ми се јасни Што и да прајш прво натргни се..
Таксистот си има веројатно и своја приказна, но како и да е ќе си добие некаква казна заради туркањево. Требало да ја остави да му ги скрши бришачите па да ја тужи за оштета.
Ваков лик не сакам да се бори за моите права. Сум била во ситуација каде таксист ми се испонашал некоректно. Не зедов да му ја кршам колата. Манири малку. Ако тој е прост не мора и ти да си..