Не е иста тежината на вината, таа прави материјална штета а тој возвраќа со насилство. Аман разбери веќе еднаш 100 пати напиша и двајцата биле виновни па биле, е биле ама не возвратиле еден на друг на ист начин.
Види Нарциске не знаеме што претходело пред видеото, женава излезе со неповрзана приказна а таксистот каде е да каже што се случило ако му е чист гзот? Јас кажав у првичниот пост дека додека не се дознае навистина што било ќе кружат рекла казала муабети. И не знам зошто сите рипнавте и се најдовте прозвани кога ние само го осудивме чинот на насилство што се деси на сред бел ден и ништо повеќе.
Снимката е кратка.Не се знае точно што било внатре во таксито,ама се збори дека она почнала. Поентата ми е дека не треба да ги бранииме.
На темава прво и се искоментира '' како и биле исцртани усните со моливче '' па според тоа се одреди што тип на жена е, не па на фб странине.
Аман се разбираш ти од збор-напишан? Тој на таа што му дира бришачи враќа со тоа што ја залепи на тротоар!!! Нормално него немам што да го бранам,насилник е,сега појасно ти е нешто?
Па јас не сум судија, не судам. Оставам тоа на надлежните. Само кажувам мое мислење, дека без разлика како се облекла, дали е наркоманка, психички лабилна, дрска, безобразна или арогантна, насилството не е решение!!!!!
Кате Кане, јас ставам акцент на насилството воопшто. Небитно дали се работи за маж или жена. Напиша дека особено ти врие крвта кога гледаш маж како удира жена. А мене ми врие крвта кога гледам дека на некои основно средство за комуникација им е бокс, клоца, буткање итн. без разлика за кој пол се работи. Сведок сум на настани со насилна жена, ама немам снимка, не е пријавено каде што треба, од причините погоре кои ги наведов. Ама ете, претходно ми побараа снимка од Ск, а јас немам. Насилството врз мажи е табу во светот, а особено во Македонија. Знаеш зошто нема да отворам таква тема? Затоа што види колку и какви мислења има темата "Ќотекот како воспитна мерка" и темата "Психичкото малтретирање како воспитна мерка". Исто и со насилството врз мажи ќе биде. 2-3 мислења околу темата и на крај ќе испадне дека такво насилство не постои и пак ќе се стави акцент врз жената како жртва. Жртви може да бидат сите, без исклучок. Вајлд, другар ми јадеше ќотек од девојката која беше жртва на дечко ѝ. Ејјј замисли, овој да ја одбрани, оваа него му се свртила да го тепа. На крај изеде ќотек од двајцата. Не е во ред да се ќути и молчи, во најмала рака треба да се викне полиција. Нели ако дојде. Инаку за нешто за кое сум сигурна дека нема да седам настрана, е ако видам насилство врз дете. Тука веќе, нема да можам да поминам, да гледам или уште помалку да снимам со телефон. Точно. Значи може да претпоставиме дека таа одпозади се обидела да го загуши дури тој возел? Пишаа други за можно насилство врз него пред снимката, но испадна дека не треба да се дискутира што се случило претходно, туку да се гледа само снимката. А од друга страна, зборувате дека може сакал да ја силува. Гет мај поинт? Инаку, јас ако сум жртвата, нема да излезам нареден ден да дадам изјава на тв, ќе си земам добар адвокат и ќе слушам негови иснтрукции, ќе дадам изјави каде што треба и на лица кои се овластени да земаат изјави. Новинарите, за крај ќе ги чувам
Јас ова го потенцирам цело време. На женава никој рака не и подаде, па се јавија сеирџиите да објаснуваат маж требало рака да подаде дека жените се плашеле да подадат рака на друга жена. Се јави и некоја без грам солидарност на жена кон жена и хуманост да помогне и подаде рака. Ај што не разликуваат насилство него ни грам осет немаат да припомогнат.
Ама ете му направила штета на возилото и сега тој е оправдан да ја отурнува така грубо и на крај да ја залепи за тротоар?
Тука се слагам. Ама насилство е насилство. И не се замарам со теории шта би било, кад би било. Затоа ти реков, не се замарај со рекла казала муабети.
Па и двајцата ќе одговараат пред законот, ама погоди на кој ќе му биде поголема казната? Убаво објасни @ninja35
Колку само обожавате на сметка на други преку оцрнување и заменување тези да испаднете најхумани и морално супериорни. Ти ништо такво не потенцираш цело време, јас бев таа што потенцираше дека во државава врие сеирџии кои коментираат на Интернет кој бил крив кој не бил, а кога нешто ќе се случи пред нивни очи стојат со ококорени очи и не прават ништо. Небаре коментар на форум ќе го промени светот. Не, билдање его е. Околу подавањето рака, па кога гледаш дека некој фатил да крши кола полугол, ако ти имаш доверба во таа личност дека нема тебе да ти се сипе доколку и пружиш рака, само повели. И да, мажи се тие што треба да се вмешаат да спречуваат тепачки зашто ретко некоја жена би можела да се справи со насилник. Но не мажи налик оние на видеото што повеќе изгледаат како придружба на тепачот.
Билдање его? Твоево што е,ма ај што ќе ти објсанувам што е билдање его и подавање рака ради хумани побуди и солидарност како жена кон жена. Мисли си што сакаш и како сакаш, во право си
Нешто ми е сомнително во овој случај. Да ја нападнал заради тоа што она го тврди, не верувам. Нешто има позадина.
Зошто жена кон жена ти е во секој пост спомнато? Ем еднаквост сакате ем пол нагласувате. Двојни аршини ту мач!?